Па не ти се карам ни јас, зошто рипаш одма. Не смееш да цитираш никого одма му се караш Овде не, ама по фејсбук постови, статии фрчат коментари од тој тип. И не е во ред да се оцрнува некој пред време, поготово ако сторил се што е во негова моќ. Не ставам на кантар една бол со друга, неспоредливо е.
На линкот погоре што е . На постот од некој близок на семејството има такви коментари . Форум ,нели? Пишуваме што мислиме ,што сме слушнале ,што сме виделе. Болката е неспоредлива . Не знам како си ме сватила дека вршам споредба
Јас не дека верувам на некој особено, ама се запрепастив од адетот. Можеби кај оваа жена тоа не било причина, ама јас се згрозив, и се запрепастив, најискрено, од адет на прв ден да одиш еден куп луѓе кај штотуку родено бебе и да го нишаат сите еден по еден во ќебе. Кога се роди малата моја, баба ми дојде по неколку дена, и побара маска за да стави на лицето, оти била стара жена, може настината да била. Маски имавме дома, за секој случај. Кога настинав јас, доилка, ќерка ми на секои саат и пол, два со маска ја доев, а не беше новороденче. Не велам дека треба со маски сите дома да седат, ама бре луѓе. дајте нека се искоренат овие опасни адети. Нежни мајка и бебе, штотуку дојдени од болница, да се во контакт со толку луѓе наеднаш. Кој ќе исчисти после тие луѓе, што ако има болни? Што ако некое дете има сипаница што сеуште е во инкубација и не е видлива, што ако некој има бактерија итн, итн. Ма да е само тој адет... сум слушала милион глупости. Да се стави нож под креветчето на бебето, да се мачка бебе на лице со крв од леунка, да се капи новороденче со јајце. Тоа се само дел од македонските заостанати адети кои можат да бидат опасни, па и фатални по мајките или бебињата. Незнам што да речам... избегав од темата, знам... ама ако сакаме подобро здравство, треба да тргнеме и од самите себе, и да ги искорениме овие пагански глупости.
бебето се лула во ќебе, за ќебето се фаќаат сите баби, стрини, вујни....главно жени и во ќебето се ставаат тетратки, моливи, пенкала....да биде учено Спојлер: Нож Замислете, да сакате детето касап да Ви биде...
Оти го лулаат бебето . Ќе го стават бебето во ќебе , и обично дечиња над 2 годинки ќе го испофаќаат ќебето од страна и го лулаат . Ваљда ме разбираш . Добро им помагаат и мајките од страна ,ама воглавно дечињата го лулаат. Пред да започнат да го лулат сите подароци кои се донесени ( обично играчки ) се ставаат до бебето ,во самото ќебе . И така лулајќи го ,што ќе падне од креветот прво ,која играчка ќе падне ,се верува дека тоа ќе биде идната професија на бебето . Ако е машко ставаат и клучеви од камион, слушалки за доктор,книги , детски пендраци.....
Не е "убаво " да го лулаат жени ,поготово НЕ оние кои се оствариле како мајки . "Најдобро " е дечиња да го лулаат ,и тоа да се внимава да бидат повеќе машки,ако на пример бебето е девојче
Можеш да си отвориш друга тема за глупави адети, вакво потсмевање тука или обид твој да го свртиш вниманието на друга страна, не е на место, посебно не на темава. Кажавте еднаш и готово, до кога ви е план за лулањето да зборите?
Да. седат на форум и даваат репорт. ај бе не претерувајте. Никој не е должен на форум да објаснува . овде ние може да си збориме да размениме мислења.
Прво ти кажа дека си заминала заради лулање и еве сега продолжуваш за лулањето да збориш. Јас колку што знам од лулање бебе никој не умрел, посебно не мајки. Зошто тогаш упорно за тоа се збори?
Истото го кажав и јас ,неколку страни претходно . Дека не е можно љуљајкат да е причина за несреќниот исход. Не прочита? Прашаа зошто си отишла токму во недела . Кажав Прашаа што е љуљајка . Кажав . Тебе досадно ти е ?
Нешто како да не се разбираме Ниту ги навредив докторите, ниту ги обвинив, ама очи ми боде тоа што мајка починала, овде муабети се водат за адети, некои сигурно веќе си помислија и спомнаа дека е глупава, дека е проста, дека требало не знам што да направи, а реални да бидеме ниту една од нас овде не знае од што починала жената. Не ми е релевантен фактот што правела жената дома, се додека не се утврди дека ете, жената починала зошто си отишла дома. @LiliBoz да, може да си правиме муабет, ама да не ги земаме пишаните коментари како факти. Затоа што ниту бевме во болница, ниту кај неа дома нели. Се сврте муабетот од смртен случај, на карактерот на жената. Ете, простете ми ако не е така, а јас така го сфатив.
Кажа нешто и за болести нејзини, па со психа не во ред, кој ти дава овластување тебе вакви работи да изнесуваш?
^ кравче извини ама за мене е глупа и проста што после операција напуштила болница за адети да прај. не знаеме од што починала ама верувам да била во болница немало да дојде до тоа. Се влезе во муабет за адети зашто многумина не знаевме што е тоа.
Стварно невкусно е да се изнесуваат детали од приватниот живот на жена која починала, а која не ја знаеме, анонимна личност, да беше јавна ајде де. До некој близок може да стигне пишуваното тука. Многу трачарски муабет за ваков случај. Муабетот и очите најмалку треба да бидат свртени кон неа како особа, карактер, минати болести и сл. Треба да се прочешла убаво случајот, почнувајки од докторите и болницата, бидејки жената починала по породувањето. А знаејќи го нашето здравство и смртност на родилките нормално дека сомнежот првин паѓа на докторите.
https://ako.mk/почина-31-годишна-родилка-од-гевгелија/ Јас реков, не сме биле таму да знаеме, едните си кажуваат едно, другите друго, ако ја одберете едната страна, не мора да значи дека таа е вистината. Јас би почекала.
иако се жалела на тегоби, по три дена била отпуштена дома. Извини ама ниеден доктор не те пушта на трети ден од царски, ОСВЕН АКО ТИ НЕ ИНСИСТИРАШ НА ТОА.
Абе и јас сакав да си одам дома по операција на слепо црево, па не ме пуштија. Најверојатно, зошто доктор знае повеќе од 10 годишно дете. Исто и во случајов, пациент колку сака нека инсистира, ти како медицинско лице не го пушташ да си оди. За мене, секако дека докторите се криви во случајов. Да побегнала жената, друго ќе беше, ама штом има потпис од доктор, и да не е законски крив, морално вината е кај него.