Emphasis на: Не и исчистиле тромб. Нема кислород во возило на брза помош. Екс Фиром, сегашна Северна, 2018г.
А Апсолутно неточно . Прво,во секое возило од брзата помош има кислород . Во секое ! Второ , жената беше носена со најновото возило . Трето , беа присутни три доктори . Цело време си правеле муабет со пациентката . Освен што и се лошело по пат жената била во добра општа состојба . Четврто , ја видов лично пет минути пред да тргнат за Скопје . Добра беше . Си правеше муабет на телефон . Во никој случај не е ни било потребен кислород ,а и да требало случајно одговорно тврдам дека ИМАШЕ а има а во секое возило Пациентката одбиваше и за Скопје да оди . На инсистирање на сопругот ја однесоа на дополнителни испитувања На трети ден после операција да чекаш гости ,дечиња болни да трчаат околу тебе ,не е баш добро
Јас не дојдов до тоа,од каде купуваат,јас имам дигнато одамна раце од здравството наше и државните клиники.А што толку паничите и работите ги правите од мравка слон?Дали знаеш дека е незаконски лепење на продажен матријал во државна установа?дали знаеш дека не смее продажба на вакво нешто?
Во овој случај да ,лажат. Да не се разбереме погрешно ,мене лично ми е многу жал, ја познавав и криво ми е вака што се случи се . Но ,пак ќе кажам , гевгелиските доктори направија се што е во нивна моќ. Мислам дека и во Скопје се бореа и правеа се што треба ,ама не можам да тврдам за таму . Таму не видов со свои очи ,а овде видов . А ова за кислородот е најголемиот апсурд што можев да го прочитам
За луљаљкава треба бебе да е присутно? Они свесно канеле гости на втор трет ден од раѓање на детето ли, иако знаеле каков е редот после царски? Во соба полна со сите тие, па и болни што викате? Викенд да не се паѓало, па затоа брзале со настано, гостите да се слободни? За греови женава, посебно за вакви глупости од болница што испаднала со потпис.
И бебето било дома . На трети ден е љуљајка . Бебето и мајката седат во иста соба со гостите . https://kurir.mk/makedonija/vesti/p...to-ja-sokri-smrtta-na-elizabeta-od-gevgelija/ Еве ,жената и на клиниката за неврологија си била свесна и си јадела во кревет . Не знам само зошто оставаат можност за анеуризма . Кога магнетот првичен не покажал такво нешто .
Бизарно! Да се испишеш од болница заради адет?? Па нека канат и нека се собираат дома, ама ја и детето нема да излеземе од болница, додека на рече доктор дека е во ред, па што сака нека биде. Знам случај, каде жена, одбива да биде хоспитализирана заради болно дете, а во друг случај истата жена, го испишува порано и си оди со детето, затоа што: Имала попаметна работа, од тоа да седи на болница (???) Обично избегнувам да кажувам вакви работи, затоа што испаѓа како оговарање, ама ова е премногу и луѓето не се свесни што се' може да ризикуваат. Сум лежела и по 10 дена со малата, и кога сум се породила сум останала одвишок денови, заради таа бебешката жолтица... и мене ми се одело дома, ми се плачело, ама да ризикувам мој живот, или не дај Боже на бебето, нема шанси! И тоа, во тие 10те дена, доктор ми рече после 5-6 (не се сеќавам), дека може да си одам, детето е здраво, но е со слаб имунитет и најдобро е да останам уште некој ден, за да се стабилизира малку и да се намали шансата да се повтори бронхитисот.... и си останав. Не за џабе има формулари кои ги потпишуваш, дека на свој ризик си одиш. На здраво-разумен човек, тоа што пишува во формуларот, треба да му биде црвено светло, а повеќето не го ни читаат, само ќе турат потпис и ќе си отидат. Бог да ја прости женава, ништо нема да ја врати! Ама имајте на дикат, да не си играте барем со она, на кое вие лично можете да влијаете. Ако ви рече доктор треба да останеш, има да останеш и да пукнеш ако треба!
@Bubce38 Не ми се верува што прочитав за адети и ќефови терање излегуваш од болница на своја одговорност??? Тазе породена мајка, последно размислува за забави, гости и адети Да не судам, Господ нека ми прости, но треба памет за се.
Не дека ради тоа починала , ама навистина , што треба да ти фали во 21 век да "мораш" да правиш лулање на бебе? Со толку гости ! Прво , за бебето на што личи толку народ да му се тутнат у соба . Тек за мајката , уште е отворена раната . Немам коментар, навистина
https://novatv.mk/ojo-ja-proshiruva-istragata-i-na-bebeto-na-pochinatata-rodilka-vo-sante/ Санте ќе ги покоментираме малку?
Затоа и ја ставив сликата,гајле ми е искрено кој,и што продава.Ама треба да се знае каде смее,а каде не смее.Законски во државни институции,е строго забрането лепење на било каков рекламен матријал,и продавање,купување,на било што,што е од надвор внесено во фирмата.
Ако е забрането со закон, тогаш нели би било со ред да се тргнат и рекламите за сирупи, апчиња и слични лекарства како промотивни плакати?
Има разлика од продавање на медицински помагала,до облека,ланчиња,и незнам ти таму што све не,во државна болница,дај не зезајте сеа. Земете прочитајте закон,и ке видите,како и што е забрането.
Јас не ти контрам за облеката воопшто, само сметам дека ни промот.материјали за не знам...кафетон колд, не треба да бидат прикачени во болница. Ако го допуштиме тоа можеш да ги замислиш сите фарм.компании како промовираат илјадници лекови низ амбулантните ѕидови? Мене ми е грдо искрено, ме потсеќа колку се алчни за пари
Далеку од тоа дека ми контрираш,никаде не реков такво нешто. Во болница се рекламираат,медицински помагала,што е сосема нормално,иако е грдо пошто нели све е за кеш,али неможе во болница да продава сваровски,катастрофа.
Добро бе, бива ли заради адети да ризикуваш живот. Да излезам порано од болница, после царски, за 40 будали да ми го нишаат бебето.... алооооо. Не зборам конкретно за жената. Сигурно многумина тоа го прават. Абе 21ви век, до кога со вакви глупости!!! Имале среќа бебето што не префатило некоја болест од "лулачите". Народ македонски, глуп и заостанат. Заради бабини деветини, животи ризикуваме. Ц ц ц!!!
Заради љуљајка?!? љуљајка уф Гивгилија прават на истиот ден кога ја испуштаат од болница родилката со бебето. Прв пат слушам некој да организирал љуљајка пред време. А и веќе ретко кој тера такви адети. Обдукцијата ќе покаже зошто оваа млада мајка го загуби животот. Нека им дава бог сила и утеха на нај блиските.