Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ајде да речеме женава била неука како што ја напраивте дел. Ама дали тоа ја оправдува постапката на докторот? Да ја труе беспотребно со хормони, да ѝ покажува други снимки од ехо и срце на бебето...
    Колку и да се неуки пациентите, доктор да ЛАЖЕ за дијагноза и бременост, и да дава лекови кои не се потребни, а истиот тој дал заклетва, треба строго да се казни.

    Па пак велете "кога Македонија имала подобро здравство?"...
     
    На kjukli, ivi1987, anastasija18 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    А како може они да лажираат бременост :?:
    Па ваљда тој гледа на ехо бременост,бебе,има,нема :?:
     
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Мене најсмешни ми се оние - Не, јас не велам дека жената е глупава и проста АМА...
    И тука еден куп навреди, чудења и слично.
    Да не сте и во кожа, ќутете си боље, никогаш не се знае на кого што му носи иднината.
     
    На V.odolija, SexiLy, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.767
    Допаѓања:
    145.269
    И пушта снимки од друго ехо кое не е нејзино.
    Снимено,наместено и и пушта.
     
    На sanjaeva и Mari* им се допаѓа ова.
  5. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    :o
    Страшно,ужас

    И јас одам кај еден доктор само па не се сметам за проста :D
    Жените кои потешко остануваат бремени,кои имале повеќе спонтани гледаат поинаку на работите
    Немате поима колку значи кога ке ти каже докторот дека ке добиеш бебе,дека ке се реши проблемот
    Во него гледате како во Бога
    Тие што немаат поминато низ тоа не знаат
    Тоа дека имала доверба во него не значи дека е и проста,неука,необразована и слично
     
    На ivi1987, fina erika, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.612
    Допаѓања:
    140.425
    Баш фино што те забавувам. Јас никаде не ја навредив, само реков дека ми е чудно.
    Ти во цела бременост не осети движење? Она ни еднаш, И не, кркерењето на цревата немаат врска со ударите на бебето.
    Јас не викам арно праел докторот, он е секако за секоја осуда, а исто и сите кои знаеле а криеле за случајов, Почнувајќи од директорот на Св.Лазар со Лекарска комора, ама чудењето мое останува. Може да ја лаже до 6ти месец, ама у 40та недела?! Јас цело стапало и колено гледав у 39та недела.
    Можела барем за секунда да е сомничава, премногу лековерно ми е сето ова. Да лажеш дете од 16 години, ајде де, ама на 40 годишна жена?!
     
    На *Amethyst* и m.i.g им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кaкo дa не мoже тoa штo ќе ти се умoтa вo глaвa дa те зaслепи. Пa уште кoгa дoктoрoт кoј гo гледaш кaкo светец те вoди вo тoa слепилo.
    Вo ПЕТТИ МЕСЕЦ прв пaт чукнaв нa врaтa кaј гинекoлoг и и рекoв: дoбaр ден, јaс сум труднa 5ти месец, не сум глупaвa, си имaм свoи причини и aкo имaте нaмерa дa ми судите, дa ви кaжaм oдмa пријaтнo.
    Секoј си имa свoјa причинa.
    Јaс имaв мaж кoј требaше дa држи пушкa, a не женa зa рaкa.
    Зoштo беше вoјнa, кoјa некoи денес јa нaрекувaaт кoнфликт.

    И ни скринизи имaше, ни втoри мислењa, ни интернет, ни aмниo, ни пa сум не oбрaзувaнa.

    Зaтoa престaнете дa јa aнaлизирaте женaтa. Плукaјте пo лудиoн зoштo тoa зa негo е гaлење.
     
    На Doozy, V.odolija, SexiLy и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Мотивот на докторот го спомна некој? Читав набрзина па може сум пропуштила? Освен она -за нејзино добро, има и нешто друго, претпоставки некакви?
     
