Ама и што доктор ќе биде тоа што не е спиен 48часа, колку може да помогне? Треба да имаат доволно доктори да си работат на смени, а не 4-5души да ги истезават не е тоа етички ни хумано се знае некој колку може да си ја врши работата ако не е спиен и ако врзе два дена на работа.
Спијат на работа по неколку саати се ротираат не се секирај. Се освежуваат со инфузии да имаат сила. Си има протокол за тоа не се секирајте. Плус кога ќе ти удре адреналин не ти се ни спие ни ништо. Се исклучуваш од се. И работиш како робот буквално!
Уште кој остана без медаља во ситуацијава? Да се знае точно кои биле хероите. Некои се сликале оти дошле на работа во слободен ден. Никој чистачките не ги спомна, којзнае колку крв имаат исчистено досега.
Dolzen e sekoj, koj ne daj Boze, naiduva na nesrekja na patot, da zastane, da gi izvesti sluzbite, da go obezbedi mestoto i da pruzi pomos dokolku ima moznosti. E sega, tocno e deka nekogas sakajki da napravime dobro, samo ja vlosuvame situacijata, no jas veruvam deka lugeto imale najdobri nameri. Da ne sudime od strana, ako ne zastanes nemas srce, ako zastanes si nastetil. Tragedija golema, zal mi e mnogu!
А зашто да има ХЕРОИ!!! Ова е несреќен случај, докторите, сестрите, позарникари, полицајци, население кое се нашло на местото е должно да помогне. И тука завршува се! Само кај нас се нарекува херојство она што во светот е нормална реакција и работа.
Па кога ќе престанете да пишувате постови со драматична нишка како некој веќе три дена кафе и чај служи па има потреба од помош, како докторите ненаспани па уморни па со инфузија се одржувале будни, па слики на фб од доктори кои дошле на смена иако имале слободен ден и слично, туку само -благодарност до сите кои помогнаа во ситуацијата, тогаш тука ќе заврши се'. Ама очигледно не завршува. Точно дека е нормална реакција и работа, секаде се случуваат несреќи па доктори не се сликааат за на фб. Сестри не пишуваат статуси колку се измалтретирани и како се жртвувале за ситуацијата, акцент се става на несреќата, жртвите и нивните најблиски.
Да, оти секој ден 50 сериозно повредени има. Ај малку реалити чек. Ако нешто во овој момент има, има доктори. Ама тие сами не можат да работат. Значи не е реално да има пример кажувам 20 доктори во смена, но да има 2 сестри. А таква е реалната состојба сега. Државава "нема пари" за болници и медицински персонал, тоа е болна точка и рак рана. Ама и да има пари, по сите стандарди да има персонал, пак нема да има доволно во редовна смена за 50 повредени. Тоа е катастрофа, несреќен случај и вонредна состојба. И каков-таков, 30 саати работеле и работат уште оти не се сите оперирани, не е операција 15 минути работа, и не е целта ај акни ги на стол во сала, па што биде нека биде. Прва ќе плукам по власта - секоја, на која се' и' е приоритет освен она што е најважно - животот и здравјето на луѓето, ама не е во ред да се плука постојано по медицински персонал. Има трули, како што има секаде, ама тврдам дека кога некој пациент е "шетан" "неуслужен" тоа не е поради немањето желба да му се помогне. Секој од нас има само две раце, и невозможно е ние толку малкумина секогаш во секунда секому да одговориме. И да, ако не си итен случај, или и да си, ама да има поитен од тебе, шансите дека ќе чекаш се големи. Не се ни сите пациенти неразбрани, проблемот нека е во 10% од нив, кои мислат дека се над сите и над се', дека се најитни и најбитни, а бидејќи не можат по магарето, маваат по самарот. Во секој случај, сакам да се заблагодарам на СИТЕ овие два дена, бидејќи во болниците пациенти НЕ ДОАЃААТ. Односно доаѓаат оние кои мораат, а останати што не се итни воопшто не се појавуваат. Доаѓаат закажаните, но многу од нив се јавуваат да прашаат дали да дојдат, дека не им е итно, дека можат друг пат, ако е зафатен персоналот разбираат. И да знаете, овие се 90% од нашите пациенти. Не очекував вакво разбирање, и сум искрено многу позитивно изненадена.
Па најмногу сестри медицински се отепаа од вработување, како сега немало, малку биле..фали персонал??? Фалат болничари, рмбачи а сестрите клатат цел ден,
Каде вработиле сестри? Освен ако не си ми колешка, па да ми тврдиш дека "клателе". Во спротивно само шпекулираш и шириш дезинформации. Фали се', и доктори фалат, и сестри, болничари, техничка служба, администратори... ама сепак најмногу доктори има, и во моментов најкритично е немање на сестри. Кај мене барем, сестрите работат и болничарска работа кога болничар слободен нема, но болничар не може да работи сестринска работа.
Ела во нашиот град да видиш колку клатат цел ден . По 300 часа имаат месечно .( 100 часа од овие 300 им се неплатени ) На едно одд 2 сестри останаа на боловање и ќе бидат подолго време , а една замина во пензија. Останатите две се ротираат . Преку ден се 24-ка Бетер од вонредна состојба е овде.
Најутепано занимање стана медицински техничар да си. Или си невработен или умираш од работа. Затоа Германија ни ги прибра, кога ние не знаеме да ги цениме, има каде.
Летово имаше три пати огласи за медицински сестри и во 8 септември и на клиника, 4 огласи за доктори, социјални работници, психолози......
А што ми е најтрагично е тоа што немало начин како да им го платат прекувременото работење. Замисли законот дозволува доплата на само 32 ч прекувремено . Рестото ти го даваат во слободни денови . Една сестра ми вели - Десет години чекам прилика да искористам слободни денови од вишокот на саати. Аха важи ,ќе дочекаш
Знам, знам... не ги плаќаат, денови само фиктивно добиваат, фактички со години "ги собираат" и нема кога да ги искористат... буквално бесплатно работат.
Кај нас последниот пред НГ што беше за 8 медицински сестри исто го поништија . 9 сестри имаа конкурирано ( сите се под договор на дело за 4000 ден ) . Епа се скарале која да не влезе . И на крај го поништија Следен во септември . Четири од 9-те сестри веднаш напуштија . И другите ќе си одат .Нормално