Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Нема врска дека жртвуваат вештерките животни. За шаманство не знам, ама за вештерство... Оние шарлатаниве можеби, исто забегани психопати... Вистинските вештери се борат за зачувување на природата, а не уништување.
     
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Енџ, не постои такво нешто како вистинско или добро вештерство. Знаеш дека дуализам постои во сите пост модернистички религиски правци. И шаманството кое го спомена, како и мааната и вудуто се форми на експресија. Тоа што се третираат како негативни не ги прави помалку вистински и ,,моќни".

    Во списите на Wicca нема да најдеш жртвување, но во Розејкроцерството и одредени Темпларски редови постои, а и тоа е вештество.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ако гледаш на вештерството како религија - дефинитивно не постои. Ако го земеш вештерството како природа на човекот која е изгубена и против која се борела инквизицијата - тогаш тоа е друга приказна. Ама тука влегуваме во теории на заговор и приказни кои не се баш сварливи за многу луѓе. Јас за себе си зборев, како вештерче. :makeup:
    Ова е веќе офтопик, и тотално друга тема. Нешто што не е ни за форумов, реално.
     
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
    Тој што го направил тоа е класичен психопат, најверојатно платеник, и тоа е во склоп со политичката заебанција што се случува во Македонија.
    Самиот чин е Сатанистички , тој е Сатанист .. така да треба да се најде и да се стави во затвор под итно!
     
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Вештерството е религија или подобро кажано религии, (логично бидејќи имаме повеќе правци), и не постои изворно вештерство.
    Зошто секоја религија во која е вклучен било каков ритуал или обред може да се каже дека се занимава со вештерство. Исто како што се сите религиски групи секти, вклучувајќи ги и најдоминантните во светот.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ама јас никаде не спомнав ритуали. Сѐ што се води по ритуали е религија.
     
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Не мора да спомнеш, во секоја религија има ритуали, се подразбира тоа.

    И во вештерствата има ритуали, зошто и тие се религии исто колку што се таоизмот и хиндуизмот на пример..
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На sparklie, jacqueline.s, violetblue и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па да де, секоја религија има ритуали. Ама тоа што јас многу пати сум рекла дека сум вештерка и поминало како низ шала на форумот е многу поразлично од вештерство како религија, собирање, правење ритуали, повикување духови, чекање да се заљуби во мене и што и да знам. Затоа реков. Од религија вештерство, до тоа што човекот како единка е способен без да прави никакви ритуали има разлика од тука до Нептун. Тоа што јас викам дека сум вештерка нема никаква врска со религијата вештерство, ниту летам на метла, ниту жртвувам животни.
     
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки

    Многу интелегентно од твоја страна. Имаш некој контра аргумент да ми го побиеш мислењето или .. ?
     
    На sjdgo и carangigia им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Околу ритуалите. Одењето во црква од религиски аспект е ритуал, палењето свеќа на гробишта е исто ритуал (кој колку е колку христијански толку и вештерски). Проблемот е во терминот. Луѓето вештерството го поистоветуваат со зло, а не се свесни дека тоа не мора секогаш да биде така, и дека всушност и самите тие се припадници на религија, и се вештери преку секојдневно извршување било какви религиски активности.
    Дали се бавиш со клањање, молитва кон Кришна, или касапиш јагниња во име на Зоро, не е битно, вештер си. Со исклучок на последново кое од морален аспект не е добро бидејќи живи суштества страдаат во самиот ритуал.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Јaс рaзбирaм декa имa психoпaти вo држaвaвa aмa не рaзбирaм зoштo медиумите пренесувaaт и се дискутирa тукa, сaмo ќе се пoтикне некoј друг психoпaт, пa и негo дa гo дaвaaт нa телевизијa, oвa не гo мислеa ни aмерикaнците кoгa ги реклaмирaa убијците oд кoлумбaјн, зaтoa сегa пукaњaтa вo училиштa им се редoвнa случкa oд кoпирaчи психoпaти.
     
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Nope.

