Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.138
    Пол:
    Женски
    Џабе е што да се коментира, ситуацијата ако некои работи не се сменат нема никогаш да тргне на подобро.

    Прво од кадарот кој е останат уште некоја стара школа доктори вредат, новиве се ка-та-стро-фа. Кога студирав и спремав испити во читални 80% од тие што студираа медицина гледаа како само да се извлечат и полесно да поминат. Доктор ли е ако положил на бубица патологија и интерна? Се научиле систем дека е решение за се, некни на еден мој роднина му се слошило, човекот висок притисок имал, наместо терапија за мокрење, систем му дале, ќе го умреле од неписменост.

    Тоа што се труди и си ја сака струката одма се разочарува кога гледа како синчиња и ќерки на доктори си земаат десетки без да се појават на полагање и како никој од постарите не се замара да им покаже. Најголем хендикеп за човек кој сака да научи е да нема од каде да го направи тоа.

    Казни никакви нема, пијани летви доаѓаат на работа, сите ќутат. За финансии да не почнеме да зборуваме, пред некое време имаше оглас и за овчар и за доктор по 10.000 денари. 10.000 денари за човек кој спасува животи и душата си ја оставил од учење. Апаратура нема, Шведска одат на печатење на 3D делови кои ќе ги инкорпорираат во телото, кај нас апарат за притисок нема. Скопје се држи на стаклени нозе ама во помали градови се е крахирано. Ова како одговор на тоа зошто 90% од лекарите си одат.

    И вие очекувате успешно да се третираат пациенти? Од кого? Со што? Со кој елан?
     
    На SV1911, M.B., Tan4ence и 8 други им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    Не ти се контрам , да не се разбереме погрешно . Истото го зборуваме , ама сеуште мислам дека НЕ направиле доволно . Тоа што нема нешто кај нас да испитаат е пропуст на здравството , значи сепак е грешка и вина на здравствениот систем.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.706
    Допаѓања:
    175.546
    Пол:
    Женски
    И јас не ти се контрам.
    Само што јас мислам дека докторите како доктори направија се што требало .
    Пропаста на здравствениот систем ,уствари на државата , не треба да ни биде причина да плукаме и по тие здравствени работници кои за среќа си ја работат посветено ,чесно и човечки својата работа
     
    На WildMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Здравството ко здравство само по себе не е виновно. Народот е највиновен. Никоја постава не ни одговара и со право. Ама да ве прашам-за кој цурац гласате тогаш? И ова го направив политички-точно така. Зашто за да обвинам доктор треба и да се обвинам себе пошто индиректно ние како народ сме му дале на него катедра.

    На страна тоа, сеуште не се знае од што починала жената.
     
    На Rama и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Овде се пишуваше многу дека се испитуваат алергиски реакции на анестезија.
    Штом жената била алергична на повеќе работи , од тамо ми е логично да докторот или докторите што ја воделе, биле информирани за таа состојба и како совесни лекари требале да ја земат во предвид и таа состојба на родилката.
    Сега, колку и да пишеме и претпоствуваме се е во бестрага отидено, жената ја нема.
    Дека секој пациент треба да е важен, треба. Докториве треба да ги земат во предвид сите можни состојби на ризик.

    @danichap
    Јас бев природно породена и се беше во ред со мене и бебето. Пред да се породам на патолошка , докторот што ме прегледа ми потполнуваше цела листа со различни прашања, од алергии до наследни болести итн. Крв ми беше проверена два пати и се што требаше по процедура ,пред да се качам на одделот за породување.

    Ако пацинтот е со алергиски реакции на било што , треба да внимава и да се земе во предвид тоа , а не само да помине по редот - да се породи.

    Да почекаме да видиме што ќе кажат резултатите од обдукцијата.

    @Bubce38
    Жената со кој памет си заминала дома толки брзо, не знам што да кажам. Ајде, таа, но имала маж, родители, не била сама во одлуката сигурно.
    Јас сум природна породена и вториот ден имав вртоглавици, нозе потечени , железото опаднато итн. Да не бев во болница, не знам што ќе беше.
    Колку и да се правиме силни со оваа работа нема коцкање.
     
    На WildMk, Rama, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.762
    Допаѓања:
    38.586
    Пол:
    Женски
    Во однос на алергиите. Само што стигнав во болница ми поставуваа прашања поврзани со алергии и фамилијарни болести. Буквално, се ме прашаа. Иако се беше ок после пораѓаите, не ми ни падна на памет да потпишам да си одам. Имаше задоволни од докторите, ама сакаа да си одат затоа што веќе не им се седеше во болница.
     
