Може во 8ми Септември директно. Не знам како е во државна, ама ваму е потребна од сите крвни групи. Кој е во можност нека помогне. Го видов статусот на ФБ, не знам кој е дечково, но некако убаво кажано во една реченица.
Сега кажаа на вести дека имаат доволно единици крв. Чисто информативно ова. Едит - ете Луминари е поупатена
Го најдов и јас линков, ќе видам на вести што викаат и да пробам некој вработен да најдам таму, ако не денес утре идам секако.
https://tocka.com.mk/vesti/297976/apel-potrebna-e-krv-vo-gob-8-septemvri Друго не е важно во овој момент, ајде да помогнеме!!!
https://kanal5.com.mk/articles/366228/grchki-mediumi-tragedija-vo-severna-makedonija Овие па, да не не се наситат
И француски и германски и цнн и сите пишале за трагедијата во Северна Македонија. Не ја гледам вината во ни еден од тие медиуми, во Канал 5 ја гледам, прават сензационалност од состојбата, подгреваат атмосфера.
Не ги споделувајте социопатските коментари луѓе, не заслужуваат внимание или било каква провокација и поделба, само масовен report за говор на омраза ако ги сретнете. И Господ ни мене ништо не ми значи, вакви случаи баш најмногу ми предизвикуваат гнев во неверувањето, ама на други им е утеха и излишно е конкретно тука да се дискутира... Не се расправајте, ве молам. Многу страшна трагедија , нека почиваат во мир настраданите и нека нема нови, останатите што побрзо да закрепнат и кој може да помогнеме...
Истово од претходниот коментар на членката сакав да пишам и јас,нема потреба на нелуѓе да им се дава значење(дајте барем не на форумов),се знае која е нивната цел,да направат хаос од ситуацијава,народов се свестува,за жал учиме од вакви трагедии,дека ни партија,ни вера,ни боја на кожа не е битно повеќе,битна е хуманоста и ништо друго,турете им пепел на партиите.баталете секаква омраза,ова е катастрофаааааа што се случи,не постојат зборови да се опише целава трагедија. Не заборавајте СИТЕ ЗАЕДНО СМЕ ВО ИСТ АВТОБУС...
Листата нема ни да биде објавена доколку за тоа не дадат дозвола роднините. Си знаат роднинте кои се. И дајте ве молам без тенизии. Дали е Карпалак дали е Марс не е важно луѓе си отидоа, семејства оставија, дечиња сирачиња. Уште не можам да се соземам .
Музафер е жител на Ласкарци и прв пристигна на местото на несреќата. https://promotor.mk/svedoshtvo-na-c...wSXh01se-qajoOirjQz14uHbMDTEJ2nD1bvQioxPUwpn8
Тоа што не знае македонски и не ја почитува државата во којашто живее, не значи дека не помагал на сите подеднакво.. Голема трагедија, не знам некој што го нема растревожено ситуацијава.
Одобрена му е двојазичност и може да збори на кој јазик сака,негова работа е тоа на кој јазик ке збори,тоа што ние не го разбираме,веќе е наш проблем а не негов,ние треба сега да го учиме неговиот јазик,затоа што е Државата двојазична.Мене најбитно ми е што помогал и не гледам,нација,и вера.