    Не е теле, за да биде интелегентна. :bandit:
     
    На Belgin1, Prijatelot и DAngel им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Е ритуал. Абе се сложуваме за сѐ, само не се разбираме. :D

    Пффффф...
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @Nigredo Odor и те молам не ги викај вештери. Вештерството во негативна конотација е создадено од христијанската црква. И приказните за ритуали, и магии, и сѐ тоа. Сето е создадено од христијанската црква. Во принцип сето ова е производ на патријархални религии. Вештерството е знаење, страв од вештерството е страв од знаење. Желба за свет во кој владее мрак, во кој имаш луѓе роботи кои ти се поклонуваат на едно или друго божество. Било кој ритуал е масовна контрола, страв од виша сила, или воздигнување на виша сила, сеедно. Муслиман, христијанин, сатанист, хиндуист, окулист, на крај сите се сведуваат на исто. Страв, незнаење, глупавост.
     
    На Rebecca_R, lovestoneddd и Amellie13 им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Кого да не нарекувам вештери?
    Тебе морам, ама од љубов. :P

    Оваа изјава е меч со две острици, и е вистинита и не е.
    Вистините е, затоа што црквата навистина поради фактот што проценила дека набрзо е можно да ја изгуби (опресивната моќ) за контрола врз населението се обидува окултот да го претстави како негативен или демонски, иако тој сам по себе не секогаш бил таков..

    Но, и не е вистина од причина што..едноставно постојат и обреди (како маана и вуду на пример кои горе ги спомнав), кои не се практицираат за добробит, туку баш спротивно, и во вакви случаи аргументите биле на страна на црквата. Иако, интенциите на црквата, не биле секогаш добри. Доказ дека не биле добри биле Катарите 1209 година, кои кога се обиделе да го ,,наметнат'' своето поинакво поимање за Бог низ населението, Папата на Ватикан по брза постапка пратил армија да бидат убиени сите во Катарските селата, без оглед на години и пол. Кога еден официр го прашал папата како ќе ја знаат разлика меѓу еретиците и вистинските верници, папата одоговорил дека oткако ќе настапи нивната смрт, Бог е оној кој ќе одлучи кои ќе припаднат во неговото царство, а кои нaдвор од него.
    Примеров го посочив не ради неправедноста на црквата, зошто тоа на сите ни е многу добро познато, туку од причина што дури и самите свештени лица се повикувале во името на Бог кога правеле нечесни дела, заземајќи ја неговата artifical форма, притоа несвесни дека не се ништо подобри од самите еретици.

    Да, токму така. Освен тоа, во многу религии улогата на жената е потчинета. Не е само во доминантните религии така, туку и во многу масонски ложи, иако од таму се правдаат дека жените имаат право на иницијација меѓутоа, нивната положба е веќе однапред предетерминирана според изворните списи..а они се таму само да го следат редот. Ахам, секако. ;)
    Но, тоа е едноставно така, не може да го смениме.

    Етимологијата на зборот вештерство, според најклучната дефиниција го вклучува зборчето ,,skill" но, истовремено и го корелира со религија. Што значи вештерството (или вештерстварата whatever), примарно секогаш одат под рака со окултот.

    https://www.etymonline.com/word/witch

    Инаку, јас знам тебе што ти е поентата, го имаме правено муабетот.
    За нив сите биле вештери кои правеле нешто поинакво или подобро (иако иронично и тие самите биле :D ), и сите заслужувале да горат на клада.
    А најироничниот момент од цела приказна е што уствари, палењето на вештери на клада..не е христијански обред, туку факен пагански. Додека оние кои го спроведувале, се нарекувале христијани. :rofl:
     
    Последна измена: 8 октомври 2018
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    А да пишувате во 'Другата наука'?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не, вистина е дека нема никаков окулт. Црквата се борела против еретици, а волшебништвото се сметало за најголем ерес.
    Мешаш поими. Нема никаква врска инквизицијата со вештерството како религија.
     
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Инквизацијата не ја спомнав јас, туку ти.
    Времето додека се одвивала истата, црквата ги казнувала со смрт и оние кои вистински се занимавале со магика, и оние кои воопшто немале допирна точка со истата. Кога пишав аргументите биле од страна на црквата мислев хипотетички, а не дека биле во ред казнените одлуки кои ги носеле во тој период.

    Окултот буквално од секогаш постоел. Црквата понекогаш знаела за него, некогаш не.
    Окулт не нужно е негативна работа, како ни вештерство.