Возачот е сега изваден од памет, излетал од пат со 50 луѓе во автобус, 14 се мртви, другите скоро сите повредени. Нормално е да молчи, а сигурно е и во состојба на шок. Истрагата е веќе во тек, ќе се најдат причините за несреќата. Ме интересира само после ваква трагедија, дали нашата држава конечно ќе разбере дека мора да се инвестира повеќе во здравството? Дали може Итна помош да има само 5 или 6 исправни возила? И истите да се користат и за домашна посета. Барем уште толку мора да има. Не само за вакви трагедии, дај Боже веќе да не се повторат, воопшто, за нормално функционирање.
СПАСОВСКИ: ПОКРЕНАТИ ПЕТ ПОСТАПКИ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА Редно беше гнасите да видат малце што значи нивното сеење омраза 12 години.
Коментирам сеење говор на омраза од страна на одредени поединци кон се' и сешто во изминатите 12 години (во кои постојат истите како јавни лица, коментатори или не знам што и да се) и нивната слобода за истото заради непочитување на законот на надлежните коишто се должни да се справат со тоа. Почнаа со навреди кон албанци, па продолжија кон ЛГБТ, се' што на нив не им се допаѓаше го напаѓаа со најнедоличен речник, постови и статии за кои во нормална држава постојат санкции. Не се ни обидувај да го извртиш мислењето како ти одговара пошто си се почувствувала навредена.
Многу супер ова што многу граѓани и фирми покажаа солидарност, загриженост, емпатија, а и кои можеа и помогнаа на настраданите и нивните блиски. Читам Зегин ќе донира 20,000 евра, некое психолошко здружение им нуди бесплатни советувања на семејствата на починатите. Браво, секоја чест. Од друга страна, гнас ми е да ги гледам некои луѓе кои го користат настанов за да сеат национална омраза, или сакаат да профитираат политички поени, или пак да пласираат непотребни и вознемирувачки вести само колку да лапаат views и да праат пари од реклами.
Јас ваквите коментари и од едните и од другите во време на ваква трагедија воопшто не ги перцепирам. Воопшто не го заслужуваат нашето внимание. Гледам солидарност, хуманост, емпатија тоа ми дава надеж дека постојат ЛУЃЕ (а не албанци, македонци, ).
Воопшто не се почувствував јас лично навредена, само несакав политики во овој настан да се спомнуваат.и кога спомна 12 години,така помислив.можеби грешка сум. Животи изгубени, не ми е битно ни СДСМ, ни ВМРО, ни ДУИ, ниту националности.
Мене ми е битно тоа непочитување на жртвите затоа што се од албанска националност од дотичните против кои се поднесени кривичните, и сметам дека редно време беше за санкции затоа што таква слобода за говор на омраза не треба да постои. Толку од мене на темава за гнасите, шо сакате зборете и за тоа како мешам политика и се' што ви паѓа на памет, фактите нема да ги смените.
Значи исто сме размислувале, и мене ми сметаат тие исти коментари,на национална база зошто и македонци и албанци сите сме луѓе,затоа рипнав
Добро кои факинг албанци жено, пола од загинатите се македонци. Тие што јадат гомна јадат за сите и немаат грам човечност и се нелуѓе, а со давање на вредност на гнидиве само ги правиме славни. Што мора во се да се замеша политика и вера кога настанов покажа колку сме луѓево сплотени да не постоеја мочаниве политичари ќе видевте во каква хармонија ќе живеевме. Игнор на болни луѓе, секогаш ќе има такви.
Јаа имам пријателка која учествуваше во тешка сообраќајка, беше меѓу малкуте преживеани. Не се сеќава на сообраќајката!!! Ниту што се случило пола ден пред и по сообраќајката. Од шокот добиваат амнезија.
Поентата ми беше дека некој мора да сноси одговорност. Оти утре јас ќе се возам во таков автобус и многу други.
https://bulevar.mk/мали-деца-остана...WGshtjLkv9Iawi23sreWns1HVPPOt7W2eMmtQvTb2X7L8 Жалосно, многу.....
Добро ма, знаеш да читаш? Прво, не сум жена, пишува ПОЛ под името. Второ, никаде не реков дека сите жртви се албанци туку дека ИМАШЕ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД АЛБАНСКА НАЦИОНАЛНОСТ од страна на: БИЛЈАНА ВАНКОВСКА, МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ, ЕМИЛИЈА ГЕЛЕВА и уште некој што не ми текнува во моментов за што тие треба да сносат одговорност! И не знам за тебе, ама барање одговорност за мене не е „правење славни“. Доволно се славни тие без јас да напишам мислење на форумов.
Треба барем здравството да се оправи малку, од лично искуство комбињата од брза помош се крш, немаат луѓе за носење, немаат носилки и тие што ги имаат се скршени, со еден збор катастрофа. Пишала на ФБ некоја од 8Ми Септември дека сме збореле лошо за нив и пак во нивни раце сме завршувале. А, што да правиме кога во државава нема никакви услови, по неколку пати се враќале истите комбиња на брза помош, до каде вака ќе стигнеме, возачите се катастрофа, некултурни, гледаат само пари 200 денари да земат и да си заминат. Ужасно здравство. Да не даде Господ да се случуваат веќе вакви несреќи.
Точно ова шо го напиша, ама не е за занемарување и фактот дека брзо интервенирале во случајов и тоа што сите доктори што не биле на работа дошле.
Секогаш имало,има и ќе има говор на омраза од сите страни. Така ќе остане ако не се реагира некако за да се искорени тоа. Забележав дека многумина го обвинуваат возачот иако нема конкретни докази за тоа.Дури и да излезе дека тој е виновен,тоа нема да значи дека Дурмо Турс нема вина. И најдобриот шофер на светот не може да контролира дефектен автобус. Не е во ред една фирма/компанија сама да ги проверува своите автобуси.Тоа е сомнително.
Да не пишувам за националноста, кој век сме за уште да се делат луѓето. Болката е иста. Незнам што дотичните на ФБ пишувале и мешале баби и жаби. Едноставно ова е несреќен случај, судбината таква им била. Исто така се збори и за пратеникот чив син настрада, значи срамота, демек тоа му било казна за името. Ние не сме тие што ја кројат судбината на другите. И уште нешто колку што разбрав, им излетало куче на патот и шоферот нагло закочил а воедно и му се укочил воланот, па најверојатно се возбудил човекот и толку. Зарем тој сакал да се случи такво нешто? Сепак поголема одговорност треба да сноси Дурмо за исправноста на автобусите. Како што знаат повеќето што се возат , во нашава земја се возат стари автобуси и колку пати се имаат расипувано на сред пат.
Да, тоа е во ред, барем колку што гледаме по серии и филмови во вакви случаи докторите така постапуваат. Но некако не е ферски или со оправдување дека немало толку време за приватниве болници да се понудат за помош. Пример од Жан Митрев, Систина, сепак и они се во оваа држава ако помогнат нема да банкротираат.