Двајца браќа се газди,кој имале нивна фирма за технички преглед на возила,иначе вртеле од порталите на газдите но никој не се јавувал.
Па осовина коа се крше џабе е Немаш контрола Овоа ми го кажа шофер на бус кој го видел автобусот ама ај да видинњ шо ке кажњ истрагата Пукната гума не е дефинитивно
Да баш и јас тоа видов. Еве линк. Прашањето им е дали сами вршеле технички преглед... и дали тоа е дозволено, на свои возила да си вршиш технички и да издаваш дозвола. Ова што не креваат на тел е чудно... https://republika.mk/vesti/makedoni...ot-si-vrshi-tehnichki-pregled-na-avtobustite/
Ги гледам и читам гадниве створења од политичари, од претседател, па премиер, претседатели на партии позициски и опозициски, пратеници, па до нечуени општинско-канцелариски чиновничиња како упатуваат сочувства и зборови на утеха. Идете у пичку матер сите до еден! Созададовте и одржувате скапан систем, гнила заедница, смрдливо општество и мислите дека кесата во која ја спакувавте скапаницата никогаш нема да протече. Фирмите како Дурмо и стотици други кои секојдневно ги користиме се ваши кладенци за финансирање на вашата моќ. Лиценците од секаков вид, па и транспортот се делат со политички дилови. Контроли и инспекции (не) се прават со политички дилови. Не дотеравте до таква мизерија да се радуваме на возење во повеќе од деценија стари автобуси. Направивте монопол и обесправивте избор. Патишта градите со политички тендери. Го изумревте животот во помалите градови, градоначалниците кренаа раце од образовани дечки и девојки, за сметка на политички вработувања. Како „Петко или Хасан“, лесна им земја, се добри да работат во град Скопје или НБРМ, а не се добри за градот каде живеат. Она што го видов на видеата од вчера. Во Тетово во болницата пред вратата за прием на итни случаи темно, прегорени сијалици, ѓубриште, персоналот се бутаат со 4-5 колички еден у друг, а само еден пациент. Клинички центар ли е, професионалци ли се, што е у пм? Ебати тоа Ермирата. Во Ласкарци, ни ред, ни организација. Имаме ли протокол за вакви несреќи? Не се знае кој е одговорен. При присутни пожарникари и обучени лица, локалци со копачи лупаат, кршат, тегнат, летаат лимови, делови, повредени, погинати. Разбирам човечност, жар да се помогне и секоја им чест, ама кога веќе дошле професионалци, полиција прави тампон и остава во раце на стручњаци. Возила на итна помош со логоа на странски донатори и амбасади. Нашите пари место за возила и опрема, одат за патни трошоци и лапачки за ѓубрињата. Сите викаме да не не снајде, ама кога-тогаш снаоѓа. А за да не биде тоа често и вака болно, треба да се погрижат створењата наменети за водење политика. Никому не му вреди нивното сочувство. Штета за загубата.
На неколку места прочитав дека автобусот застанува од Соборна следно кај Сити Мол. Се заборава или не знам на кој поинаков начин се испуштаат уште 4 застанувања измеѓу овие две места. Чисто информативно. Од автобуска до излезот од Скопје автобусот застанува минимум на 7,8 па и повеќе места.
Гледав на вестите прикажаа како се движел и превртел автобусот. Страшно се наежив додека гледав, а не можам да замислам како им е било на сите во автобусот . Цел ден мислам на несреќата . Во последно време многу се случуваат несреќи да ти е страв да се качиш во кола или во автобус. Пред некое време од тука за Ск работници само што тргнал авотбусот и се запалил, ама за среќа сите навреме искочиле, автобусот беше целосно изгорен. Камо среќа и сега да се беа спасиле сите. Многу ми е жал иако не познавам никој од нив, се надевам сите што се повредени да оздрават побрзо и да се вратат кај своите најмили.
Зoштo пoтребa дa се прaвaт шпaнски серии oд се и сештo? Зa Кемaл дa мисли нaрoдoт сегa дa дoнирa зa кaфе и чaј. Бoгдaчувa. Убaв е гестoт, се е oк, сaмo штo е финтaтa сo oдење јaвнo вo вaкви мoменти зa кaфе и чaј?
Таткото што си го бараше синот го нашол во Систина. Трагедија луѓе. Да не си им во кожа на никој од настраданите и нивните блиски во настанов. Денес е штама во Гостивар. Тажна слика на мртов град кој функционира механички, сеуште во неверување за она што го снајде. По улициве само комбиња од телевизии, веќе се одржаа и погребите на некои од жртвите. Некои ги познавав лично, небитно, сите се гостиварци, наши луѓе... Лесна им земја на тие што не успеаа да се спасат, и многу сила, здравје и што побрзо закрепнување на останатите. Нека ни биде ова поука, да го живееме животот со полна плуќа во многу љубов затоа што не знаме колку ќе трае! Околу околностите кои довеле до несреќава глупаво е веќе да се шпекулира, да почекаме официјални извештаи, мада во нашава гомнена држава нема да не зачуди и да се прикријат многу докази и неправилности како што и обично бива при вакви национални катастрофи кои "не можат" да ги разјаснат со децении. Се согласувам со се што пиша @corto.maltese! Се збрале сите говна од врвон и ми се наредиле тука на говорница во општина, ќе изразувале сочувство. Ма носете се сите у три лепе бре! Ми се гади кога ги гледам, за цимење пред камери први се, а колку крв носат на раце и едните и другите и третите, не се ни свесни. Ја доведоа државава во тотален колапс и хаос, ништо не функционира како треба, луѓево се сите преплашени и избезумени не знаат што ги чека утре. Ако постои Господ, изгледа полека крева раце од државава...
Ако испадне на крај дека зборувал на мобилен - како што прават 90% од возачите - треба казни не од 50е или 500е, него директ зимање возачка и да се преполага. Сумњиво ептен штом не кажува ништо https://alfa.mk/возачот-не-бил-пијан-но-не-сакал-ништо/ И еве зошто реков дека не треба секој да се меша што се нашол таму... https://buff.ly/2I8y2Bs
^ пишав само убав гест, и доволно е.немора да разглобуваме дотолку зошто, како и што? Направил добро дело, го споделив, плус и пишува да се донира,па ако можеме да донираме за вакви ситуации зошто да не.