Јас колку слушнав, девојчето вели дека и се тресат рацете од што го слуша тоа И плачот е премногу. Искрено, еве, не сум родител на детево, ама незнам што би можела да сторам да видам како крева рака на мало дете воспитачка во градинка.Не гарантирам за свотите постапки.
Ете различно сме чуле изгледа Мене ми се слуша ко да вели: прави нешто со раката Не е ни важно, жално е дете толку да плаче
не мора да го удри. доволно е толку многу да плаче за да се истрауматизира. за коса надвор да не гледаат децата. надвор се ќе и објаснам. е така.
Дали само мене ни се слушна дека му вика:Сакаш ли да те истепам? Јас да сум мајката има да ја чекам и да исчукам така убаво што ќе ме памти цел живот.
Аууу Се потресов за сите пари Можно ли е ова ? Можно ли е до волку да се исчовечивме ?! На децата ли бесот ќе го истураме ?! И тоа на туѓите деца !!!! Е не можам , ова не го вари мојот желудник
Разговарајте со вашите деца, во многу градинки ова е редовна пракса. И имајте во предвид, дека се случува и во јасли. Како што кажав, бев сведок на таков настан, да удри негователка (не мое) дете на возраст околу 2-3 години. Пријавив кај надлежните и кај директорот на градинката. Очи ширум отворени.
Ете зошто секоја градинка треба да има видео надзор и родителот да може цело време да следи што е со неговото дете. Дури тогаш ќе си ја работат својата работа како што треба. Не е само ова таков случај, скоро секаде е така, бидејќи не се снима и никој не знае а детето е мало и врска нема што збори. Па случаи со преполовување оброци, крадење храна за дома, неменување пелени, оставање мокри деца на промаја, намерно ги разболуваат за да не доаѓаат после, запоставување на децата, удирање, викање итн. Додека не се реагира и строго регулира, ќе си продолжи така.
Кога го предложив ова уште око што не ми извадија па се фатија дека ете на што личи деца на инернет да ги има. Не.Нема да ги има. Live stream е следење во живо само на тие што ќе си платат такса. Има родител кој додека е на работа несака да си го види детето како ди игра,учи,црта...па и како плаче?! Тоа само родителите на тие деца од таа занимална ќе имаат пристап. Ама ете на некого не му одговара тоа. Можеби како на бина ќе се чувствува и ќе треба одговорно да се однесува.
Два пати го ислушав, се наежив и очите ми се насолзија. Прво, секоја чест за девојката/жената што го снимила ова и што го објавила јавно наместо да игонрира и премолчи. Сите треба така да реагираме! Греота е а и стварно ниско, дете да се нарекува со такви погрдни зборови. Што бара таква личност да работи со деца? Детето липа, таа наместо да го смири, му се дере, можеби и го удрила. Ќе си го однесе некој детето во градинка, за исплашено и повредено да си го земе? За жал, вакви воспитувачки има многу. Само навистина не знам зошто работат со деца ако не знаат да се справат со нив. Ај сите да урламе на работните места, што ќе биде? Идејата за камери во градинките е супер. Да се покрене иницијатива, петиција, нешто?
Леле бе јас ова сега го видов и страшно се вознемирив Во принцип сум многу смирена и не сум за кавги Да се случи ова пред мои очи,без разлика дали мое или туѓо дете,би ја искршила од ќотек ама би ја убила мислам Толку многу ме вознемири видеото неможам да ви опишам И што сега прочитав испратиле инспекција Како ќе установат дали има насилство кога сигурно и тие се препознале на видеото па ќе се сите фини и добрици
Одма се ставив на место на мајката. Ми се јави огромен гнев ! А и фактот дека не само таму се случува , а и дека децата се немоќни , особено во јасли Душичка
Па секој ќе си има кориснички пристап, како што проверува сметка во банка, нема да биде ова како полагање на правосуден и јавно емитување. Не знам на кој би му сметало да има камери, сигурно помалку ќе му смета ако некој психички и физички му го малтретира детето. Од овие причини сеуште ми е страв да ги праќам во градинка. А и какво е овде распашана команда, како се полага за неговател и воспитувач, страв да те фати. Не е тоа основно па да одговараш за петка, тука треба практична проверка, психички тест и ред други работи. Јас мислам дека не би им одговарало на тие што работат како негуватели и воспитувачи и нивните дома што го кркаат делот за децата. Снимката не ја слушав, ја на филмови плачам а не па на вакви реални случки.
Мојава наредниот месец тргнува на 11 ипол месеци и најмногу од вакви работи ми е страв. Не знам што ќе се случе ако некој ми малтретира дете таму, како што сум избувлива ако не им ја скршам главата на тие па те
Дали би пуштила дете во градинка до сега не сум размислувала(немам деца не сум мажена) ама сега ќе речам дека НЕ. Да плаќам за некој да го малтретира моето дете додека јас го давам во доверба? А што е со тие кој немаат друг избор кој мораат да го однесат сабале детето во градинка?Како да веруваат дека детето им е добро не е гладно,жедно и не плачи?Дали тие негователки имаат деца?