Каде го пишувало името на овој,дај да видам чим не го криеле? Ова е многу јака фора,дадено е пари на детево,да лежи за друго дете затвор,и тоа е тоа. Веќе се е јасно во државава,плати па клати.
Не зборувај глупости жити се'! Двајца се уапсени, не и некој рендом трет. Што се однесува до име и презиме, не знам кога и во кои околности смеат да објават. Не го знам точно законот. Ако е само осомничен, а нема обвинување во суд, сигурна сум дека не смее да се каже детали, туку само иницијали. Нели.. осомничени може да има 10 луѓе, ама да е виновен само еден.. Ако ги објавуваат сите со име-со презиме, ќе го кркаат и тие што не биле виновни, туку биле само под истрага. Не зборувај од памет работи. Те читам.. постојано спинуваш и кажуваш небулози и мангал муабети: јас слушнав вака, слушнав така. И само ќе надупиш луѓе да се сомневаат. Ако не си за нешто 100% сигурен, не шири муабети. Ко некоја тетка на чешма си.
Дај ми го името на третиот пошто одма е објавен нели,ајде дај да видиме сите тука. Смеат да објават веднаш, за вакво дело,а зашто одма двајцата ги кажаа а третиот не? Па и иницијали немаше за третиот. Да не зборувам глупости на памет?ти не си добра со сигурност,алоооо дома имам специјалец,кој ги основаше тигрите,и не објаснувај за полиција и криминал ок? Јас сум чул,али не сум ко тебе секој тука да го цитирам,и да тресам глупости како очајник некој. Дај ги фактите дека третиот бил објавен како што рече и сама дека не го криеле овие скоро месец дена.
Прочитав за мито да барат сведок сум Таткоми кога доби срцев удар и животот му висеше на конец докторот му рече или 600 евра или не те оперирам???Алоо во каква држава живеме Така да има доктори прави доктори ама има и доктори гадови ...незнаеш утре дали ќе бидеш жив
Објавен е со иницијали на 02.07.2018 во билтенот на МВР: Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „Насилство“. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода. http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/1174 Ова го имам постирано три пати на темава! Се отепав од скролање наназад, да го најдам точно кај е.. На ти сервирано! Иницијали има, за тоа дали и кога смејат да објават име и презиме, сигурна сум дека не смеат додека се во фаза на истрага и не се спремни со докази за тужење во суд! Законот е таков, за да заштити осомничени, кои не се виновни. И тебе може на распит да те викнат, и да те сомничат за нешто, а да не си крив, па да нема тужба.. амаа!! Ако те знае народ со име со презиме, некој од оштетените или некој рендом изреволтиран, може да те повреди по улица, затоа што ќе мисли дека ТИ си виновникот. За да се спречат вакви работи, пред да се соберат докази и да се излезе на суд, имиња и презимиња не се објавуваат во јавност! Ако имаш Тигар дома, не значи дека имаш увид во истрагата на МВР и ЈО.. и тој Тигарот што ти е дома, нека ти ги појасни законите прво, како функционираат. Пошто е дел од МВР, треба да ги знае! И си ко тетка на селска чешма!
За инвалидски пензии за специјалистичко мислење си земал отпојќе Како и да е мито не смее да се бара,ама што не смее и што се прави долга тема за дискусија
За ова си потполно во право,нажалост така е,се плашат од ''величина'' и секој гледа да фати кривина од државно. Знам доктори кои работат на приватно по државната работна служба иако законски е забрането истовремено и државна и приватна служба да обавуваат. Сите знаат ама таму во тој дел каде ова се случува инспектор не стапнува на увид.
Pa specijalizantkata I glavnata sestra Na odelenieto detsko ne rabotea poveke tamu ova se slucuva 2010 godina.Znaese nekogas Na ginekologija da mi rece I vo sred nok odime.
Не само казнет туку и деградиран. Искрено се надевав дека со оваа влада мислев дека Бујар ќе биде Министер. Незнам колку се сеќавате на клиниката на инфективно кога почина едно девојче не само што водеше постапка родителот туку беше формирана и комисија за тоа а цел тим на доктори тогаш беа сменети од позиции.
https://republika.mk/944355 Психијатриско вештачење за напаѓачите на Саздовски. Надлежниот јавен обвинител издал наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо, информираат од Основното јавно обвинителство. Адвокатот на еден осомничените Насер Рауфи очекуваше денеска да направи увид во доказите, но од Обвинителството информираат дека се уште прибираат вербални и материјални докази. „Откако ќе ги приберат сите докази двајцата осомничени ќе направат увид во доказите и ќе дадат исказ во Обвинителството. По прибирање на сите докази во истражната постапка, двајцата осомничени и нивните бранители согласно Законот за кривична постапка ќе бидат повикани да извршат увид во доказите, при што осомничените кои досега го користеа правото на молчење, ќе можат да дадат своја одбрана“, велат од Обвинителството за „Независен весник“. Ова има да трае и трае,на крај да ги пуштат на слобода ајдуциве.
Веќе неколку дена кружи веста за потерницата за третиот осомничен од случајот саздо..имаше целосна фотографија со цело име и презиме ама не го запомтив како беше..пишуваше и демек им се познати две локации каде што би можел да биде, едната чинам беше Швајцарија кај некои блиски роднини..па која е вистината не знам..
Тој третиот нема никогаш да го затворат и да го најдат,јасно е веќе све.Ова судење ке биде хаос и ужас.
"Тврдеше " дека и иницијалите ги нема ,ама ги Имало . Тврдеше и дека нема да го напишат со име и презиме и да го обелоденат ,ама го сторија тоа . Сега тврдиш дека нема да го најдат ! Ако го најдат ( а ќе го најдат ) ќе тврдиш дека нема доволно да го осудат . Следно што е ?
Нема колку,толку или волку што да го најдат . Или ќе го најдат или не . А дали ќе го затворат ? Сигурно кога ќе го фатат нема на концерт да го пратат
http://mvr.gov.mk/potragi-ischeznati/potragi Јетон Љужа Јетон Љужа, од татко Феми и мајка Незакет, роден 19.08.1999 година во Скопје, каде и живее на ул: „Овчеполска“,бр.51, се бара со број на наредба 3 КО.БР.2278/18 издадена од ОЈО Скопје за сторено кривично дело. „Убиство“ по член „123“ став 2 од КЗ на РМ. Za da ne zboruvas gluposti gledaj ja poternicata i vleguvaj vo linkot ke go vidis i so slika Interpol go bara.... i normalno deka ke go fatat i ke go zatvorat i toa site trojca ke go jadat po 15-16 godini znaes li zosto? zasto detevo sto umre se vika Nikola Sazdovski ne Almir... taka da uzivajte
Какви глупости кажувам јас ? Де појасни ми Бар да не се глупирам толку во иднина . А што е толку битно како се вика починатото дете ?
Јас сакам да се фати,да не се сватиме погрешно,и сакам сите доживотен да изгнијат у затвор. Не те разбирам што има врска делово,со починатото за жал детенце Алмир?