И тоа го слушнав.Ама соседите ќе уриваат дивоградба? Не е оправдување тоа,се знае кој урива дивоградби.
Цел Чаир,Батинци,Сарај,Тетово,Гостивар,Арачиново,се диво градби,ајде да идеме да рушиме? Си има институции за бутање на диво градба,башка човекот кажува дека никаде не им покажале документ за рушење,ај тоа.Што правиме со 30 души што ги нападнале?
Можеби,ама дури и да го исклучиме тоа за ѕидот,не се оправдуваат заканите,малтретирањето,па и автомобилот им го оштетиле.Тоа си е работа на институциите. Закани по живот се и те како сериозна работа.
Кривична против 55-годишник поради полов напад врз дете На 25.07.2018 година во неговата куќа во Крива Паланка пријавениот извршил друго полово дејствие врз женско дете од Крива Паланка кое не наполнило 14 години. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Р.Ѓ. (55) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. На 25.07.2018 година во неговата куќа во Крива Паланка пријавениот извршил друго полово дејствие врз женско дете од Крива Паланка кое не наполнило 14 години, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. ------------------------- Е немам зборови за ова, значи!!! Најбезобразната форма на човечка злоупотреба!
Киднапирал девојка, по што таа кај езерото Младост му избегала https://faktor.mk/kidnapiral-devojka-po-shto-taa-kaj-ezeroto-mladost-mu-izbegala
Баш ме интересира, дали некој од очевидците, пријавил веднаш кога се случувало. Сигурно имало луѓе надвор.
https://www.24.mk/kje-se-bara-nova-rekonstrukcija-za-ubistvoto-na-sazdovski Адвокатите ќе бараат реконструкција на настанот. Во телефонски разговор Насер Рауфи го потврди барањето и вели потребно е уште еднаш да се преслика настанот бидејќи лоцирале пропуст во истрагата. „Сметаме дека има пропусти, бидејќи местото на настанот не е покриено со фото албум. Таму во тревникот има метална кутија од ЕВН, која веројатно е пропуштена, но ние сметаме дека е многу клучна за повредите“, вели Насер Рауфи - адвокатот
Почина Ева Крстановска, девојчето кое боледуваше од редок вид на леукемија за кое не се собраа пари за лекување... https://fokus.mk/pochina-eva-krstanovska-devojcheto-koe-boleduvashe-od-redok-vid-leukemija/ За лажни иновации за партиски функционери имаше милиони евра, а за болното девојче нема.
Немаш барем малце срам и осет ? ! Политика да вмешуваш во смртта на едно дете, со цел собирање поени ?
Ќути, трај... до лани здравство цветаше, те овие го зафркнаа. 6 влади да се сменат треба дур нешто се промени во тој сегмент. Само не користете туѓа несреќа за докажување на политички ставови. Важи за двата табора. Безосетно е!
Ах, сега ќе ги оправдувате и ќе се бламирате. Овие ќе бекнат нешто откако си седнаа во кожените фотељи?
Пред некој ден го отворив фб на починатото дете. Се згрозив какви коментари некои бездушници му пишувале под неговите слики. Имаше коментари од луѓе кои буквално се ситеа со неговата смрт. Зошто институциите не реагираат? Нели забрането било говор на омраза? Изгледа тоа важи само за поединци...... На кое дериџе дојдовме сдсовци да зборат за срам и осет? Да знаевте што е срам немаше да го распродавате името на државата. Смртта на Тамара и Мартин ја користевте за политички поени. Со години не ги остававте да почиваат во мир. Дојдовте на власт и оп пу пу не важи повеќе не ја ни спомнувате нивната смрт. Сега па се буните ако некој искоментира дека за девојчето не се собрани потребните пари. До кога со тие двојни стандарди?
Не ме интересира политка,а уште помалце партии,доволно сум видел во животов и кога биле Вмро на власт и кога биле Сдсм на власт,исти лај*на се сите,ама баш сите партии,само да дрпаат пари од народот и само народот да страда. Али ова е лудо е ова е ненормално нешто,додека млади умираат,се немало пари за здравство и фонд,а имаат 670 илјади евра за цвеќиња?Море да ви се плукнам во глаата ненормална и нездрава,да се запалите живи до еден сите лопови. https://www.24.mk/vladata-kje-potro...a-cvekjinja-za-objektite-na-drzhavnata-uprava Владата распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на Државната управа. Според огласот на службата за општи и заеднички работи, објавен на Бирото за јавни набавки, проценетата вредност на набавката е околу 670 илјади евра. Владата бара целосно одржување на садниците и обновување, технички кадар, минимални типови на опрема, материјални средства на одржување. Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.
Влада: Тендерот за хортикултурно одржување и уредување се однесува за 20 државни објекти низ целата држава Од Владата информираат дека тендерот за хортикултурно одржување и уредување се однесува за 20 државни објекти низ целата држава, за површина од 133.654 м2 и опфаќа период од 3 години. Велат дека станува збор за набавка која опфаќа период од 3 години и помеѓу другото предвидува ангажман на 25 лица, а се однесува на набавка на услуги за точно 20 објекти во државна сопственост (табела 1). ------------------------ Не ни е дојдено до цвеќиња, ама барем целосна информација нека пренесуваат.
Лелее, повеќе од пола милионче за зеленило?! Па за оваа цифра очекувам Јура Парк сосе рептилите да им трчаат пред влез на Влада.
За 3 години, 25 мина, ако земаат по 200 евра плата, тоа се 180.000 евра само за плати. Заборавив на 200 евра плата пензиско и здравствено е околу 110 евра за месец. Тоа се уште 99.000 евра. 279.000 евра за плати и придонеси за 25 луѓе за 3 години. Остануваат 391.000 евра, делено на 20 фирми, по 19.550 за фирма за 3 години, односно, околу 6.517 евра годината, за садници и одржување ... 543 евра месечно... Ако пресметав убаво.. 543 евра месецот.. многу ми се некако... ама не знам колку пари се садниците, водата, лендскејпинг дали ќе плаќаат, ѓубриво.. не знам што им треба друго..