https://plusinfo.mk/масивен-мозочен-удар-е-причината-за-см/ Масивен мозочен удар е најверојатно причината поради која се влошила здравствената состојба на 31-годишната родилка, која почина во Клиничкиот центар во Скопје.
Е добро де ништо страшно и навредливо не напишала Бубче . Исто како некои што прочитавте и врз основа на тоа тврдите дека докторите се криви , дека жената била здрава и права , немало кислород во боцата, така и она напишала што се зборувало во тој крај во врска со жената . Еве лично видела дека кислород има во комбето . И видела дека жената е свесна . Се пишуваше дека била во кома . Напишала Бубче дека има камери ,значи многу лесно ќе се види дали жената е внесена во комбето во статус или не .Нема што да се замараме дали Бубче лаже или вистината ја кажува . Тоа што напишала дека се зборува оти жената имала психички кризи ,поготово кога го изгубила татко и , и дека можно е да примала терапии и ад ,не е нешто кој знае што . Зашто да се срами ако напише дека се зборувало за некој дека не е добар општо психички . Па секој втор човек има бар еднаш во живот психички проблеми. Какви јавни информации изнела ? Напишала што се зборува . Има "право " на тоа ,исто како што некои имаат право за одреден доктор да напишат дека е убиец . Во конкретниот случај без обдукција докторите ги направија животни и аждери . Не ми е намерата да ја бранам Бубче ,само сум сигурна по ова што прочитав ,дека жената апсолутно сака вистината да излезе на виделина . Секоја приказна има две страни . Пациентот никогаш неможе да биде грешен , но и докторите не можат секогаш да бидат виновни . Верувам дека случајот нема да остане нерасчистен Ако има виновници ќе треба да си одговараат .
Го прочитав целиот текст. Ова не е конклузивно, сеуште се чекаат резултати од обдукција.. Кутрата жена, колку се измачила Ако и за време на бременоста имала напади, тогаш ссостојбата уште тогаш не била добра. Може да се и повеќе мали удари. Како и да е... за грев... колку лоша, страшна смрт И толку млада.. Нема ништо поболно од прерана смрт. Бог да ја прости... тешко за читање... многу
Не знам, имала пишувано со маж и на фб и тие разговори најверојатно со дозвола на маж и се објавиле, бидејки он збореше пред камерата на сител. @DAngel
Кои факти ги има во линкот, само пишувано како на уште 10 други медиуми. И овој линк е со претпоставки додека не дојдат резултатите од обдукцијата. На сител збореше маж и , и маж и ги дал разговорите на телевизијата кои ги правел со неа ако некој претпоставува тоа е маж и не јас или некој друг од темава. Пренесов што изјави маж и на сител. Пуштете вести има моментално и гледајте. Толку на темава, не сакам на вака болни теми да се расправам .
Требало да се јави на преглед и да каже дека има напади . Ваљда има документ ако била на невролог , а истиот не ја упатил на снимање . Тоа е бар лесно да се докаже
Ете и директорот на неврологија Скопје изјавил дека семејството кажало да пациентката имала епилептични напади и за време на бременоста ,но не и давале значање . Значи , жената си имала мака . Веројатно и во Гевгелија имаат документи дека таа посетувала невролог/ психијатар . Од Гевгелија ја однеле значи во свесна состојба . За да и се направат дополнителни испитувања . Не верувам да не и дале лек за температура . Надвор од официјалните изјави . Не знам зошто не кажуваат јавно дека жената ја напуштила болницата со потпис . Неофицијално дознав дека имаат " доказ и слики " дека жената дома чекала гости три/четири дена по породувањето . Сликите биле поставени и на ФБ ,но се избришале од кога западнала во кома . Веројатно и во Гевгелија имаат докумнт да таа посетувала невролог/ психијатар -Не знаеме дали ги кажала тие напади ,или ги занемарила . Како сега се тврди дека цело време горела од температура , а ваму неофицијално слушам дека постоеле слики од прославата со welcome и името на бебенцето. Се надевам ќе се расчисти случајов . Нека почива во мир . Греота за семејството и ќерката
Само коментирав, според она што го прочитав на линкот погоре. Во податоците што ги добиле од семејството било наведено дека пациентката имала кратки невролошки напади и за време на бременоста, но не им било дадено значење. Овде пишува, дека 'не им било придадено значење'.... само не кажува дали од нив и нејзе, или од докторите. Имало и инспекција и во Гевгелиската болница и кај нејзиниот матичен гинеколог. Линк
Јас не сфатив. Ја испуштиле иако кажала дека има болки, тегоби и тт или самата сакала да си оди третиот ден? Еднаш имала помали напади и во бременоста, потоа се до после пораѓајот, кој бил непроблематичен, немала никакви проблеми? Премногу е конфузно. Има ли на друго место име на докторот кој им ја дал дијагнозата, односно сомнежот за истата, на фамилијата? Или друг доктор да даде јавно изјава за оваа ситуација.
