И јас ептен се потресов за ова, и за чичкото шо се јавил дома и рекол добро сум, а после починал. И точно е, сите во градови близу Ск патуваат на работа. Најнормални луѓе, со најнормални семејства. Еден момент и....
Еден куп, и од Велес и од Куманово. Еден куп мои блиски патуваат на работа до Ск. На секој може да му се случи, страшно.
Не сакам никој да се најде навреден и да рипне на постов ама АМАН со споменување на тој господ во контекст на трагедијава. 14 НЕВИНИ души загинати, осакатени фамилии за навек, десетици повредени кој полесно кој потешко, доживотни трауми, 2 дечиња кои останаа без мајка во дел од секундата ! Каков бре господ ?!?! Безобразно и скроз иронично е да го повикувате да ги чувал другите. Требал да ги чува сите, не се едните помалце од другите !
Па да ги чува тие што останале.Кога веќе не можел сите да ги чува. Плус узречица е. Многу поучна слика која од вчера се врти по соц.мрежи. Трагедијава мислам дека ќе ги сруши сите бариери во земјава, бидејќи не е време да се гледа националност.Ваква трагедија не памтам да имало уназад 5-10 години.
За жал знам како е да се загуби,близок,родител,познаник,роднина,боли,пече,душата гори од болка,аххх животе животе...Стануваш идеш на работа поштено да си заработиш парче леб,за тебе и твојата фамилија,и оп те снемува од светот па нема по трагично,нема по болно.И после не го живеј секој ден како да е последен,живејте ги максимално деновите,ширете љубов,и само љубов,сакајте се до лудило. НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ВАКВА ТРАГЕДИЈА НИКОГАШ.
Леле Господе. Жално ептен, очите ми се наполнија солзи. Господ на помош на фамилиите. Каква трагедија
Морам да забележам и да напишам Експресно брзо со сите возила, со цел медицински персонал мобилизиран од дома ,со сите граѓани кои нудеа топол дом за преспивање ,топол оброк , дека сум позитивно изненадена Локалното население собрано лекарите вадат ѓраѓаните носат значи се помагаше кој колку може сите беа растрчани Браво на сите граѓани браво на министерство за здраство сепак има надеж за нас и за човештвото Солзи во очите у моментот БРАВО за сите ЛУЃЕ Апел кој може нека дарува крв
Сериозно ти е нормално ова??? Ама сериозно?? Демек од љубомора некој намести да загинат невини души, зошто као ни тргнало на боље???
Колку е жално... Колку млада надеж, колку обични луѓе однесени за една секунда... Очи исплакав, иако нема фајде. Каде треба помош, да помагаме. Каде треба љубов, да сакаме. Каде треба да се плаче, па и ќе плачеме... Друго не остана...
Па не случајно Карпалак “новинарите“ го пишуваа упорно, знаат на што асоцира и зошто ќе биде кликано милион пати. Може да се напише и автопат Мајка Тереза, ама не е така толку шокантно. Јас овие мршојадци ги викам.