Искрено, не разбирам зошто воопшто, има ваков адет? И да е откако ќе ги испуштат, сеуште се со кревко здравје и мајката и бебето... не е нормално да се акнат во затворена соба со еден куп луѓе. Скроз нелогично...
Зошто прв пат слушаш? Љуљајката , тие што прават се разбира , ја организираат уште од денот кога ќе се роди бебето. Секој различно ја прави. Некој на трет ден од раѓање, некој трет ден од излегување на бебето, некој десет дена одпосле. И воопшто НЕ ретко се прави ова чудо. Според мене со закон треба да се забрани оваа глупост. Еднаш присуствував на такво нешто, друг пат никако.
Точно!!! Оти после ако умираат леунки и бебиња, здравството ќе е криво (не дека цвета здравството, ама и народот е за гревови).
го имаме зборувано ова ама ете има нови моменти. сериозно ако не ја затворат Санте срам да им е. Јас не сум странец а секој ден го зборам тоа..
Зошто ја третираат починатава жена како родилка? Мислам џабе креваат паника за да се привлече внимание, да ја задржеле и 5 дена во болница немало нус појави ова се случува 3 недели по пораѓај и ја прозиваат како родилка? Сериозно? Со другиве беше баш умирање на пораѓај ама ова може на секој да му се случи му се слошува и умира пред да стасаат да откиат што е мислам што не е јасно? Резултатите од обдукција сепак ќе докажат и покажат мсилам дека и малце се претерува со информации од ракав и се манипурира со јавноста. Сепак ги разбирам дека блиските се револтирани, ама полека луѓе има и доктори што си ја завршиле работата како што треба не судете пред резултати секоја приказна има две страни.
Се започнува 3 дена после царскиот рез а не 3 недели. И на социјалните мрежи револтираните блиски не ги обвинуваат КАРИЛ и неврологија туку гинеко.-Гевгелија .
Блиските не кажуват дека заради адетот инсистирала да си оде трети ден. Не е во ред почината жена да се обвинува, ама да си ја чукнеа главата пред да се мотат 40 души околу тукушто породена со царски и бебе од 3 дена немаше докторите да ги обвинуваат сега.
И да било од спиналната и да има поврзаност со докторите факт е дека да била во болница може немало да дојде до ова. Не за џабе е речено со царски 5 дена да се седи. Абе во Ремедика по 100 пати на ден те прашуваат дали си отишол во вц, да знаат цревата дали се во ред после царскиот. Без тоа не те пуштаат. Ако треба и чепчиња ќе добиеш само за да се сигурни на испуштање. Ова ваму село моје лепше од Париза. Си отишла таа да си слави. Бог да чува. Не знам што да кажам, ај да не зборам пред време ама нека испадне обдукцијата и те како ќе зборам. Мајка откако ќе се породи треба дупло да се чува. Се знае кој највеќе му е потребен на бебето. Ама...
Бубче премногу си ставаш при срце и изнесуваш информации од прва рака кои можеби не би требало. Да ми е сестра не би сакала да отворам на некој форум и да го прочитам ова. Едно е да збориме за резултат од обдукција друго е ова.
А како би знаеле ние дали да веруваме на докторите, на роднините или на Бубче? Сепак ниту еден од овие не познаваме...барем јас. Сметам дека не е коректно да се обвинува жената, особено кога нема резултати за смртта. Верувам ќе се разјасни случајот, ама дотогаш...стварно не е убаво некои работи да се коментираат. Зошто си отишла порано дома мене не ме интересира, ме интересира зошто починала, која е причината за тоа. Додека тоа не се дознае, би рекла гризнете си јазик.
Не е во ред ни за докторите да се изнесуваат лажни информации и да се обвинуваат затоа шо утре и други жени ќе се пораѓаат кај нив
А како би знаеле ние дали е лажна информацијата за докторите? Јас не сум била таму. Има некој од докторите овде на форумов да се изјасни?
^ Toчно.. Тие луѓе имаат кариера и репутација, не е во ред одма да се вперуваат прсти кон нив. Ако вистина дале се од себе, не е во ред да имаат црна дамка врз своето име и дело. Народов премногу трча пред рудата, заклучоци на своја рака вадите и ширите дезинформации. Така беше за Никола, еве и за женава. Нека излезат резултатите па тогаш ако треба да се окриват докторите, сите ќе го сториме тоа. Вака не е ок.
Ќе знаеш после обдукцијата. Викаш како им е на роднините или пријателите ако прочитаат што пишуваме тука? А ако некој од докторите чита ? Плукање, колнење а МОЖЕБИ вистина дале се од себе.. ЕДИТ: Колку дена после пороѓајот починала ? Не ми се совпаѓаат приказните од медиумите и тоа што се пишува тука. Како што пишаа погоре, зошто се води како почината родилка, ако родила на 29ти Јуни ?
Овде мислам не прочитав некој да ги колне докторите И споредуваме како се чувствува докторот, со како се чувствува семејство што загубило драгоцен член засекогаш? Не ми е цел да се карам, само ми дојде глупо, ако не сфаќате зошто, ваше си е.
Точно не знаеме на кој да се верува . Ама ко така не треба ни да тврдиме дека немало кислород во комбето . Јас знам дека видов оти има . И затоа напишав дека одговорно тврдам дека комбето беша од најновите ,нормално со кислород . Напишав и дека ја видов пациентката пред тргнување . Беше цо општа добра здравствена состојба . А не како што пишуваат некаде дека била во кома . Јас не барам никој да ми верува ,таман работа . Не напишав дека жената е крива што си отишла и порано дома . Напротив ,напишав дека не верувам да е починала само затоа што правела некој си адет ,забава ,дома . Напишав што видов и што знам . Жената пред да тргне за Скопје ја видоа најмалку 10 лица . Камери има низ цела болница . Јасно може да се види на снимките дека жената во комбето си влегува најнормално ,без придружба. Не е убаво да се пишува вака за починатите ,да . Ама не е убаво и да се колнат докторите . На слепо ! Читаат и жени кои се пред пораѓај. Кутрите ,ќе помислат дека во нашата болница КОЛАТ! Е затоа се дрзнав да напишам . А ако излезе дека е лекарска грешка ,прва ќе бидам што ќе плукам јавно по одговорните за овој немил настан