И како заврши се? Отиде Мила, виде дека не само што нема никакви докази дека детето плачело 2 саати и е малтертирано туку на терен виде и дека во група во која законски треба да има максикум 8 деца , на една негователка има 25 деца. Некој пишал тука споредба тоа не било оправдување демек и административец денес може 20 странки му е капацитетот ама примал 60. НЕ Е ИСТО ! Не е исто на шалтер да работиш и еден по еден странки да идат и место 8, да ти писнат да плачат 25 бебиња. Плус во администрација секогаш имаш колега да те замени некој, тука НЕМА. КОЈ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА??? Министерството! Нестручни кадри, недоволно простории , несоодветен број на деца. Ама ќе дојде ден како што е сега со државни и приватни болници така ќе е со градинките. Намерно се повеќе ќе ги запоставуваат за да мора децата да се праќаат во приватни градинки што се во нивна сопственост а секако и таму ќе го намалат квалитетот на услугите.
Имаме зборувано и порано за ова. Многу сте наивни. Само родителите ќе имаат пристап? Да, и еден куп педофили и остали манијаци на кои не им треба којзнае колку ИТ познавање. НАСА ја хакираа, па што останува за нашите градинки?! Имајќи предвид колку “квалитетно” правиме се. Јас не сакам, благодарам. И доколку дојде како предлог некогаш (а се надевам никогаш) ќе бидам жестоко против.
Чудно како наеднаш организирање, бунење и протестирање ви стана битно? Кога ви велев онаму, дека 'поклончиња' не се решение, ме нападнавте сите. Онаму каде што сум се побунила, никој зад мене не застанал, иако и многу други биле во иста каша како и јас. Само будала испаѓав. Кај нас нема граѓанска свест, народ да се самоорганизира и да си побара некое право. Ако не ве собере партија, нема да знаете сами да се соберете на протест. Камери треба да има, ама не да се стримува никаде, туку да се снима во самата градинка и да се прават бекапи. Обезбедувањето треба да врши надзор, ама да може со налог и инспектор и мвр да прегледа снимки.
А кој тоа се организира да протестира? Исчитав неколку страни наназад, никој никаде протест не спомна, организирање пак ИЧ
Абе ајде, какво снимање. Замислете си секој од вас на работа да го снимаат цело време, би дозволиле ли? Јас не, ни под разно. Кај мене во школо има надзорни камери по ходниците и во училишниот двор, но знам дека има закони кои строго забрануваат снимање внатре во училниците (секако и во тоалетите). Конкретно за случајов, мислам дека целиот проблем е преголемиот број деца во групите. Не верувам дека имало малтретирање туку едноставно неможност наеднаш да се смират дваесет расплакани бебиња. Едно ако плаче, по него и другите, и без да има причина. За "кучко една"... Guilty as charged, и јас внуките ги викам прасе, трапчо, магаренце, муле, теле, мисир, мајмун и слично. Навистина е вербално насилството? Како не било. Појма немаат што е вербално насилство.
Зошто бе да нема и во училниците? Во сите приватни фирми има камери на секој ќош. Прашај продавачки во маркет, како за пример.
Што има јас да дозволувам или не ?! Се снима. Кому не му одговора-вратата му е отворена. И шалтер и странки се снимаат. И тоа во секоја банка. И на влезна врата прво ќе стискаш дугмиња додека те фати камера, па тек тогаш ќе влезеш во банката (нормално, ако ти одговара)..во УЈП ако сакаш да влезеш и ташната ќе ти ја претресат...а во НБРМ на влез и лична карта ке ти побараат. И во влезови на камери се снима. И ските објекти во Сити мол имат камери. Или тогаш не ви пречи што ве снима некој ?!
Како бе така...? Јас не дозволувам, не смеат да ме снимаат без моја дозвола. Јас и не седам на катедра туку цело време сум негде низ училница.
Како што кажа и Рефка, нема сакам-не сакам. Во сите приватни фирми има камери. Не ги прашува некој дали сакаат или не. Не знам кои се законските можности за ова конкретно, но ако даваат можност, јас сум за.
Ако плачело само 1 мин нема да е истрауматизирано. верујте .. Се гледа дете кое рикало и се исплашило. Така да... џабе колку да се докажуваат негувателките. едит работам у државна фирма и има камери. не ми пречи немам што да кријам. Тие што им пречи мувата на капата изгледа им е..
Без писмена согласност никој не смее да снима никого, тоа го вели и Законот за заштита на лични податоци меѓу другото, Конвенција за човекови права, Конвенција за заштита на права на детето и така натаму. Не е иста категорија снимање училници со снимање шалтер или продавници, неспоредливо е. Знаете и самите дека снимки од видео надзор не се прифаќаат на суд туку напротив, сниманиот може да тужи за неовластено снимање. Мојата драга директорка, родителите на учениците, па и кој сака друг, во секој момент се добредојдени на моите часови, дури и ненајавено. Ама снимање не дозволувам.
Уф.. ова отвора дополнителни прашања, за оправданоста за снимање во приватните фирми... Ама ваљда е покриено во договорите за работен однос... Се надевам..
Веројатно е така, ама секој сам треба да се бие за своите битки, да се бори и заштитува своите права на работно место. Јас лично ги знам скоро па на памет Закон за основно образование, Закон за работни односи, а и некои други закони и правилници што ме засегаат. Мора така, за да се заштитам. Верувајте, на претпоставените не им е исто дали нешто паушално се буните или точно им цитирате член и став од закон.
Не им е.. за тоа си сосема во право. Во основно или во средно школо си? Вака, од што те читам, ми иди да ја префрлам ќерка ми кај тебе
Што да прочита бе вилд? Реков ако се излезе и се протестира Се протестира за имиња,за партиски цели додека децата им ги малтретираат по градинките Btw:жената уште си работи во градинката и вришти по децата...предпоставувам Превземаа нешто или случајот ќе се разгледа Мижи Митро,толумби ќе паѓаат
Да де, тоа и јас кажав. Дека треба да се научиме да си се организираме и заедно да си ги бараме правата и да бараме промени во системот, доколку нешто го сметаме како проблем.