    На WildMk, Rama, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно се за " плукање",,и доктори и здравствен систем и државата,едно со друго е поврзано,кој и да дојде на власт нема да биде способен да го оправи здравството,или ке му требаат 100 години евентуално...опис со еден збор УЖАС
     
    На makedonkamak и Rama им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.076
    Прашања и мене ми поставувале, и крв ми земале.
    Ама дали анализите на крв биле за поверка на алергии од епидурал/спинал не знам. Мислев други анализи прават, не за сосојките во опојката.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Да не се дигнеше толкава врева,и да не се дигнеа комитити на протести,ова немаше вака да заврши,верувајте,ке си чутеа.А уште го кријат третиот член така?

    Иначе и јас се надевам на доживотна затворска казна,бидејќи е заслужена.
     
    На Плавуша123, Rama, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    третиот не е ни во мк. Јас мислам дека имаат договор направено дека нели тој внук на некој е.
    Се мислам дека зад врата е договорено овие двајца да лежат максимално за третиот да не се врати во мк. У стилу еве ви двајца за него.
     
    На Плавуша123, Harper, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Тоа се знаеше посе 3 дена од кога се случи све,дека тој ке го нема,а нема ни име ни презиме да дадат.Затоа што во оваа држава,све се крие,и све се манипулира,а поготово со нас како народ,што си вадиме очи меѓу себе.Затоа и никогаш нема да бидеме држава.
     
    На Плавуша123, Rama, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Ako се знае толку добро кој е тој третиот и кој го штити, пишете го, баш ме интересира.
     
    На SV1911, WildMk, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Тоа е, за жал.
    Од магнетната резултатот бил океј , како што пиша.
    Не знаеш што да кажеш, касно е за се.
    Резултатот од обдукцијата ќе покаже што точно се случило.

    Во Санте се вадеа на алергиска реакција на родилката од Кичево, а излезе нешто друго.

    Нека почива во мир!
    Да не се повторат уште случаи трагични...
     
    Последна измена од модератор: 19 јули 2018
    На WildMk, Rama, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Преземено од фб.

    Здравството ни е толку добро што ни се решени сите проблеми и сега е редно да продаваме сваровски.

    FB_IMG_1531920789160.jpg
     
    На WildMk, Rama и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Пффффф... Не е од сега тоа... Секогаш кога и да сум отишла во државна имало такви лепени. А и што ти менува тебе дали доле си купуваат Сваровски или не?
     
    На SV1911, Espadrila, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Све е решено,па дојде време за продажба и бизнис.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Види, јас би рекла друго.
    Се е решено па ти дојде до тоа од каде купуваат? Не продаваат докторите, и не е продажбата за пациентите. Продажба на рати ти пишува, значи строго за персоналот е. Мајка ми во приватна фирма работи, па одат на работа и им носат ако сакаат да си купат работи на рати. Јас работам во приватна фирма и пак понекогаш имам шанса да купам нешто на работа. Мислам дека не е толку страшно, ниту пак невообичаено, како што го направи.
     
    На oblace1, WildMk и Rama им се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да ги осудат доживотно во затвор,нека цркнат гнасите!!
    Ама,малку сум скептична,знаејќи како се извлекоа монструмите од Смилковско,не ме чуди и овие идиоти да поминат со 5-10 години казна,и со помилување од Премиерот милозлив,нели за да удоволи на Сватовите ;)

    За родилката што почина,нека и е лесна земјата,жалосно,млада си замина и не се израдува на бебето....а и тоа ќе си расте без мајка,сурова реалност,милион вакви случаеви има,и никако да завршат...
     
    На Плавуша123, zuto, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.706
    Допаѓања:
    175.546
    Пол:
    Женски
    Да да ,магнетот е чист .
    Јас грешно сум пишала ,се извинувам . Сумњале на хеморагија која настанала после снимањето на глава . Така бар зборувале во Скопје .
    А се зборува и дека сестрата на починатата спрема тужби . За сите доктори .
    Така да верувам вистината ќе излезе на виделина ,т.е нема да се заташка случајот ,доколку има вина кај некој од докторите

    Едит : Само што разбрав зошто родилката инсистирала да си оди порано . Правеле љуљајка на бебето . Тоа е адет во овој крај . Одат жени и деца дома кај родилката и го лулаат бебето во ќебе . Кај починатата жена имало околку 40 дечиња со мајки . Најмалку десетина биле групосани и со вирус .
    Жената се отепала од врски фаќање да ја пуштат порано за да присуствува на "забавата "
     
    Последна измена: 18 јули 2018
    На Rama, makedonkamak, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.736
    Допаѓања:
    40.143
    Пол:
    Женски