Малограѓанштина човече..стигнаа да рамнат парче земја со човечки живот.Нека им е лесна земјата на починатите.А психопатот не знам како ќе спие со помислата дека убил девојче на кое целиот негов живот бил пред него.. Ало држава што правите бе??Тројца се мртви а убиецот не е познат?Тоа значи дека секој секого може да убие и да не го најдат?Браво им оставате простор на говедата да се котат. *под говеда мислам на убијци/криминалци да не ме сфатите дека е во друга конотација.
Ова беше првична вест Нормално дека нема да шпекулираат со идентитет на сторител, ама веднаш после еден час веќе сите портали објавија обновени вести. И слики од жртвите се објавија. И причината за инцидент. На новинарите не им трба многу време за да расчепкаат и да разберат.
Жално е што се случува. Сигурно траел повеќе години овој неспоразум, ама ваква кулминација не е никакво решение! Нека почиваат во мир починатите... Што е криво малото девојче, цел живот пред нејзе... Будалата која го направила ова треба да го стават на бесилка, и жив да го запалат ѓубре! Ништо не е повредно од човечкиот живот. Свестете се луѓе, каде ќе ви оди душата на вас што правите акви работи и се карете и тепате за парче земја. А бре, и така и вака сите ќе одиме во неа на крај. Дај живејте го животот во мир и спокој. Еве ги дома, татко ми и чичко ми во иста куќа живеат, со посебни влезови и дворови и 20 години муабет немаат направено заради вакви прости работи...
Луѓето не ни живееле овде, во Италија фамилијарно живееле и работеле. Среќа што двете поголеми деца пред некој ден си заминале назад на работа, иначе и тие ќе биле....
Во Македонија дефинитивно треба да се отвори куќа споменик на жртвите од македонското здравство. Вистински холокауст ни се случува. https://kurir.mk/makedonija/vesti/p...o-dete-pochina-poradi-lekarska-greshka-video/ Наместо веднаш да го пратат детето во Скопје каде што докторите специјалисти се неколку класи подобри и постручни од прилепските тие го држеле детенцето 10 часа со температура. Дури и го препратиле дома. Срамота.
Јас не знам зашто родителот чекал 10 часа некој да му каже да појде накај скопје. Кога гледаш нема доктори со чепче го лечат креваш се во вис и поаѓаш. Не велам дека родителот е крив што верувал дека знаат што прават докторите но сепак.... секогаш се треба да се прима со доза сомнеж посебно во денешно време. За жал прекасно.
Дури сега прочитав за тричленово семејство. Не знам која е причината, ама која и да е не е решение убиство. Жал ми е за нив тројца, ама повеќе жалам за тој што пукал во нив зошто максимум пет-шест години ќе лежи и пак на слобода.
https://kurir.mk/makedonija/hronika...proveril-biletot-i-pobaral-povtorno-da-plati/ Во текот на вчерашниот ден во 19:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Т.Б.(2 пријавил дека истиот ден околу 16,45 часот на улицата “Љубљанска“ во автобус на ЈСП број 15, од страна на контролор на ЈСП бил физички нападнат со тупаница во пределот на устата, информираат од МВР. Според пријавата контролорот дошол до Т.Б., му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта. Тој одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.
Албанки семејна тепачка за паркинг место во Аеродром. Добри шамарии и тргање за коса падна. Зарем е можно за паркинг човече? https://24info.mk/видео-крвава-тепачка-на-паркинг-во-аер/