Ама не сме сите доктори. Не е терминот гликемија познат на сите, и не ни треба да биде. Обврска на родителот е да го однесе детето на лекар, не сам да глуми лекар. Станува збор за грешка на лекар а не за пропуст на родителот. Родителот го однел детето на лекар и добил погрешна дијагноза.
Абе кај нас може . Ако сакаш и два пати месечно можеш да си правиш крвна слика . И магнетни си бараат пациентите . Сами си поставуваат дијагнози и се лутат зошто некогаш докторите не им даваат / нема термини . Ама сигурно "обврска " на родителот НЕ е превентивно да бара испитување на гликемија
Нашиот матичен педијатар секогаш кога правиме крвна слика на децава,бара и шекер да се испита. А јас барам и тсх, бидејки хипотиреозата ни е наследна .
Зборот ми беше дека родителот нема обврска да му кажува на педијатарот - испитај ова испитај она . Си го носи детето на преглед / контрола и толку . Обврска на докторот е да каже што ќе се испитува и кога . Ти ,јас .... знаеме што е и гликемија и тсх, црп .. Има луѓе што си неѓаат поима од медицина . Го носат детето на доктор и понатаму само докторот е тој кој треба да им "помогне "
Марина, Јадранка (предобар дијагностичар), Валентина, Лујза. Речиси сите. Услови никакви доктори врвни.
Докторите имаат ниски плати и немаат услови за работа. 1000 евра им е малце, за она што го работат...
А кој доктор на државно зема 1000 евра плата ? Ако работи само 176 ч месечно , нема дежурства од 24 ч ,не е на повик бар 15 дена во месецот ,тогаш платата му е 35.000 . Ништо повеќе . Зборам за Др специјалист со 30 г стаж
Мижи асам да ти баам,1000 евра доктор плата,во приватниве едвај зимаат 1000 евра,и тоа врвни доктори.
За тоа зборувам. Баш тоа.. премалку се платени. Кажувам дека најмалку 1000 евра би требало да земаат, а не исклучувам и 2 и 3 илјади...
Знаеш колку земаат Угриновски , Велковски ,Лозанче, Чепреганова ,Демерџиев .... у Систина ?! За иљадарка кондури не облекуваат
Кажав на државно колку им е платата. Ти рече дека и најврвните доктори у Систина не земаат 1000 евра плата . Затоа ги спомнав овие од Систина
Доктор што си лапкал пари и во државно лапка и во приватна болница. За било кој може да ми кажете дека нее така ама за Лозанче поготово неможе никој да ми каже дека нее така.