Чоечево нема видено мака зато така збора. Има докотри,златни. Има и никакви како и во секоја професија. Но многу зависи и од односот на пациентот кон докторот. Сите не сме исти. Да бевме исти нит ќе се дискутираше нит ништо и ќе пукневме од досада.
Абе одма дијагнози изнаредиле , до вчера за Бети пишуваа дијагнози сега за друга родилка. А уште НЕМА извештај финален од судска медицина за родилката во Штип од пред 2 месец (ама и за неа имаше дијагнози уште во првите известувања ) . А може и го платиле новинаров да ја "смири " јавноста(после два немили настани во 30дена) дека во Мк е "нормално" да се умира и на пораѓај "ако" си со компликации. Новинарство крш, здравство крш и така во недоглед ... Секоја чест на поединци исклучоци ! Државна инспекција оди на увид во државна здравствена установа да "провери" услови?!?! Wtf па какви услови обезбедил Министерството за здравство такви и ќе затекне! Ама да види прочита народ дека ИНСПЕКЦИЈА прошетала (може па по налог на ЕУ се пратени ) Абе за глупави не мислат или така ми се чини ?!
Јас не би се сложила дека медицинскиот факултет во Штип е најголемата штета . Така се зборуваше и за докторите кои завршија во Бугарија . Јас мислам дека до студентите си е . Тој што сака да биде добар ,ќе биде добар па завршил во Штип ,Бугарија , Романија не битно . Тој што не го "бива " и од Скопје може да излезе "лаик" . А се слагам дека состојбата во здравството ни е ужасна и дека после 3-4 год ќе биде катастрофална загрижувачка . Ама не е проблемот во штипскиот универзитет
Можеби Јас лично познавам и баш добри и прилично спремни докторки излезени од таму кои работат во брзата помош. Можеби па само не сум налетала на ќорави и сакати
Проблемот е што студентите на медицина во Штип немаат добра пракса, теоретски е истата теорија како и во Скопје, ама тоа што практично ќе го научат и видат во Скопје во Клиничката болница во Штип нема шанси ни приближно. Истото е и за во Бугарија, таму пак не се трудеа да им посветат внимание и пракса. Точно е дека зависи од студентот, ама ако нема каде да видиш случај, да обавиш добра пракса нема ниту да бидеш добар лекар на старт.
Бубче се учат да шијат на копани и кокошки. Анатомија учат на кокошки. Штипската болница, освен педијатрите за кои тврдам дека се стручни и прекрасни, другото е руски рулет. Па од таму да очекуваме добри доктори. Кај нас на итна ми е страв да одам. Немој не ги брани, катастрофа се.
Ова за погрешна дијагноза, чудно ми е некако?! Родителите досега не им направиле крвна слика на децата, да видат дека шекерот е повисок, па да побараат стручна помош???
Да се цитирам сама себе, докториве фино лепо спомнуваат и за проблемот со специјализација ама кој да ги слушне . Државата ни е глува , па така и тие малкуте способни доктори што ги имаме (доктори што работат овај импровизираат во мизерни услови ) си патат заедно со пациентите. А овие на мама и тате "докторчињата " (со 2год. специјализација) се шетаат во мантили играјќи си доктори и тоа со живи луѓе! Прво државата па после мама и тате па тек тој будала студент на медицина ќе бил ... Имам уште 3 недели до раѓање , ако прочитам уште една трагична сторија за родилка мислам дека дома ќе раѓам.
Тој што сака да учи и биде професионален(значи ќе си работи без да се занима кој му е пациентот,шо корист може да има од него па и мито да побара преку главна сестра) ќе најде начин да е начитан,испраксиран и стручен па и мајка работничка и мајка докторка била. Се друго е муабет обликуван од лични искуства донекаде и рекла-кажала муабети. Повеќе би сакала да се дискутира и подразмисли со што располагат докториве наши,кои им се работните услови(недостаток на реагенси,соодветна опрема или необученост за користење на истата,па и донекаде нестручен во домен на пракса/ вештачки креиран за инстант вработување само со средно помошен кадар)и колку само импровизираат за да дадат максимум од себе и извлечат максимум подобрување на здравјето на пациентите. Сепак темава е неисцрпна за дискусии. И секој е во право на свој начин. Сите не стапуваме во контакт со исти доктори и во исти боници низ државава.
Јадранка не ја знам. А Марина е најстручна, немам зборови за неа. Една не виде дека малата на раѓање има папилом на обравчето внатре, сестрата виде. Друга кога отидов пред некој ден толку беше незаинтресирана и арогантна. Вика Кој ве прати тука, аа НЕКОЈА СИ Јасмина. На што личе тоа?
Јас овие две ги знам и за нив баш имам пофални зборови . Исто , да не именувам поединечно ,ама баш од секоја област во Штип конкретно , можам да издвојам баш квалитетни доктори -специјалисти . Но ,исто ќе кажам дека за жал ,не сите можат со гордост да се наречат доктори . За жал ! Небитно излезени од скопски,штипски универзитет , доктори кои работат во државна установа или приватна . Секаде ги има - вакви и такви
Доктор треба да те упати за крвна слика, да ја прочита истата и да даде соодветна терапја според дијагнозата и референтните вредности Погрешно лечење значи дека родителот го однесол детето на лекар, кажал симптоми, а докторот погрешно ги протолкувал истите и дал погрешна дијагноза и погрешно го лечел. Не дека родителот седел дома и гледал како детето се мачи или пак сам доктор да изиграва.
Сето ова што си го напишала е во ред, но не ми е јасно како родителите чисто превентивно не им прават на децата крвна слика, барем два пати годишно?! Да направиле крвна слика, сигурно и сами ке можеле да видат дека гликемијата е покачена.