Прашање е што требало,можеби и тогаш исто би покажал КТ,и сега се било чисто. Дали и воопшто се работело за напади во тек на бременоста,имаше информации дека немала напади туку уредна и нормална бременост.
Многу наплив на информации од секаде... и сите различни. Нема врска. Стварно испаѓа дека само нагаѓаме. Нека заврши инспекцијата, обдукцијата итн, па ќе кажат што и како било.
Мене вака ми личи . И по тоа што слушам и читам . Познавам многу засегнати од случајов . И од двете страни . Жената пред да ја испуштат од гинекологија не се жалела на ништо . Се потпишала и си отишла дома со бебето . Утредента се јавила во болницата да каже дека и е лошо ,и има вртоглавици . Направени и биле крвна слика ,ЕКГ , уредни биле . Бабински давала негативно. Но сепак ја покриле со манитол и друга терапија која штити од мозочен. Јапрегледале сите доктори со кои располага болницата и ја оставиле на опсервација . Таа после некој час од примената инфузија се почувствувала подобра . Сакала да си оди пак со потпис . Не знам дали отишла до дома или веднаш надвор пак и се свртило во глава . Вечерта касно се пожалила на уште поголеми главоболки . И затоа веднаш е однесена за Скопје . Семејството дури во Скопје кажало дека имала некакви напади за време на бременоста. Дали се пожалила на матичниот не знам. Дали отишла на невролог не знам Знам дека сигурно ќе има документ ако жената се јавила на невролог а истиот не превземал ништо во текот на бременоста . Кажав мое мислење Би требало да има официјално изјави од Гевгелија . Денес сите дале изјави . И сите документи,отпусни листи се било земено од инспекција . И од камерите . Ако ништо друго бар камерите работеле и биле вклучени на секое одд. Значи се работи на случајов
@Meckicja Ne se trac muabeti ti znaes li jas odkoga znaev za nea od denot koga pocina od nejzini bliski rodnini Остави овие муабети Обдукцијата ке покажe што и како
Секако дека ке има сега еден куп муабети,што било и како било.Оставете на обдукцијата,и на докторите,да докажат од што за жал починала родилката.
И јас сум една од оние "силните" што барав да си одам ден порано после природен пораѓај Приватна клиника, без терапија и јас и бебето, си мислев зошто да седам уште. Сега вака кога читам, си велам, бери памет! Никој не може да те задржи со сила во болница ако си решил да си одиш, затоа и потпишуваш. Порано наивно мислев дека докторите не ни чинат. Не. Системот ни е гнил. Жално е за сите зацрнети фамилии.
Ама општо кажано : Ме боли глава-од времето е Ми се врти-од времето е Ме тера на спиење-од времето е Ме вртат коски-од времето е. Никој на ништо не обрнува внимание веќе. За родилкава.. Дијаметрално различни изјави на блиските. Крај краева- мозочен удар е насмртоносна " грешка" во организмот. Зошто секогаш мора да е некој виновен за загубата на човечки живот? Жал е жал..сфаќам,лично јас имам изгубено близок од мозочен удар ама кого да обвинам...докторите??? Не луѓе! Да не збориме на памет!.. Да го почитуваме правото на презумција! Здравството ни е крш,ама и како народ сме крш. Одма со обвинувања...те на блиските те на докторите.