Ако болдираното се однесува за пуштањето од болница со потпис и на своја одговорност важи во (не знам за секоја) ама во многу земји. Како што напиша некој погоре, болницата не е затвор.
Не се однесува за тоа, како што кажав и самата истото го направив. Така и треба да биде, нормално е, законски е. Болдираното се однесува на недоволен персонал, неопременост, несофистицираност, негрижа за здравствениот систем, недоволно платени медицински лица...уф, многу е.
Е нели сосем здрава била како што роднините пишуваат? Нели уредна бременост имала? Од каде излегоа овие епилептични напади? Можеби докторите лажат?
Па да. Секој медикамент има несакани ефекти. Што се случувало крајниот резултат ќе каже. А зошто царски? Знае ли некој?
не знам тоа ама прочитав некаде дека примала терапија и во текот на бременоста за коагулација на крвта. претпоставувам (ако тоа е точно) брзо и коагулирала крвта. Ако тоа е така (пак ќе речам претпоставувам) мозочниот ми има смисла.
Еве вие сегa ќе гo решите случaјoт, уште инфoрмaцијa фaли дaли нa лулaњетo имaлo мaјoнез сaлaтa, кoлку стoелa нaдвoр oд фрижидер, сo кoјa брзинa вoзелa брзaтa пoмoш и кoлку дупки имa нa пaтoт oд Гевгелијa дo Скoпје. Тoa е тoa и случaјoт е решен.
Ох брее , затоа докторите порано ги држеле родилките 7 8 дена после порагај задолжително во болница. Сега е катастрофа не се знае ни кој јаде ни кој пие само кој плаќа - народот. Струмица, Гевгелија, Богданци , Валандово и Дојран се на се има само неколку гинеколози кои не можат да стигнат да завршат со сите родилки. Многу случаи има, ќе оди жена од Дојран во Гевгелија да се пораѓа и велат оди за Струмица нема гинеколог. И таа со болки со се треба да помине дојран-гвг-струмица 100 км, за кога ќе стигне во струмица да види дека таму чекаат на ред пред врата за порагај уште 7 8 жени. Значи не е само до докторите. Женава била здрава права, се сомневаат дека ја зафатила сепса но ќе видиме деновиве што ќе каже обдукцијата. Како и да е, прерано згаснат живот .
Изјава на блиските било тоа дека и во бременоста имала напади. Постирано е во линк во предходните коментари, од мене и од Еден Член. Побарај.
Па тоа е и муабетот... сите различни информации споделуваат, се' е каша-попара. Затоа е најдобро да почекаме што ќе покажи истрагата на инспекцијата и резултатот од обдукцијата.
Ох да.Од прва рака ќе ти кажам.Гужва значи имаш термин во 8 сабајле,соба чекаш и тек ја добиваш во 11 некогаш 12.Или не ни дочекаш соба.Прво чист кревет те носат на испитување и после два часа кога ќе се вратиш на оделение добиваш соба.Ми се имаат неколку нестрпливи до сега погодено да не им одговара да чекаат.Правам разговор со докторот и им објаснувам што како,ако сфатат убаво,некои си имаат фатено патот. Многу имаат "среќа" да преспијат на брза помош во ходник,еден дојде на оделение и си спиеше со креветот во тоалетот за хендикепирани,дека е поширок и кревет собира внатре.Ако одиш на брза помош понеси си вреќа живци.Оти ако не си итен случај а е полно чекаш од 8 часа нагоре.Рекорд мој кога еднаш заради уринарна инфекција завршив 14 саати на брза помош. Така да не е ни тука се така розаво.Многу кога се преселат и видат и тука како работи здравството, почнуваат да го фалат македонското. Антибиотици,брис или крвна слика на мали деца забрави. Гужвите не кажуваат колку е добра болницата,нив ги има секаде. Е за опрема и хигиена не може да се спореди.Светлосни години разлика.Или реакција за реанимирање и се што поседува секое оделение во овој случај е стварно на ниво.И цел персонал задолжително е еднаш годишно да оди на оваа обука за да не се забрави и да ти се обновува знаењето.Пулс добиваш редовно разни други обуки некои задолжителни некои незадолжителни. Мене лично сепак тука ми е подобро здравството,иако е далеку од совршено како што многу го мислат.
