Министерот објави на фб дека се упатиле амбулантски возила од Неуромедика и Систина кон местото на несреќата. Премногу загинати и повредени, голема трагедија. Сочувство и нека почиваат во мир
Сташно,жално,лесна им земја на починатите,и сила на семејствата да го издржат ова.На повредените побрзо закрепнување.Во вакви моменти човек останува без зборови,што и да се каже малку е....
Па нема, реално и во Скопје има потреба од Брза Помош, не можат 100% сите возила да ги испратат. Затоа земале и од Неуромедика и Систина. Не што нема возила, нема персонал наеднаш 50 повредени да прифати. Не знам зошто не ги поделиле дел на Клиника да пратат, сигурно и за тоа има причина, капацитетно ниту една болница нема место за 50 души во ист момент да интервенира - нема персонал за тоа пред се'. А и не е нешто нормално ова, навистина не знам ни дали ваков случај имале во поново време. Знам дека се повикани луѓе од дома и барем тоа е нешто што знам дека секое медицинско лице го прифаќа без проблем. Имам присуствувано кога при една поголема несреќа и сами доаѓаа за секој случај да не затребаат.
Премногу ми е жал за ова што се случи Нека почиваат во мир, сочувство до семејствата. Дај Боже другите да преживеат. Живот...само еден миг
Имали поголем шок од ова?! Ах чувај не боже. Се тешеме така. Реалноста друга е. Колку е само краток животот. Денес те има а утре те нема. Животе кучка. Останав шокирана сега кога прочитав. Се бориме како народ да опстанеме, крвнички се заштитуваме за да успееме да живееме и проживееме колку толку ама ете за секунд може под гроб да си. Чувал господ. Ако нешто навистина е тажно.. шокантно.. лошо.. злобно.. ужасно... тогаш тоа е смртта.
Мора да се откријат причините.Мора. И автобусите да се проверуваат. Се сомневам во исправноста на автобусите .
Има две варијанти 1 пука гума у вожња 2 срцев удар на возачот Возачот е жив земено му е крв и урина и се разговара со него Не е повреден само шо бил во шок Судска медицина пристигнале сеа ке се индификуваат загинатите Мегу нив има и млади на возрадт од 25-30год
Може лошо ќе бидам сфатена.. според тоа како се десило, среќа во огромнава несреќае што на спротивната страна немало возило... Трагедија огромна.... Врисоци, лелеци, трауми... Само ги мислам семејствата во моментов...
Да не збориме пред време али мислам дека трагедијата не е предизвикана од човечки фактор, туку технички. Старудии од автобуси во 2019та.
Прежално, трагично, сочувствувам со семејствата на починатите. Грутка во грло ми застана кога министерот изговори 13 . Браво и секоја чест на мештаните кои помогнале и ги пренесувале повредените во болница. Сепак уште постојат големи луѓе.
Кога ја прочитав веста на насловна малце се згрозив. Што е тој повеќе од сите други 12 па само за него се пишува. Невкусно е.
Трагичен и жалосен ден за погинатите во сообраќајната. Бог нека ги прости и полесно закрепнување на останатите. Животот е еден и од можам да заклучам дека незнаеме што не чека во животот и не вреди да се мразиме. Животот е многу непредвидлив треба да се живее во мир.
Мора да се дознае причината. Ако е човечки фактор, и човекот и фирмата да си сносат одговорност. Сепак не знаеме, се' може да биде.
Жално, многу жално. Нема зборови да се намали тагата.. Загинатите нека почиваат во мир. Нека застане бројката на 13, доста беше, и премногу.
Потресена сум, тие луѓе до мометот имале планови, соништа, цели во животот... овој живот е ништо освен еден сон денес сме утре не сме. Сочуство до фамилиите, и трпение.... голема трагедија.....