Не потпишува докторот. Родилката потпишува дека на нејзино барање си оди Се сложувам дека не требало да ја пуштат да си оди, за тоа се виновни.
не е баш така. докторот нема моќ со сила никого да задржи и на никого не смее да врши притисок . негово е да каже што како а твое односно наше е да одлучиме како сакаме да правиме. болницата не е затвор. Ама очигледно треба да биде.
Може тој доктор ја пуштил, од кај да знаеме нели? Освен тоа дека во ново возило со кислород е донесена во Скопје, што лично Бубче ја видела, се друго е муабет пренесен од трети лица. И отпуштањето од болница и адетот и болните гости, јас како што сфатив Бубче не била таму, нејзе некој и раскажал, а на кажано прераскажано многу работи се мешаат и губат. Може се е вистина, може не, не знаеме, би било добро со доза сомнеж да прифаќате некои работи
@forumce, ние во семејство имавме малку срамна ситуација каде роднина избега од болница зошто докторите не сакаа да ја пуштат дома, сметаа дека не е доволно заздравена после операција (и не беше, дома и се искомплицира состојбата). Јас не сум медицинско лице и не знам како оди процедурата ама сметам дека, ако болниот не го продолжува лекувањето во друга болница, а покажува симптоми, не би требало воопшто да има опција да биде пуштен дома.
Од Гевгелиската болница пред повеќе години мајка ми ја пуштија полумртва слободно можам да кажам и сами си ја донесовме во Скопје. Никаква нега не добивме од таму и едно докторче уште му вика на татко ми вози побрзо да не ви направо беља по пат(да не почине). Плус читам многу негативни коментари за таа болница така да има нешто и до болницата нее се до љуљката што се запнавте што си отишла. И од кај знаеме дека не е направено некоја компликација или нешто заборавено во неа за царскиот рез.
Мене овој дел ми е нејасен,д-р Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ вели е донесена во крајно критична состојба,без дишење.А потоа се вели дека јадела во собата додека престојувала на Клиниката за неврологија,кога ја прегледувал доктор од КАРИЛ? Можеби е несреќен случај ,можеби е пропуст ,за жал детето останало без мајка.
@Bubce38 извини вака да те прашам, а зашто ти се ова го кажуваш кога е во тек истрага, се чека обдукција исл. Имате ли бре малку осет дека едно семејство е завиено во црно? Психички била нестабилна, имала епилепсија ова она.. ај малку полека со изјавиве!! Знаеш дека за ова може да си носиш последици? Како бе така пишувате? Па нели си и ти здравствен работник? Како можеш да вадиш вакви податоци на форум!! Срамота! Брука! Значи ли тоа дека за секој пациент вака треба да се пишува на форуми?? Засрами се! Бог да ја прости и нека им даде сила на блсиките да издржат.
дефинитивно типката има дијагноза селска алапача. знам дека не е ни време ни место за муабетов ама така е. чула не дочула и разглас на сред село.
ама ни таа не била во возилото така да.. од друга страна што ако не е вина на докторите, што ако е вина на пациентот? нормално дека ќе измислуваат и лажат и све тоа. пак ќе речам-не верувајте во се што ќе чуете и прочитате. секогаш постои некој што знае добро да исфилува издраматизира и лаже. да нема О2 во 194 е пропорционално со тркало да нема возилото...така да..
Пријателката или роднината нормално дека докторите ќе ги обвинуваат. Нека излезат резултатите од обдукцијата и ќе дискутираме. Вака некој чул нешто, некој ќе си измисли нешто и хаос настанува
Ама во Карил нели јадела и муабет правела... Свесна била, комуницирала и соработувала. Колку време престојувала таму?
Каква вина би можел да има пациентот тука? Можеби немаат никаква вина лекарите,можеби било несрекен случај без никаква грешка,но пациентот нема вина,се јавила на лекар при тегобите што ги имала.
Кликнав на линкот. Втор ден терале да се движи. Мене за 12 часа ме дигнаа и ме тераа да се движам. Исто и пораѓај кога не си отворен и мора да се мачиш со саати.... Арно да се само саати, без седење на стомак, вакуум и сл. Па ќе речам, лесна и земја, за греови. Ја сфаќам болката, ама муабетиве полошо прават. За останатиот дел од текстот не ми е коментарот, претпоставувам во право се. Се знае ккво ни е здравството.
Danichap го споделив линкот и сликата од блиски кои укажуваат на грешка конкретно за Гвг болницата , значи никој не напаѓа доктори кои си ја вршеле должноста на неврологија во Ск и КАРИЛ. Плус девојката немала "куп" дијагнози како што се шпекулира. Офф топик, и јас после царски станав следното утро ,но тие што примаа трансфузии и други терапии за крв само седење на кревет и станување колку да испружат нози. А за природно можев на нози да си застанам веднаш после неколку часа од раѓање . Ама "форсирано "раѓање не е пракса за секоја пациентка, условите каде што ти живееш и тука се разликуваат во светлосни години. Таму ако не дај боже тргне нешто на лошо ОДМА може да се интервенира ама тука многу тешко. За Прееклампсија еклампсија аневризма дехидрирање итн да стабилизираат пациент во "условите " со кои располагаат нашите здравствени домови е тешко дури и за посветените и кадарни доктори.
Се сложувам. Затоа само тие две точки ги споменав, бидејќи претпоставував дека пораѓајот минал без компликации. Дека и повеќе часовно мачење и кревање на нозе не е пракса само во гевгелистата болница, туку секаде. За остатокот, жалосно е низ што се минат голем дел од родилките на државно. Во породилни приказни кога ќе прочитам некоја мајка срце ми се кине и мене. Ремонт треба на цело здравство.