Докажано е дека жената починала затоа што си отишла ден или два порано од царски и дека ако останела немало да дојде до ова? Се вратила пак во болница, не починала тие два дена додека била дома наместо во болница или на пат до таму.
Не сакав да ми ги отстрануваат каналите . Не сакав да примам анестезии ,мислам најблиските мои така одлучија дека е подобро со метотраксат да се третира ванматерична бременост . На темата . Жената не починала ниту дома ,ниту пак во Гевгелија ,ниту по пат за Скопје . Има изјава од директорката на Карил . Жената од Гевгелија е донесена во стабилна состојба ,пратена од двајца доктори (невролог + гинеколог ) со сите анализи направени уште во Ге ( толку колку што имаат услови за било какви анализи ) . Бабински давала негативно и во Гевгелија и во Скопје на првиот преглед од невролог ) . Анамнеза кога и правеле во Скопје пациентката се изјаснила дека во текот на бременоста имала чудни "заспивање " секундарни . Така се изјаснила и сметала дека тоа е нормално во бременоста . Дали се епи напади ( како што некои др сметаат) ќе каже обдукцијата . Важно во Скопје ноќта кога е направен комјутер на мозок тој бил чист . Ја посетил Др од Карил истата ноќ , добра била , сабајлето пак ја прегледал ,јадела во кревет . Што се десило после 8 часа да падне во кома ,не знам . Истрагата ќе каже дали е третирана соодветно на клиниката за неврологија . Верувам дека е , затоа што уште од Ге - била покриена со терапија која се дава при мозочни . Сите документи и од овде и од Скопје се дадени на истрага . Читам по ФБ дека дадени биле и "докази и слики " дека жената на трети ден си имала гости и функционирала најнормално . Дали морала да лежи , дали имала писмена препорака од докторката која ја испуштила од гинекологија - Гевгелија да мирува следните 5 дена , дали сама се потпишала да си оди дома на трети ден , дали се жалела на т читам имало докази ,имало документи . Јас не сум ги видела ,не знам вистина ли е сето тоа . Не знам ни тоа да ако навистина сите овие докази и тврдења се точни ,а таа не ги применувала , немам никаков став околку тоа дали ќе се случил фаталниот исход доколку си лежела во болница 5,6,7 дена . Едно знам ( а друго читам од некои роднини) дека жената беше свесна пред поаѓањето за Скопје . Ја видов и затоа знам . Бев тоа време случајно во болницата и ја видов . Не беше во кома . Не беше никаков дефект комбето . Патем и камерите ќе покажат се . Бар тие работеле во цела болница ,на сите одд . Мислам кажав еднаш . Гласно размислувам . МОЖЕБИ докторите навистина направиле се што е во нивна моќ ! Единствена желба ми е вистината да излезе на виделина . И ако некој е виновен да си одговара .
https://kurir.mk/makedonija/vesti/g...asa-pochina-kadieva-bil-matichen-i-na-savikj/ Матичен гинеколог на починатата 31-годишната родилка Елизабета Савиќ од Гевгелија е гинекологот кој ја породувал родилката Маја Кадиева, која почина за време на царски рез, за што беа обвинети двајцата анестезиолози и двајца гинеколози, неофицијално дознава Ивор Мицковски.
Како дозволуваат вакви неточни работи да се пишуваат мене стварно не ми е јасно . Гинеколозите и двата веќе не работат у гевгелиската болница . Скоро две години како не работат веќе . Во Струмица се . Во болницата има само еден гинеколог од овде - женско е и еден доаѓа од Штип или Куманово . Стриктно на пораѓајот вториот гинеколог беше жена од Штип. Матичниот можда и е исти. Ама матичен НЕ пораѓа
Фактички матичен и е еден од гинеколозите кои порано работеле во Ге ? Така? Е тоа можеби . Пошто тие не работат во Ге болница сигурно . Баш ќе прашам кој и е бил матичен. Едит : точно . Еден од гинеколозите кој ја породуваше родилката од Дојран и бил матичен на Елизабета . Но само матичен . На породувањето не бил присутен
14- годишно девојче продавано за секс , принудено на брак и абортус https://dosie.mk/archives/2068 Ужас Кутро девојче, ќе има тешки трауми цел живот.
Некаде прочитав дека жртвата немала ни 14 години т.е дете е. Тоа не да е трагично, тоа е тежок криминал и уништување живот. Не е ни прв случај, за жал.
Се додека ваквите не им се сечен јавно половиот орган,и се бесат на плоштад,за жал ке ги има,све повеќе и повеќе.
Абе ајде, од Ивор и тоа 'неофицијални' информации. Ивор уште срце го боли дека Бране и' беше прв на Наташа. Само провоцира... оти ради бившата му жена, цел СДСМ го мрази
Не ме интересира политика,и не ме интересира кој на кого му бил прв. Тука се работи за човечки изгубен живот,и тоа млад.А не кој на кого му бил прв.