Жалосно за женава ,многу! А за здравството ,па какви сме општо како луѓе и како пациенти па и арно е ! Како на сред село ,само да обвинуваме,оговараме, знаеме а не е е лошо понекогаш да се погледнеме и ние самите во огледало зашто истите ние го сочинуваме и здравството и образованите и полицијата и судството и државата,се...
@fairy88 значи главното е различно и се небитно паѓа во вода, како гужви, чекање и слично. Сигурно не се случува, или е екстремно ретко, пијан доктор да оперира или смена да држи. Примарното здравство да го оставиме на страна, кај нас само тоа знаат, ама вака штом дојде за нешто посложено, за дијагноза, за итни случаи, за терапии, е тогаш грешат. Не зборувам конкретно за случајов, официјално немаат кажано што се случило, но со претходните починати родилки беа лекарски грешки. Жалосно многу, тешко на фамилијата и на девојчето што ќе расте без мајка. Имаме сличен случај кај блиски, ко ќе ги видам девојчињата што ги остави жената ми е премногу болно и не можам да се помирам.
Па затоа и кажав ако дојде до момент живот или смрт тука се реагира брзо.Е сега сепак се е Господова работа. Во Македонија нема доволно основен материјал звои,гази,дезинфекциони средства,шприцеви... За пијани доктори и општо персонал верувај тука одма ти ја земаат лиценцата.Знам за пијаните анестезиолози на кои им почина родилката пред некоја година,не знам како завршија,ама требаше да завршат зад решетки и без лиценци. Затоа и реков и тука не е совршено,ама споредено е светлосни години подобро од македонското. Синчето мое кога се попари благодарение на брзата реакција го стабилизираа и спасија.Таа слика секогаш ќе ми е пред очи, оти можеше да заврши трагично.За 1 минута имаше 6 души сестри и доктори околу него.Затоа и викам среќа во несреќа што бевме тука. Стварно ми е фрапантна бројката на смртни случаи на родилки и бебиња во Македонија. Бог да ги прости и да им дава сила на семејствата да бараат правда пред суд,оти како што е пошло не бива многу млади животи згаснаа
Жално и патетично е 2 милиони народ да не може да се организира и воспостави некој функционален систем на функционирање. Што да кажат тие земји од 80, 100, 200 милиони жители? Имаме огромна потреба од кадар, а и тоа што нашето образование го произведува е со огромен знак прашалник. Плус се што вреди и е квалитетно бега за Скопје, па подоцна приватно и на крај Запад. Во помалите градови и села останува нешто приучено, недоучено или со врски. Тешка ви душа на тие што сте од помалите места. За сите посериозни дијагнози се праќа во Скопје, а таму се чека со недели за преглед. Бидете среќни ако ви воспостават дијагноза воопшто. Поголем дел од болниците се во ужасна состојба и недоволна инфраструктура. Се развива приватното здравство, но тоа не е за 80% од популацијата, затоа што наплаќаат астрономски цени. Обичните пациенти создаваат уште повеќе тензија. Доаѓаат цели семејства за една личност, зборуваат, гласни се, се буткаат, сакаат преку ред и листата е бесконечна.
