Се наежив од видеово..Згрозена сум.На мало дете да покажувам сила и да вадам бес.Има ли таа човечност во нејзе бе..дете е ќе се истрауматизира ќе му се вреже во мозок.На мое дете нешто вакво да му се случи не дај Боже, нема да одговарам за последиците. Секоја втора негувателка стана.Паметна е идеата со камерите во градинка.Мислам дека ќе има помалку вакви инциденти, или на крај краева скриени камерибез знаење на негувателките (меѓу родителите и директорот) па да видиме кој ќе мава туѓи деца и ќе ги трауматизира..Душичка детенцево како липаше
Сега ми пиша братучетка ми дека нејзиното дете е кај таа воспитувачка Оделе стално да се жалат дека жената и пред родители се дерела така,со изговор сама воспитувачка на 19 деца до 3 год Вели директорот се правел глув Ужас
Како Може една воспитувачка на 19 деца ? Тоа е невозможно.Па едвај со 5 ќе излезеш на крај. Јас немам срце да го пуштам видеото.Кутро истрауматизирано детенце кошмари ќе има во сонот. Мора конечно да се стави ред по градинките.Мора.А бе деца одат.Дома ќе му се тресеш , дека малецко па се гледаш со убаво , полека и смирено, да го научиш, и зошто , за да во градинка му урлат и го заплашуват вакви психопатки ли. Скоро еден пријател ни вели детево не сака да оди во градинка , не сака да слушне , па не ја пуштаме веќе.Една проста жена , млада , со мало дете , незнам негователка ли е што ли е во градинката , му викала ако не спиеш ќе те однесеме доле во подрумот.Родителот вели не сум сигурен дека е таа точно , не сака детето да каже ама веројатноста е голема.Која и да е , што е битно.Ги плашат децата бе.А многу од децата дома не сакаат да зборуваат за тоа.Страшно.
Многу се 19 дечиња на 1 негувателка. Ние некогаш со едно не можеме да се справеме, а не па со толку. Не е оправдување тоа, ама ова го има во сите градинки и тој недостиг на воспитувачки е голем проблем и мора да се реше
Да многу се 19 на 1.А што правиме со групи од 30и повеќе со две негувателки? Значи има кадар,има луѓе кои седат дома и копнеат за работа со деца зашто за тоа учеле,но немаат врски за вработување.Кога одеше син ми во градинка негувателката беше со средно и со лиценца.Научено 20 30 страни ,и толку.Толку.Што дека некој учел факс,одел на пракса,полагал испити.НЕмам замерки никакви за неа,но треба да се обрне внимание кој се ни ги чува децата. За видеово би рекла дека девојкава која снима требало внатре да влезе да види што е работата.
Министерство за труд и социјала треба да поведе сметка кој се е воспитувач и треба малку построги мерки да се воведат. На воспитувачките треба да им се прават редовни психо тестови а и да се спроведува оценување меѓу вработените (секоја колешка анонимно да ги оцени останатите колешки) како што се спроведува и во целата јавна администрација, па најлабо оценетата да се тргне или да се премести на работно место каде што нема да има контакт со деца.
Не ми е јасно како знаат да штрајкуваат за плати , а не се бунтуваат против "условите" за работа?! Ова општо за работниците под државна капа. Ќе ги избркале од работа ... Абе не можат сите да ги избркаат. Па и уште кога некој од нив ќе ми заземе став да го брани раскантаниот систем личен пр. Кај што одам на цтг двата апарати се КРШ по 2-3 пати ги повторуваат пациентките и ако прокоментираш тешко тебе , коа ќе ти се пушти тоа сестрата чиниш за срце си ја фатил епа нека работат и трпат во канта систем . Исто е и со градинките ,мене ми се жали а ваму кога ќе покренат иницијатива родителите да се бараат пристојни услови што е и во интерес и на вработените како кртови во земја ќе се скријат, па и очи ќе ти вадат на крај! "Ќути може да биде и полошо" е од тоа си патиме . А највеќе ни трпат децата.
Понекогаш од влакно ортома се прави. Воспитачките се далеку од идеални ама јас да сум на местото на оваа воспитачка така јака тужба ќе и опнам на оваа што снимала бебе како плаче и тврди дека некој го навредувал бебето и го тепал. Изгледа немате отидено во јасли да видите бебињата како плачат. А сигурно и мајката била известена да дојде да си го земе. Прочитајте го законот за јасли, во јаслите една воспитачка треба да биде на 6 -8 деца а кај нас се на 18. После се буните па кога не ви ги примаат. Откако ќе ги примат 20 деца во група па зошто плачат.