Баш тоа! За изгубен човечки живот, а не за нечии спинови, кои се производ на лични фрустрации! Сеуште чекаме да заврши истрагата, а тоа е работа на други... а не на Ивор или моја... ОСВЕН! Ако немаме информација за случајот, па да ја проследиме до надлежните... а не да се расфрламе со обвинувања по социјални мрежи!
Жално.. навистина жално.. Секојдневно излегуваат вакви вести и наместо да се извлече поука да се превземе нешто околу овие монструозни работи, човечки животи во прашње нешто најбитно и најважно на цел свет владава оро игра. Како и за се впрочем, ама за ова бре за човечки животи? Не им е ни малку жал да превземат одговорност? Дали некој надвор од државава го гледа ова или не? Зошто бре не се почне нвистина да се работи и да се превземе нешто? Вака имам чуство дека од година до година се подолу и подолу одиме ко држава? Ова не е нормално бре луѓе.. Запрепастена сум, запрепастена сум многу и се мислам дека никогаш намерно не би останала бремена во мк за да треба во државна да се пораѓам.. искуствата се нечовечки и животниски.. Ненормални сме ко држава.. ко народ, ко професионалци.. ма ко ништо!! Имено се пододив природно во Англија, како вечер отидов сабајле се породив и утре сабајле бев дома. Значи еден ден.. Со епидурал. Станав после неколку часа од пораѓај. Кога се породив во рок од 3 часа дојдоа 5 6 доктори специјлисти да ме проверат, на секој саат мерење температура притисок пулс итн.. Ме испуштија но секојдневно првата недела доаѓаа бабици за да го повторуваат истото. Еден ден добив болки во нозете. Ради не одморот. А требав да лежам ама јас за жал не можев тоа да го приуштам себе си со оглед на тоа дека бев сама и се тоа ќе ме кошташе кобно.. да не беше огромното паничење и залагање на бабицата и докторката.. Имено кога виде и слушна бабицата ме прати во истата секунда на доктор ради можна појава на тромб, бев ..и за жал докторката рече дека не сум во ред.. Осетив веднаш, бидејки се тоа се одвиваше под документација итен случај и во самиот момент. Кошмари еден куп. Сами. Не би да зборувам. На крај останав таму со инекции еха инфузии и триста работи, додека дома бебево ми плачеше а маж шо прв пат гледа бебе да го чува сам. Трауми. Инсистирав да си одам, да потпишам ..на се инсистирав и не ме пуштија бидејки сум животно загозена. Остало не спомрнувам ама на секого кажувам дека во Англија од ништо не сум задоволна од здраство сем пораѓајот. Таков пораѓај ни во приватна клиника ќе немав доживеано.. И во еу има гужви, термини, гоолем недостаток на персонал али има ред во клиниките, апарати, хигиена, култура.. за подобро здравје дека дека. Не затоа се чудам како тетками ја примија во словенија м.сестра, беа очајни по персонал. Она чистеше таму и кога спомнала уз муабет дека имала 20 годишно здраствено искуство веднаш ја префрлија кај одел за м.сестра оти као мала плата а на девојчињава во факултет боље и било да работат во бар за повеќе плата и нула одговорност него у клиника. Нека почива во мир искрено и длабоко соочество, неодамна почина и наш пијател од немарност и негрижа срце ми се цепи, но рекли казали вакви ко што прочитав овде само кажува каква држава сме и каква гнаса од луѓе, кроиме дел од нечив туѓ живот базиран врз муабети од глуви телефони, а тоа не е во ред. Во ред е да се молчи и да се зборува за правда а не за рекли казали за кутрава жена.. имено се додека не се изнесе некој релевантен извештај би требало од усул осет и култура да се молчи, нит некој е судија нит доктор нит полиција.. Ниско е. Не сме судии да судиме ниту за женав ниту за докториве ниту за ништо се додека не излезе вистината на виделина. Не се вкусни овие теории и муабети за пред селска чешма за ваков тип на трагедија.
Za ova potvrduvam i jas deka e taka. Izleze plus i mazot na televizija so isprintan razgovor so zenickata. Od licno iskustvo so personalot i mene na zaboravena gaza vo mene mi se obrakaa slicno, razgalena. So isklucok na edna od negovatelkite na bebinjata koja se zaprepasti i vide kolku sum poduena vo stomakot, mi rece da naatojuvam da me prefleda doktoror, oti tamu vizita ne postoi. Cela bolnica domtori od razlicni oddeli me ispopregledaa za da na kraj uste ponakrivo me gledat, neli razgalena nisto ne mi e. E sum imala sreka posle dva meseci vo privatna klinika vo Skopje da ja vidat gazata od metro ipol vo mene. Bolnicata vo Gevgelija odamna treba da se zatvori. I greskite na domtorite bar da se sankcionirat a ne da dobivaat transfer vo podobri bolnici.