До каде е случајот со исчезнатото дете Пино ? Го пронајдоа ? Мајката го избришала барањето на фејсбук, а во МВР сеуште се води како исчезнато.
https://skopjeinfo.mk/skopjanka-poc...YZbAh6k_3uaraYLvIQqQrO0W9M1uFDpAmFOUfRkhulveI Значи кој има пари за во приватна болница ќе биде во ред...Останатите,па може да умираат во ходници Доктори и сестри,ало Хипократова заклетва,пу пу не важи.А ќе речеш почитувани,академски граЏани.Кој ќе понесе одговорност? Скандалозниот министер? Вакцини со поминат рок,па лажно ја вакцинираше внука му и сега ова...Па од морални причини би требало да си поднесе оставка.А богами и да одговара за фарсата со лажното вакцинирање.Во некоја друга држава,до сега 100 пати ќе си поднесеше оставка и ќе се пријавеше сам...ама овде,битно е северни да бидеме „Живот“ ли беше? Или стока сме ние?
Ако нема кревет... како да создадат кревет? Да, фул е, фул до последно место. Ама тој проблем не е ни од денес, ни од вчера. А се надевам ќе направат обдукција, не ми е веројатно да умре некој од слепо црево за неколку часа. Мислам дека ова не е целата приказна.
Ако е лажна вест, тогаш ова е дното на новинарството. Но може еден ден вакво нешто навистина да се случи, гледајќи ја состојбата со здравството. Се надевам дека нема и дека ќе се најде способен министер во иднина.
Мислам дека е чиста лага ова.Првин бидејќи некому ако не му е добро, нема сигурно да чека во лоша состојба во ходници. Плус одма од слепо црево не се умира.Другар мој кога имаше напад одма го ставија на операција, не го оставија да ,,чека по ходници”. И тоа неколку дена имаше силни болки во стомакот и грчеви и сите симптоми.
Од слепо црево може да се умре ако перфорира,бидејќи се труе крвта.Ако е лажна вест,па дното е ова Од друга страна,јас се надевам дека е лажна,бидејќи гревота е.Ама да пишуваат лажни вести само за клик Во секој случај сме го достигнале дното.
Не е лажна вест, само порталот ја погрешил дијагнозата. Менче Точи истражи. https://novatv.mk/patsientka-pochinala-od-sepsa-otkako-bila-preprakana-od-bolnitsa-vo-bolnitsa/ "секој има право да умре“, рече Караџов, за НОВА. Изгледа само право на живот немаме во државата.
Северна, земја каде се умира од слепо црево. Немаш право на живот, ама право на смрт секако. Еден да се погрижел за женава, само еден, да ги земел работите во свои раце и да ја испитал до крај работава, таа сега ќе била жива. Ниту срам ниту страв немаат овие доктори кај нас.
Катастрофа е ова што се случува во здравството. Ќе речеш ај мош нешто ќе смене новиот министер, сепак е доктор, ама он да ти бил ист како претходниот. Нека си даде оставка со време
Во секоја нормална земја, со вакви катастрофални резултати, секој разумен министер ќе си дадеше оставка до сега сто пати. Кај нас оставка за било кое поље на делување е мисловен поим, све нека се сруши ама фотељата не ја испуштаат никако. Се повеќе сум песимист во врска со државава, се прашувам како може до толку за ништо да не не бива, ништо да не функционира како што треба, каде грешиме. Да ти е страв да појдеш на доктор во 21 век, за ствари кои во светот се рачунаат за рутински, е срамота, а камо ли за нешто посериозно. Македонистан заслужува да остане празна држава, заслужуваме боље повеќето, можеби таму некаде во белиот свет, ќе ни го пружат човечкиот живот наспроти кучешкиот кој ни го нуди сопствената држава.
Не е докторот крив што нема услови, нема кревети, нема ништо. Филипче е дно дна,. бетер од Тодоров. Тој треба итно да се смени.
Дури и да перфорира, не се умира за дца саати. Многу пациенти сме примиле со перфорирано слепо црево, кои симптоми имале и повеќе од 48 саати, па некаде низ тие саати и се случило тоа. Ама не сс умира туку така, ниту па можат одма да те легнат во сала, мора да те испитаат прво. Добро е ако е лажна вест, ако е вистинска, реков, се надевам на обдукција. Ни од сепса не се умира за 2 саати.
„Секој има право да умре“ Да сме во нормална држава,ќе биде санкциониран.И би било трагично да се слушне од стар дедо,80 години,кој е „експерт“ за се....а не пак од доктор.Гледајќи какви луѓе стануваат академски граѓани,не ме ни чуди нивното незнаење.Оној што треба да ти го спаси животот,тој ти го „дава“ правото да умреш.За еден правник е и по малку смешно.Ама и срамотно Па уште и на телевизија да излезеш со таква изјава.Жал ми е што му држи место на некој десет пати поспособен,кој по игра на случајот (читај нема партиска книшка),работи како помошник во некоја приватна амбуланта (во најдобар случај) или работи за минималец било што,не е вработен (во најлош случај).Дали ако се работи за неговата фамилија,ќе каже „секој има право да умре“? Нема,ќе ги однесе и во приватна болница,и во странство,и секаде.Ама ние овде, „недостојните“ ќе бидеме ставани во животно загрозувачка ситуација,ќе умираме по ходници,ќе бидеме јавно навредувани Го валкаат името на Хипократ.Не се достојни ни заклетвата да ја прочитаат.Ако има надлежни,заедно со министерот,нека си одговараат.Се згрозив @CameliaMiller те разбирам што сакаш да кажеш.Не сум медицинско лице,затоа и не сум запозната колку време треба.Сега излезе дека поинаку била приказната.Искрено,не знам кој шири дезинформации.Во никој случај немав намера да ја навредувам професијата,да не ме сфатиш погрешно.Само не можам да толерирам луѓе кои не си ја работат работата,како „правникот“ погоре,со скандалозни изјави.
Затоа сакам да се докаже што било и како било; ако има крив да си сноси вина. Оти може навистина се' било направено, не знаеме, ама нека истражат. А ако е пропуст, мрза, невнимание... одземање лиценца и затвор.
https://kanal5.com.mk/articles/366184/filipche-13-zaginati-vo-soobrakjajnata-nesrekja-kaj-karpalak Ужасна трагедија Сочувство на семејствата на починатите. И побрзо закпрепнување на повредените. Другарка, поминале тука, вика дека едвај ги извлекувале луѓето Страшно