Вака било така било луѓе секој нормални си ја бране својата страна Дајте да не збориме ко баби на селска чешма да видиме што ке покаже обдукцијата па после ке дискутираме Тука по мое има пропусти и на двете страни и има многу дупки во приказната Сепак ај после обдукција да зборуваме
Ве читам и не верувам...Таа љуљалка не се прави на 3 ден. А и неможам да поверувам таа сама да барала да си оди за таков глуп адет. Кажувам зошто цимерката што се породи со мене беше од Миравци и ми раскажуваше што значи тоа. Она правеше на 6ти ден баш ми пиша која катастрофа било... Кога сме веќе на таа тема. Бог да ја прости Жално за бебето, за неа, за сите
Македонското здравство е слика и прилика на државата во којашто живееме и менталитетот на народот. Ужас е преблаг збор за да се опише моменталната состојба.
Не знам кои се причините заради кои родилката починала.Жално е,навистина.Знам дека само после спинална,треба да се пие Кока Кола,за да се исфрлат побрзо некои отрови кои се ослободувале од нејзе.Татко ми имаше операција пред неколку месеци и со спинална го оперираа.По операцијата испи 2 литри кока кола и лежеше еден ден,пред да стане.Можно е компликацијата да настанала од тоа,особено ако се повредил некој нерв.Тоа што таа побарала да си оди дома втор ден,е преголем ризик.Родилка,плус и со царски рез.Па за една рана од слепо црево јас лежев цела недела,а не пак царски рез.Зошто и како е адетот,тоа е друга тема.Нека почива во мир.Баба ми велеше дека на матката и требале 40 дена да се врати во нормала после пораѓај (изгледа оттаму она со 40 дена),по нејзино-родилка со една нога в гроб е.Сега јас не знам колку е тоа точно,ама 2 дена и да се стане,со рана,после 9 месеци нагла промена на организмот,и плус бебе мало,премогу е.А овие критикувања на докторите,па може да е лекарска грешка.Ама во отпусната листа,ако си одиш предвреме,сам си се потпишуваш дека ја преземаш одговорноста на себе.Нека излезе обдукцијата,па ќе кажат што е точно причината.
Никогаш не било розево и совршено. Секогаш било ужас со тенденција никогаш да не мрдне од мртва точка. Не е само нестручноста и непрофесионалноста на докторите, туку и културата на генералната популација.
Ме интересира тие што живеете во странство дали во болниците има гужва, зборување, влегување преку ред, полни ходници?
Да. Последниот пораѓај ми беше во државна болница. Цимерката која се породи ден после мене ми кажа, а и докторка и бабица потврдија исто, дека 8 биле истовремено, на подвижни кревети, во ходник, и ги проверувале колку се отворени. Сите полу голи, сите во ходник, сите на среде гужва, оти немале капацитет сите 8 одеднаш да ги внесат. Молеле да ги внесат побрзо. Па брцале наизменично во сите да видат колку прати се отворени, па по тој приоритет да влезат вомпородилна дала. Немале капацитет ни за цтг за сите.
Nema vrska zenata e gorela od temp uste vo bolnicata sestrata I rekla sto samo ti da ne si se porodila so carski rez
A I jas ovie denovi koga lezev vo bolnica so mene lezese I druga trudnica zenata bese 7mesec bremena I se zalese na glavobolka I edna od sestrite znaete sto I kaza I mene me boli glava pa sto da pravam
seta a znajte vie pa aaaa aj ne tuku sirite rekla kazala muabeti ostajte da ispadne obdukcijata posle ke jadime trici
Ne se trac muabeti ti znaes li jas odkoga znaev za nea od denot koga pocina od nejzini bliski rodnini
Порано испишување и адети за новороденче (и општо адети), не се на темава, ама секој треба да биде свесен, дека и едното и другото се неодговорност и глупост. Законски, не може доктор, или било кој да те натера на сила да останеш хоспитализиран или да те натера да примаш било каква терапија, ако не сакаш. Значи законски, секој одлучува за себе. Затоа потпишуваш формулар, во кој стои дека пациентот ја напуштил болницата, или прекинал со терапија, спротивно од мислењето на докторот. И да не е поврзано се' од ова со случајов, има луѓе кои читаат, и секој може да се најде во ситуација да биде хоспитализиран од било која причина, и да посака да си оди... Треба сите такви да знаат, дека си го ризикуваат здравјето и животот. 90% не ни читаат што потпишуваат. Што е поразително. Друга работа. Адети како гореспоменатитот се исто ризик и за родилка и за бебето. И да е на 3тиот, и на 6тиот и на 16тиот ден, не е во ред. Леунките и малецките се со слаб имунитет и не се препорачува мешање со многу луѓе. Тоа е факт. Значи, на страна од конкретнава приказна, ова е нешто што секој треба да си го знае и да си го има во предвид, пред да донесе било каква одлука, поврзана со неговото/нејзиното здравје или со здравје на новороденче.
Преска на вестите на Сител збореше сопругот на женава, кажа дека уште во болница имала температура но и рекле дека тоа било нормално и сепак ја пуштиле дома. Имаше објавено и разговори како му пишувала дека гори од тт и дека ја оставиле тука да умре. Сето ова беше на гевгелиски пишувано но мислам дека разбрав добро. Ке има вечер пак вести сигурно пак ке кажат.