И јас сум проста хаха. Само кај еден доктор Во Систина одам во бременоста. На матичната и немам очи видено. Е сега ќе одам во 35 недела за брисевите кај неа. Првите ги правев во Систина, ама за вториве не таму зашто ми е скапо. Ам а искрено до 9 месец ми е чудно. Бебето клоца, стомак расте
Jas kolku sto razbrav slucajot bil pred edna godina vo privatna bolnica samo sega go aktuliziraat.Ne se slucil na GAK tuku vo sv Lazar ili sum greshka??? Zosto se molcelo cela godina? Vakvi raboti ne se molcat.
@mira.mira И требало време на жената да се совземе и да излезе јавно со приказната. Т.е. анонимно. И не е за чудење, какви коментари се изначитав на фб, проста била, ваква била онаква била. Во мои очи тие повеќе прости изгледаат. Мислам дека беше спомнато и дека имал помагачи гинекологов, ама не ме држете за збор. Јас не гледам причина зошто таа жена би знаела и би се преправала 9 месеци дека е бремена, со која цел? Ги имала сите симптоми на лажна бременост, сигурно има сведоци и од свои блиски кои сигурно и тие верувале во таа бременост. Па не седела валјда женава затворена во соба 9 месеци. Страшно жално.
Не го следев многу случајот по ТВ ама излезе ли некој од ГАК со соопштение, со мерки кои ке бидат превземени против докторот или еден таков монструм уште ке се шета по скопските клиники? И мене отпрвин ми беше чудно како жената не приметила затоа што имаше премалку детаљи во статијата. Ама сега ми е жал, воопшто не мислам дека е проста туку жена која е ѕверски изманипулирана. И лажната бременост е озбилна состојба, не е за потсмевање. Греота за луѓето низ што се поминале. Одговорност некој ке сноси ли или ке се заташка работава, мене тоа ме интересира?
И мене ми се чини дека како и сите други доктори кои направиле грешка или ќе одговара или ќе биде заштитен како мечките и волците
Ama ne mi e jasno kako be moze vakov doktor uste da e i vo lekarska komora,i kako Sveti Lazar do sega ne se izjasnile za slucajov,ili pari vo raka,mara za raka sto bi rekle starite i se pod cerga skrieno.Citam i ne mozam da se vozdrzam,mi se ide jas da mu lupnam nekoja,i zamislete uste raboti,e ne mozam,ovaa moja cudesna zemja
и јас исто од прв до последен ден кај Ивановски цело време никој друг не ме гледал. ( Не ја сметам ситуацијата со серклажот каде што дежурен доктор ме виде на испуштање од болница):
И мене само еден ме гледаше Незнаеме дали е сеуште член на лекарска комора. Плус Св.Лазар како болница одамна (година и повеќе) непостои.Друг ја купи, се смени цела постава на доктори. После Св. Лазар колку разбрав во друга приватна клиника работел, па на крај во ГАК
А тест за бременост не правевте? Крвна слика мокрача? Еден доктор без никакви други испитувања? НЕ МОЖАМ ДА СФАТАМ. Не ми фаќа главата. Чир на газот да е и 9м да е ќе одам по 300 доктори.
^Пиша некој погоре дека жената била бремена, ама веројатно го изгубила бебето и искрварила, само како успеал баш се да заташка овој, не ми е јасно. Дефинитивно имал помагачи, ова не го правел само на своја рака. Жената веројатно правела тест кој во почетокот бил позитивен ама ете... Лесно е да нагаѓаме што и како се случило и како требала да постапи, ама со многу работи не сме запознаени како се одвивале па не е убаво и да шпекулираме.
До некаде се сложувам со тебе. Ај за тоа што одела кај еден доктор, ок. И јас одам кај еден само. Ама бебето мора да клоца бе. Не може ич да не клоцне. Ај може да не е толку активно, ама барем еднаш во два-три дена. А стомакот не и пораснал ич ли. Јас сум почеток на осми и немам баш голем стомак, ама се гледаат промени, ми расте стомакот, градите ми пораснаа.
^Луѓе, читавте ли за состојбата наречена Лажна бременост? Прво прочитајте па пишувајте, значи жената може и чувствувала дека нешто и мрда во стомакот. На крај докторот ке излезе дека е прав а таа виновна. И давал и хормонски апчиња од кои се дуела. Не знам како е толку несфатливо.
Најбитнo жените се криви оти ги труел со лекови, им ги играл хормоните и психата, земал пари на рака, ќе правел царски на не трудна жена, само да и каже демек мртвородено е детето... Исто се криви и оти лекарска комора знаела, и ќутела и ќути се уште. Не оти секоја Вмровска овца со завршена градинка е доктор, здраството ни е корумпирано и неспособно, сам си купуваш игли и конци да те закрпат, па уште и клима да им купиш оти си ја завршиле работата. Само тоа не, ве молам!
Абе кога ќе мавне бебе клоца од сон буди.... мрда цело стапало се гледа. У желудник клоца па пребледуваш па мораш да стоиш да отиде подоле или да тргне нога да јадеш... цел мев скока ко топка.
Аман што и се напнавте толку на жената не ми е јасно... Ко таа да е крива. Ете одела само кај еден доктор, што е чудно? Ако прочитавте убаво, ќе разберевте зошто мислела дека е бремена. И давал триста инекции со хормони, и покажувал слики од ехо, срцебиење, плус желбата и била огромна за дете, и нормално психички си мисли дека бебе има... Па кој нормален би се сомневал дека можно е да лаже некој доктор за бременост? Чекаш 1000 години за дете, одиш на доктор и ти покажува на ехо дека си бремена... Ти ќе бидеш пресреќна или ќе речеш абе да не ме лаже овој? Плус десетици жени изманипулирал... Значи доверба е во прашање, а не е можно сите да се глупи. Докторот е крив и никој друг. Си играл со туѓи чувства на толку осетлива тема. Како не му е срам уште да излегува и да се правда.... Ненормален. 10 дипломи ако сака нека има, џабе е кога нема човечност. После ќе рече некој во Америка не се нормални, па еве случка пред очи.
Жена што не била бремена не знае како и колку клоца бебе. А постојат и случаи на жени кои што многу малку го чувствувале клоцањето на бебето па пак родиле живи и здрави деца.
Па може на некои ете ни е несфатливо. Мрдање и клоцање не е исто. Мрда како пеперутки до кај 6 месец, а од 6 месец веќе е клоцање и тоа стомакот се изместува, па дури ме боли кога ќе клоцне јако.