1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.893
    Па и не мора крв и мокрача да се земе за време на бременост. Посебно во приватните болници, после ивф, многу пациентки кај еден доктор остануваат. Прочитај и во темата за скрининг, баш сега скоро имаше дискусија дали тој што те води и скрининзите може да ги прави, и добар дел од жените сакаат така. Во приватните и на приска не те тераат (јас не правев).
    Мене лично 3 доктори ме гледаа пред 9ти месец: Лазаревски до 16та недела некаде, после Петровска (да не беше на Боби праксата да ги предава пациентите на друг во 4ти месец и до крај само тој ќе беше). Единствено на скрининг за срце кога бев друг доктор го правеше, но тоа е преглед на кој не многу жени одат. И толку.
    Ако на тој еден доктор многу му веруваш, плус имаш некои симтоми на бременост, ГО ГЛЕДАШ плодот на
    ехо, кој ќе помисли дека БЕБЕ НЕМА?!
     
    На Espadrila, kukla21, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.601
    Допаѓања:
    129.028
    Ете и тебе 3 те гледале. Има некоја што само 1 ја гледал? И ако крвари 9 месеци не мисли дека е нешто лошо? Па од нос да ми рече крв ќе барам второ мислење.

    Зар 9м докорот не бил на одмор?
    Не можам да се изначудам. Со школска бременост кај 5мина бев не па вака со крварење...
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и AURUA им се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Може ги лажел,не одете по други д-р,јас најдобар сум итн,а они очајни за бебе.Има психолошки механизми на одбрана,кога многу посакуваш нешто стануваш глув за реалноста,вистината. А хормоналната терапија што и а давал толку добро знае да изглуми чуваство на бременост,накачување килажа,грчеви,емоционални промени,плачење итн. И знае да се случи да нема циклусс,а крварење да многу крварат при бременост и со соодветна терапија раѓаат здрави,прави бебиња. Тоа е ги изманипулирал многу профи.Ама ете не му било прв пат. И дека и ги средил јајниците да и бидат ко пред 15години ма кого лаже? Но јас на едно место прочитав дека она навистина 6недели била бремена и кога крварела го изгубила бебето,а он продолжил да ги лаже дека има уште бебе.Така да може затоа не се посомневале одма.
     
    На Espadrila и simonka93 им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.774
    Пол:
    Женски
    Луѓето безрезервно му верувале, бидејќи после толку време некој да им каже дека ќе имаат бебе, среќата е многу голема, дури и да имало мал сомнеж, едноставно го занемариле. Само не знам нели ги чита тие упатствата за апчињата, нели се распрашала по нет за што служат. Витамини да ми дадат па детално ќе изначитам се, а не пак хормонски некои. Ама како што реков биле слепи и глуви од помислата дека ќе имаат бебе.
    Еве и мене ме гледа само еден доктор. Сите скрининзи, прегледи, испитувања тој ми ги праве. Да постои барем мал сомнеж дека нешто не е во ред или да постои проблем би отишла и кај друг, а сега за сега сум кај овој.
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.893
    Па и пишав дека сосема лесно ќе се случеше еден да ме гледа, ако Лазаревски имаше таква пракса. Две пријателки што пред 10тина години се пораѓаа, цела бременост кај Дракулевски беа. И кај никој друг. Еве и тука, Natasa.P и kukla што се кај Ивановски, планираат таму да останат до крај, не знам дали воопшто за кај друг ќе се решат, дај Боже се да е во ред и да нема потреба. Јас лично и не знам жена што кај 5 различни била.
    Плус, и мојата докторка беше на одмор кога бев бремена - прегледите и не беа секоја недела, туку на 4-6. Не се толку многу прегледи.
    Е со @forumce се слагам - јас 15 пати би читала што пишува на декларациите на лековите, и ако пишува и најмала контраиндикација со бременост ќе барам друго мислење, ќе читам по интернет, ама не се сите такви.
     
    На kukla21, PaLaVa, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Слушнав дел од приказната вчера на тв, гостинки беа адвокатката и новинарката. Сирота жена, потполна доверба имала во докторот. Зборуваме за сомнежи и одиш кај докторот и ти пушта срцето да го чуеш, ти прикажува раце, нозе, ти зборува убави работи, и излегуваш позитивна, опуштена, ќути све било во ред. Самата одбрала да верува, можела да се сомнева, ама не е виновна за тоа. Некако муабетот околу тоа како да се врти. Докторот лажел, упорно лажел. И една година од случајот, лекарската комора не превзема ништо. Ниту болницата каде работи. Срамота, држава циркус. Ама не е прв случај. Да ти е страв на доктор да отидеш.
     
    На SexiLy, PaLaVa, galapce и 22 други им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.695
    Допаѓања:
    145.001
    Зошто упорно се споредувате. Не сме сите исти. Одбрала слепо да верува. Не е пациентката виновна!
    Да не сме и во кожа.
     
    На Espadrila, kjukli, PaLaVa и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Kiflicka05

    Kiflicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Има. Јас. Две бремености, само еден гинеколог ми ги водеше. Не би го сменила за ништо на светот! Не сум ни помислила да одам кај друг, толку што имав/имам доверба во него!
     
    На alisijad му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VIKTORIJA 1

    VIKTORIJA 1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    И мене лично еден доктор ми водел бременост кога ке ти каже се е во ред,се чуствуваш добро немаш потреба да се оди кај друг.
    второ мислење барам само кога нешто не ми е добро или се сомневам во дијагноза така да не ме чуди ништо.
     
    На darcy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.893
    Пациентката воопшто не е виновна. Затоа и сметам дека само одземање на лиценца на докторот е премала казна.
     