Бидејќи за овој случај се поставува прашањето зошто родилката си заминала со потпис на трети ден од царскиот и зошто самата инсистирала на царски , би сакала да ја искористам темата и да кажам едно мое искуство . Многумина знаат дека во краток период имав три ектопична бремености . Сите три пати ме чистеа со метотраксат . Тоа се едни јаки инекции кои ги примаш шест дена ,на секој втор ден по една . Овој лек го даваат исклучиво само на ГАК ,исклучиво само во болнички услови . И задолжително мораш да лежиш на ГАК цела недела . Од овие инекции плодот сам се исфрла од телото ,без никаков хируршки зафат . Првите два пати си лежев на клиника . Имав болки ,ненормални ,но знаев дека мора да боли ,затоа што нели се чистам . На клиника дур лежев нит примав друга терапија ,ниту ме прегледуваа докторите на визита ( само ме прашаа како сум ,ќе им кажев дека ме боли и дека крварам по малку ,ќе добиев одговор дека така треба и да се молам што повеќе да крварам за да побрзо го исфрлам плодот ) . По примањето на последната инекција треба да се лежи уште 2-3 дена за да секој ден те проверуваат дали има се уште нешто во каналот , и тогаш кога скроз ќе бидеш исчистена те испуштаат дома . Во двата наврати ме испуштија на втор ден после примената последна доза од метотраксат. Третиот пат кога ми се случи ова ги премоливме да ни ги дадат и инкциите и да си лежам во нашата болница , тука да ги примам и тука да бидам под надзор на гинеколог . Категорично одбија , објаснувајќи ми дека со овие лекови нема шала и дека во секунда може да се случи нешто многу лошо ,може да се искрвари и до смрт . Бидејќи нели имав претходни две искуства јас после третата доза ,со многу молење успеав да си отидам веднаш сабајлето од болница . Некако средив да ме пуштат со потпис . Потпишав дека си ги сносувам евентуалните последици , и нема да барам никаква помош ни ништо од клиника до колку се случи нешто неочекувано . Си тргна накај дома со наше амбулантно возило ,во присуство на доктор и м сестра . Имавме за возење некои 100 км . На сред пат јас почнав да се губам , почнав да крварам страшно многу , отчукувањата на срцето се намалуваа , паѓав во кома , добивав кратки епизоди напади . Комбето и назад Скопје . Во полисвесна состојба ме примиле на ГАК . Со еден милион врски ,со еден куп молењеа ме примија пак на одд . Слободно можам да кажам одвај ме повратија во живот . Е кажете ми сега ,ако нешто ми се случеше ,кој ќе требаше да биде виновен ? Докторите ?! Па ,имав доктор до мене, мој човек , ме гледаше дека губам крв , ги гледаше епи нападите , ми ја знаеше цела анамнеза на памет , знаеше дека сум со ХОББ, знаеше дека можам и спазам да направам . Ама во тој момент немаше што да направи за мене ,освен да се моли на Господ да издржам . Да не ме закачи у мозок . Затоа драги другарки , идни пациенти , ве молам ,ве молам слушајте ги докторите . Не се правите вие поголеми доктори од нив . За ништо на светот не потпишувате за излегување на своја рака од болница . И јас се водев од тоа - еее што ќе лежам , не ми е прв пат ,си знам се што е и како е , ништо нема да ми биде ако лежам во нашата болница . Но ! Еве ,можев да платам со живот . Памет за следен пат . Дај боже да нема веќе никаков следен пат . Дај боже да не се случува кај никој такво нешто ,никогаш . Се извинувам на долгиот пост . Намерата ми е да кажам дека доктори мора да се слушаат . Па колку и да не чинеле ,колку и да не сме задоволни од здравството , колку и да не ги почитуваме како луѓе кои сепак се борат за нашите животи , некаква верба мора да најдеме . Мораме да знаеме дека доктор е доктор ,болница е болница . Ако ни кажат да лежиме 5 дена ,ние треба да се молиме и 6 да лежиме , не да бараме врски и со потпис да си одиме уште третиот . Барем јас се опаметив ! Нека нема веќе ниту еден сличен на мене
На некој може веќе му е гледана емисијава , ми се допаднаа реалните искази на овие тројца здравствени работници . Убаво си кажуваат дел од недостатоците во здравството и начини на кои може тоа да се санира. Меѓу другото има и информативен дел за анестезијата и опфатен е малку случајот од санте плус и детето што почина на клиника од анестезија. Значи НЕ ги каменувам сите здравствени работници, ама кога би имале сите ваква комуникација со пациентите да објаснат и да не те третираат како прост само затоа што не си мед лице ќе придонесе многу да се намали и смири револтот на исплашените пациенти.
Абе жено бе.... Јас ти имам кажано дека плачеш за ќотек ама ај. 100 км во таква состојба знаеш ли што се? Да си била во болница ГАРАНТИРАМ немало тоа да ти се случи. Зошто? Кои се условите во комбе а кои во болница?? Секоја дупка е поместување на матката. Секое закочување, секоја кривина..колку и да си фиксирана. Ама за ќотек си. Спојлер Патем знам дека не е за во темава ама веќе кога почнавме -зашто воопшто 6 дена да те боли наместо да те исчистат? Јас имам правено киретажа после спонтан. Освен болките кога почнав да се отворам пред време, ништо друго немам осетено. Првиот момент како влегов во болница беше крај на секоја моја болка..