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Сегa ќе гo прoглaсaт зa луд и тoa зa тoa.
    Имa ли тoa живoтнo сегa пaциентки? Ќе имa ли утре?
    Сaм дa си јa скине диплoмaтa.

    Мoжеби...бидејќи реaлнo не прaвел инвитрo, дa гo прoдaде вaучерoт нa пaциенткa нa кoјa не и следувa?
    Не знaм ни кaкo oдaт oвие рaбoти, нaгaѓaм.
     
    Последна измена од модератор: 20 април 2017
    На eli25 и Bridget им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    @Cka прогуглај за phantom pregnancy kicks. Можеби и ништо не чувстувала, ама не се сите жени и бремености исти. И јас пред бременоста не можев да замислам како изгледа и се чувстува мрдањето. Имав другарка со мирно бебе, најчесто спиеше, моето и нејзиното искуство со движењата е сосема различно, а исто роди здраво бебе од 4кг.
    Не е тоа најбитно во случајов, успеал да ја изманипулира и лаже, ама ич не е крива жената, ниту па проста и глупа.
     
    На fina erika и galapce им се допаѓа ова.
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Нема ништо околу тоа, и таму само ќе нагаѓаме. Моментот е кога му кажал на маж и за тоа што планира, не знам дали очекувал да му рече "важи договорено, ај породи ја"
    Ненормален.
     
    На fina erika и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Мене ми е скроз откачено тоа што "ја лажел за нејзино добро". Ете жената со години се борела со неплодност, па целиот процес на лечење не и е непознат. Какво фајде што ја лажел дека е бремена? Можел фино да и објасни дека ќе прави тоа и тоа и дека после тоа ќе може да забремени по природен пат.

    За да лажеш жена дека е бремена треба да немаш ни совест ни разум. Да лажел за пари и да правел разно-разни испитувања, терапии и што-уште-не е едно, ама да даваш лажна надеж, е тоа е веќе надвор од паметот.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.150
    Допаѓања:
    124.524
    Мене ништо не ме чуди.
    Приказната не ја знаеме целосно, ама еве се јавија и многу други на кои сакал нешто да им подметне овој.
    Многу ја обвинуваат жената, абе ај. Ете се погодило. Пораснал стомак, не осеќала мрдање (впрочем сум слушнала дека се случува и кај нормални бремености нели.
    Она ли е крива што некој си играл со неа?
    Ако приказнава е точна, ред е да се воведат некои други казни во државата. Не лежење затвор од 2,3 години.
    Mене ми се случи нешто слично, т.е. не е слично ама поврзано со бременоста. Сум пишувала. Др-р ако може да се нарече Снежана Органџиска Мајсторовска. Се разочарав од ремедика тогаш и оваа една финоча, паднав на неа. Демек се ангажираше терапија ова, она. Бев и на второ мислење за терапијата која уствари требаше да ми помогне да ја сочувам бременоста и која сега ја примам, а дотичната ми рече Јас да сум на твое место аспирин нема да пијам, штети . жИ јас теле. Ме лажеше дека има срцева акција. А плодот не растел. Не ми ја пушташе, јас па и мм го водев викам а да ни пуштите да слушнеме-ами тоа се слушало покасно, сега немало да се чуе. Никогаш и немало. Можев сепса да добијам. Секаде ќе ја кажувам. А јас нема да си простам. Поствесно некако не бев убедена 100 посто во неа, ама од друга страна незнам што ми се случи.
     
