Само што ја изгледав акцијата за спасување на Алсат (објавена е кај нив на фб) и стварно, ама стварно сме за никаде. Прво, шо мајка бара таа снимка на фб? Второ, шо мајка бараат 200 души таму, се знае кој треба да биде таму и полицијата треба да го расчисти местото за да може колите на Брза помош веднаш да идат и да одат. Не може цивили со 0 опрема и искуство да спасуваат луѓе, а нема кој друг. Верувам дека со најдобра намера биле таму ама не се стручни лица. И како ги товараа во возилата, мајко мила. Јака им душа на пожарникарите и лекарите и сестрите од Брза помош што треба да изведуваат чуда со опрема од пред 30 години... шо да кажеме друго. Каме, јас знам дека нема ни персонал ни возила ама баш тука е мизеријата. Во град ко Ск, не им се слошува на 50 души у една вечер? За никаде сме, јака ви душа во јавното здравство, знам дека си таму некаде. @CameliaMiller
Го погледав видеото Дечкото со црвената блуза уште на првите 5 мин од снимката е мртов Овоа е страшно Едит видеото е језиво треба одма да се тргне Млади дечки починати гинима со лик со се
Голема трагедија , на језиво место . Сочувство до фамилиите на починатите , желби за брзо опоравување до повредените и молитви за оние во критична состојба што побрзо да се избават од таа состојба ..
Треба да се престане со омразата и политиката. Починаа нечии деца,браќа,сестри.... Жално е. Сочувство до семејствата на починатите.
Црна точка е местото. Ништо не останало без баланс у животов, така па и ова, ама секогаш страда некој недолжен. Вака така си го наоѓа начин. Лошо звучи, ама некако така излегува на врат на некој најмалку виновен. Трагедија у пм. Претажно и траорно. Новинаркине не сум ги видела така потресени. И после потресувај се за ништожности... Не памтам вакво нешто, си мислиш вакви работи само на филм.
Човечки е да се потресиш од веста, безразлика за која националност се работи. Ама заборавив дека има многу не човечност и не луѓе од двете страни..... Оваа Ванковска незнам што прави во образовна институција, џабе диплома не и е местото таму.
Тажно, премногу тажно е Кога слушнав, цела избезумена...пола фамилија, пријатели таму ми се. Почнав да пишувам како се..оити скоро сите со Дурмо се возат.. Претажно и страшна трагедија Секоја чест на луѓето што ги спасиле, оти да не биле тие..можеби и полошо би било. Еве дел што најдов
Не им се слошува на 50 во ист момент Нормално е луѓето да помагаат, всушност тие први биле тука и сигурна сум дека и спасиле, а должност е на секој што сведочи на сообраќајна несреќа да помогне. Ако добро разбрав, цивилите не направиле ништо недозволено, слушале насоки од надлежни. Кај нас во вакви ситуации освен војска и пожарна не знам дали постои друга служба за извлекување. Сепак, не биле 5, 50 души во згмечен автобус се, нема служба што може 50 во ист момент да извлече, не е важна земјата. Па 10 деца од пештера најобучени луѓе во свет дел по дел ги вадеа, и во Америка да имаш 50 повредени наеднаш, просто град со 800 000 жители нема 50 амбулантни возила, а да не зборуваме дека постојат и други лица кои имаат потреба од ИМП. Далеку од тоа дека имаме ние некоја современа и бог знае каква ИМП, ни возила, ни персонал, ни па хеликоптер имаат ако ваква несреќа пример во Гевгелија се случи, но не е ни дека баш може 50 возила да се пратат. Тоа се 50 шофери, 50 доктори, 50 сестри во смена, а вкупно ИМП не брои 150 души. Јака ни душа оти МЗ е свесно дека нема да одбиеме помош, па не се ни труди нешто да преземе за да има персонал. Моментално има таков одлив на човечки ресурси каков што не верувам дека некогаш имало, а и не верувам дека во скоро време ќе престане. Колку и да си ја сакаш професијата, реалноста е дека во Македонија во здравство или од љубов, или за мито работиш, оти ни услови за работа, ни плата културна има. Па паметните мито земаат, ние глупите си кубуриме и така.
Има Македонци повредени и загинати, па ако е некаква космичка карма, не ја разбирам. А и не е баш Карпалак, повеќе Сарај е.
Жално, премногу жално и јас го видов видеото, не би требало толку детално да се снима и објавува.. па уште се обидуваше камерманот од грмушките и ликот да го фати на дечкото.. Нека почиваат во мир, а останатите да се опорават и да не се зголеми бројката на починати
Нема потрева тука да се пистират овие слики Шо ти е намерата шо ги тураш? Знајме дека има лебојатки немора и тука да се турат и прикљжат
Видеата се од цивили, реално не можат да ги спречат, а и искрено па и може е поарно да е вака јавно, знаејќи какви далавери се прават, да не испадне после ама немало автобус
Многу е језиво Ваму немат испаднат7 со имиња на починатитњ тука ги снимаат у лице и им се гледа фацата
Точно ,не е ова местото каде што загинаа војниците. А баланс или карма би било кога би загинале луѓето кои ги убија,а не недолжни луѓе.Тоа не е карма.Тоа е страшна трагедија.
За првата фотографија можеби да си во право немаше потреба вакви како овој имало и ќе има. Ама за Ванковска на секоја мрежа ќе ја објавам да видат сите колку е само никаква.
Бриши ги поарно Да не се праве тензуја и да се тура акцент на нешто шо нецтреба Ме разбиеаш ? Сепак не ме свакај погрешно
Голема трагедија, премногу страшно. Не сакам, не можам да замислувам како било на местото на настанот. Нека почиваат во мир загинатите, а побрзо да закрепнат живите. Не можам да ги сфатам оние што викаат дека ова било карма и што се ситат на несреќава. Гадни суштества, психопати, болесници. Зар и во вакви моменти не им е доста. Гниди.