    На kjukli, AURUA, kim.k и 9 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    283.064
    Очигледно е дека лажел, дека манипулирал, дека се служел со сите можни средства за да стекне доверба...
    Да не е човек во душата на таа жена.
    И да, покрај толку многу плакнење мозок, стимумулации, играње со нејзината психа и сите помошни средства кои ги имал при рака за да ја измамами и те како може да дојде до симптоми на лажна бременост.


    Иако многу поразлична, ама сепак во нешто слична, ме потсетува на една трагична ситуација од друг калибар кога акцентот беше ставен на тоа зошто па зошто побарала 20 денари.
     
    На Espadrila, JuLleE, anel и 12 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.495
    Допаѓања:
    34.586
    Пол:
    Женски
    Еве јас дигам две прстиња. Од почеток до крај само матичната и никој друг (јас проста сум изгледа :^))
     
  14. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Не не, сигурно твојата матична ти ги има правено и главните скрининзи, мене мојата ме праќаше на гак, за двата тоа се вкупно три доктори, и уште еднаш своеволно отидов кај еден на приватно, така четири се собраа кај мене.
    Туку во која клиника се има случено ова? Нели докторов тогаш бил во некоја приватна, а сега скоро се префрлил на гак, или јас лошо разбрав...

    Зошто се споени две различни теми :|
     
  15. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Постапката е покрената уште кога докторот работел во приватна клиника Свети Лазар ми се чини а потоа има работено докторов во неуромедика и потполно ги разбирам луѓето кога слепо му веруваш на некој доктор. Еве јас на пример многу му верувам на мојот матичен гинеколог и кога дојде време да се пораѓам ме праша каде ќе се пораќате му реков таму и таму дури најдов и доктор. И одиш како хипнотизиран он ти ика еве ЦТГ добро срце супер и трц после 42 недела еј тоновите паќаат ај царски и што потоа бебе мртво. И кој е крив тука јас или тој.Значи одиш кај гинеколог а не кај семкар па божем незнам што е работава
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.601
    Допаѓања:
    129.028
    Сите скрининзи кај неа? Пред пораѓај не отиде ГАК да те следат?

    Мокрача и крв редовно се проверува. Ами скриен шеќер? Ами над 35 години амнио или како се викаше она скапото за аномалии?

    Крв ми зима лаборантката па ја прашам ок ли е па ќе рече за трудница се ок па ќе те јаде јанѕа па ќе чекаш од др да ја види па ќе си гуглаш...

    Мене у 8ми матичната ми рече према мокрачава вчера благо многу си јадела. Не па некој да не види дека не е бремена.

    Мене ми е само нејасно... матичната ми рече у 36та од сега оди на клиника ако има поттрба јас до тука бев. Па таму се од документи ми земаа читаа... јас не ја разбирам работава само... не викам она е крива.
     
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.495
    Допаѓања:
    34.586
    Пол:
    Женски
    Сите скрининзи кај неа.
    Е да, амнио ми правеа, заборавив. Ама јас дека имав 38 години, некој друг нема потреба за тоа и комотно може да помине кај еден доктор само. И не е ниту прост, ниту необразован или сл. Едноставно, ќе си најдеш доктор на кој што ќе веруваш. Што ако шетам по сите клиники? Да имав некои сомнителни ситуации, во ред, ама вака... Непотребно малтретирање според мене.
    Не сите проверуваат крв, урина, скриен шеќер и сл. Не мора. Тоа само кај нас се/не малтретираат со еден тон глупости. Само за пари, според мене.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    283.064
    Он лажирал цели прегледи со лажни цедиња па ние ќе се чудиме за резултати од мокрача и крв.

    Може кај него оставала чашичката, може он и земал крв или извештајот за испитувањата одел директно кај него а он и давал од други трудници, како и за се останато...

    Повеќето прават баш како ќе им каже докторот, оти нели имаме доверба во него. Ако каже треба приска да се прави, ќе се направи, ако рече се е супер...па и не мора.
    Ако рече супер се органите, што ќе ти е малтретиарње за втор скрининг кај друг, па ќе си рече стварно што ќе ми е, докторот кажа се е супер, џабе пари давање и малтретирање. Ако и рекол јас те водев, јас ќе те породам...па и се одлучила за него.

    Мене ништо не ме чуди.
     
    На Espadrila, V.odolija, kjukli и 13 други им се допаѓа ова.
  19. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Македонски менталитет на темата.
    Не е грев и жално за жената и сличните како неа што ги читаме на форумот што се изманипулирани туку се нарекуваат глупи,прости,необразовани ..
    Убаво објасна @danichap со примерот за 20 денари ... сите се сеќаваме на тој случај.
    Така испаѓа и за овој случај.
    Жално за жртвите на вакви психопати наречени доктори.
    Да не си им во кожа.

    Што врска има биографијата на докторот со овој случај?
    Еве видете како докторот е образован и нема шанси да направил вакво дело?
    И др. Фуштиќ се смета за експерт па сакаше син ми кое е дете со ЦФ, која е животно загрозувачка да го ставе во иста соба со дете болно од МРСА иако и таа самата знае дека деца со болести како син ми треба да се во изолирани соби без допир на вируси,бактерии,инфекции.
    И после ќе збореме за нивната стручност,ќе вадеме извадоци од нивните биографии на нет колку тие се образовани и ценети доктори.
    Вистина е дека здраството ни е за никаде,имаме добри доктори но многу малку од нив останаа во Мк.
    Овие што останаа на чело со директорите на болниците немаат ни етичка ни морална одговорност.
     
    На V.odolija, kjukli, Rama и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.601
    Допаѓања:
    129.028
    Ја стаив биогтафијата за да знаеме за кој се зборува. Таа ја најдов.

    Јас не викам дека е проста жената... само чудно ми е.