    На Doozy, kjukli, fina erika и 10 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Гледам дека многу само насловот го прочитале, па еве да пренесам дел од разговорот со адвокатот на овој брачен пар
    "..Докторот со помош на хормонална терапија и со психолошка сугестија на самата жена успеал да предизвика еден ефект, една појава, која во медицината се нарекува лажна бременост или псевдоциеза, која предизвикува симптоми како кај вистинска бременост. Тоа значи дека кај жената започнал да расте стомакот, почнала да чувствува движење во стомакот, се појавиле отоци."
    Еве ви повеќе за оваа психолошка состојба
    "Една од теориите тврди дека причината за лажната бременост е емоционалниот конфликт кој се одвива кај жената. Се смета дека интензивната желба да се остане бремена, или пак интензивниот страв од бременост, може да создаде внатрешни конфликти и промени на ендокриниот систем до таа мера што таа ќе покаже речиси јасна симптоматологија на бременост.
    Статистички најчесто ваквата појава е забележана кај жени во нивните триесетти и четириесетти години од животот. Воглавно, се работи за мажени жени со голема желба да забременат. Во ваквите ситуации се претпоставува дека фактор е разочарувањето што не забременуваат кое има силна емоционална поддршка на потсвесно ниво да резултира во реална промена на ендокрината слика придружено со екстерна манифестација на симптоми на бременост."
    На Википедиа за лажна бременост вели стомакот расте исто толку колку што би во бременост, менструацијата знае да изостанува, може да се чувствуваат движења иако бебе нема, во ретки случаи и лачење млеко, породилни болки и слично.

    Колку и да звучи чудно и нереално, жената имала еден куп докази со кои ја води тужбата против докторот. Од кои причини би се преправала таа дека е бремена 9 месеци? Овде имаме само доктор кој не го негира ова обвинување.
     
    На *Amethyst*, SexiLy, Lella и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    На сите оние на кои не им е јасно како возрасна, здрава, права, образована и интелигентна жена, која активно се обидувала да забремени, успеала да биде убедена од страна на доктор-гинеколог дека всушност е бремена, нека наминат во „Другата наука“ и нека видат колку многу возрасни, здрави, прави, образовани и интелигентни жени успеале да бидат убедени, од страна на гатачки и бајачки дека им е фрлена магија.

    Мене барем, првово ми е многу пологично, поверојатно и поиздржано од второво. А сепак, второво е далеку побројно. Така да, стварно, барем за овој дел од приказната нема потреба од толку чудење.
     
    Последна измена: 20 април 2017
    На CameliaMiller, Dust, Doozy и 31 други им се допаѓа ова.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    А имаше ли за случајов на вести или само по портали ова што читаме?
    Може секој ден да вртат партиски препукувања ама една ваква сторија не заслужува ни 2 минути од цел Дневник.
    Срамота.
    Мора некаква петиција, или нешто, народот да се дигне на нозе против докторот и против ваквото здравство.
    Здрави, прави, не разболуваат.
     
    На kravce, JuLleE, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    http://novatv.mk/novo-svedoshtvo-mi-vetuvashe-deka-ke-napravi-da-rodam-mashko-bebe/

    Страшно!
    Еве жена која веќе имала две деца, па сепак успеал да ја прелаже на два месеци!

    Не знам уште колку ќе се бара причина зошто верувале, како успеал, дали се писмени и колку им сече. Малку ние да се запрашаме колку ни сече што воопшто со жртвите се занимаваме и ја разгледуваме нивната ментална способност за правилно расудување, нивната елоквентност и степен на образование. Жртвите се жртви. Не си го барале сами. Тука не постои такво нешто. Барале само потомство. И тоа очајно.
     
    На PaLaVa, ivi1987, Sesil и 4 други им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    70.692
    :bow:
     
    На ivi1987, Someonespecial и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
  20. VIKTORIJA 1

    VIKTORIJA 1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    И на најинтелегентните луѓе може ова да им се случи.
    Незнам зашто викате дали ова осетила или она.
    Оној што никогаш немал бременост од каде да знае какво е чуството.
    Една трча со 9-ти месец друга во 5-ти неможе кондури да си врзе секој индивидуално.
    Зашто ја напаѓате жената оди во клиника кај доктор со ехо снимки,редовни контроли,не оди кај овчар па што се чудите како му поверувала.
    Зашто него не го напаѓате па што ако некоја од нас падне во вакви раце.
     
    На kjukli, PaLaVa, kristina.k и 6 други им се допаѓа ова.