Треба под хитно да се превземе нешто И родителите молчат,као демек немаат избор Ако станат сите,во сите градови,протести,телевизии и да не се откажат дури се среди ова Мислам дека така ќе превземат нешто по градинките Тие и петиција потпишувале поради ова затоа што ова однесувањето било секојдневно и со секое дете Директорот не превземал ништо
Страшно е ова што се случува Што се криви дечињата,нејзе ако денот и почнал на лева нога не е нејзино детето па да се дере како луда. Повеќе контроли и казни треба да има ,тоа дете трауми ке има А многу добро знам каква траума е дерење! Не е ова само градинките може ке отидам надвор од темата ама ова се случува и во автобуси од страна на пензионери сум била сведок пензионер да малтретира психички едно девојче фалеше уште да ја лупне од земја ,значи секој ден се повеќе и повеќе нечовечност има во државава не сме веќе луге ,животни сме . Се согласувам за протести иако сеуште не сум мајка да би имало протести ќе излезам! Иначе клипчето не сум го гледала го побарав го нема нигде некоја членка да прати линк
Кога ќе помислам дека сигурно не е прв случај и не е единствена воспитувачка . Таа, истата личност превзела одговорност и е вработена за што зема плата. Таа е на работно место, прво. Ако не таа способна со нервите да ги чува децата, нека си замине. Децата не и се виновни и не заслужиле шамари, погрдни зборови и слична тортура. На кој лудаци деца се доверуваат? Страшно! Нека се превземе нешто, доста децата се третираат како ќе и ќефне на некоја психопатка...
Повеќето од нас работат со луѓе. На повеќето ни е дојдено преку глава. Повеќето се жалаат дека работат за двајца или тројца. И сега треба да се дереме?! Воспитувачката е ВИНОВНА. И не ја оправдувајте-Ве молам. Во спортивно ги оправдувате и сите нервозни административци, шалтерџии, продавачки... Можеби и ним не им е ден..може се нервозни и љути...може толку малку ги плаќаат а работат за тројца...може имаат капацитет за 20 странки дневно а примаат 60.Може имаат слаби нерви па ете решиле да Ви се дерат !
Ај да не се правиме со сила мрднати,сите знаеме деца како плачат и бебиња,штета што девојкава што го снимала видеово не отишла поблиску па да видиме внатре што се случувало.Без разлика колку деца чува,ако едноставно нема живци и нема веќе способност за чување деца(што е доста напорно),може да си даде отказ и да си тера со друга работа,а не да малтретира мали дечиња.Јас сум за да се тестираат негувателките барем 2 пати годишно најмалце,психички тестови,и психијатри да ги прегледуваат,ова што се случува е надвор од секоја можна граница. Пред 3 недели кога ја зимав внука(3 годинки има) ми од градинка(ново лисиче),беше црвена на лицето,буквално како некој шамар да и удрил,пробував да извадам инфорамции ама не успеав,после одреден период(4-5 дена),пак ја прашав,вујче абе тетката од градинка да не те удри,и ми рече ме удри,шамар ми удри,луѓе полудев дома,значи тотално полудев,татко ми и сестра ми,ме молеа да не идам да правам глупост.Среќа брзо се смирив,од тогаш нема отидено во градинка,а нема ни да иде,затоа што ке треба да лежам затвор ради некоја искомплескирана будала,која нема живци,а работи со сила,и ке треба да ја утепам. Ова е хаос тотален што се случува во градинките,за жал не е ова од сега.
Девојчево ќе си настрада изгледа. На видеото се слуша само минутка плачење на бебе, ништо друго. И два саати да е, може е друго бебе, трето, четврто...20 се. Може не можеле да го смират. Секако може да се оправдаат.
Добро ти се косиш со сите тука што пишаа дека чуле и ја коментира воспитачката или негувателка што и дае .
Ова е производ на нереагирање кога ќе посведочите криминал. Замижи еднаш, замижи два пати, па после чуди се оти уште има криминал.
Девојчето секој ден се дерела и ги навредувала бебињата и дечињата под изговор дека плачеле Родителите и директерот се запознаени со девојчево и нејзините секојдневни испади на бес и никој не одговара за ова