Се нудат сместувања од граѓани што живеат блиску до болницата 8ми септември. https://skopjeinfo.mk/skopjani-nudat-smestuvanje-za-semejstvata-na-povredenite
Сочувство до семејствата на загинатите. Греота и жално е за згаснатите животи. Два саати пред несреќата го поминував тој пат, се наежив кога прочитав.
Жално, прежално... Нека им е лесна земјата на починатите, повредените што побрго да се опорават а Господ нека им даде сила на семејствата. Страшно колку е минлив животов.
Луѓе слават во коментари на веста, не им било жал оти на пратеник што гласал за промена на името бил синот. Бесчовечност Огромна трагедија... Не се гледа со што се вози низ државата, нема контроли. Мене една компанија ме прогласија за "персона нон врата" во нивни автобус, затоа што им реагирав на неисправноста на возилата и несоодветниот третман на патниците. Страшно... Ќе речеш автобус е едно од најбезбедните превозни средства... Искрено сочувство до фамилиите на загинатите.
Пуууу Аман Господе смилуј се Доста е Навистина Нема безбедно превозно средство За тоа погоее ми е дури бљак да пишам една буква не да дискутирам И трудницата била добро
Нема зборови во ваква несреќа за да се намали тагата на повредените и починатите. Ги читаа од список кој се хоспитализирани во поранешна Воена болница како кој добил награда живот а не прочитаните да се надеваат најблиските дека се во друга болница. Да не си им во кожата. Во вакви тажни мигови треба сплотеност и поддршка и помош како што била брза и безрезервна на мештаните од селото. Политика настрана од се, некој бедни ликови кои пишуваат бедни коментари на основа политика ќе останат само такви бедни. Сочувство и желби побрзо да оздрават.
Бог нека ги прости, греота и страшно навистина... Него, има некој официјален податок за загинатите кои се?
Нема официјални чекаат да ги идентификуваат и објават лица од Судска медицина. Иако неофицијално се знаат, бар знаат тие што најважно е да знаат. Бог да ги прости нивните души
Навистина голема трагедија во овие моменти не е битно кој се што се. Луѓе од крв и месо сме сите. Господ да ги прости загинатите и да им помогне на тие што се борат за живот.
Мислам дека ова е еден од најтажните денови во моето постоење. Ко некој близок да ми загинал... Многу жално
Крајно безобразно, некултурно и нечовечно е да се меша политика и религија во вакви моменти. Сите сме исти да му се невиди, од крв и месо. Ама секогаш ќе има некој затупавен кој ќе спомнува вакво нешто. Срамота!
Не знам како да се искажам луѓе. Просто несватливо ми е. Премногу е тажно за да биде вистинито. Постојано сум со мислите таму. И само се надевам дека нема да го слушнам или прочитам името на некој што го познавам. Сочувство до семејствата на загинатите. Не постојат зборови за утеха.
Секој пат кога слушам сирени на брза помош срцето ми застанува. Нема доволно возила за итни интервенции во случај на ваква поголема несреќа. И да биле притиснати од приватниот здравствен сектор или своеволно да се понудиле само укажува колку има многу хуманост и посветеност во медицинската дејност. Животи даваат и животи спасуваат, а само минути се во прашање. Денови на жалост се 14и 15 и со право, многу тага и желби побрзо да оздрават сите. Сите кој мешаат вера и политика во ваква тешка несреќа со толку многу жртви и повредени не се доволни за спомнување.