И овие на јсп колку пати ми се има случено на сред возење да се расипе што ајде среќа поминало без дополнителни инциденти. Се случило во старине автобуси многу пати на изгорена гума да смрди внатре до степен што еднаш фатив да се гушам. Некој инцидент со меѓуградски или меѓународен за среќа не сум имала. Кривината што се гледа е многу мала за да не би ја фатил. А и тоа нагло вртење лево или е невинание на возачот, или техничка неисправност. Трето нема. А прочтав возел најверојатно со 80км/ч што за автопат е мислам нормална брзина.
Нема избор. Дурмо е најпрактичен и за вработени и за студенти оти тие најчесто го користат. Другата компанија има локал за Тетово и Скопска линија, ама и двете линии влегуваат во Тетово. Со тоа што, локалот вози низ центарот, а другиов што тера накај Скопје повторно влегува во еден дел од Тетово и таму собира патници на неколку места и на крај на автобуска пред да излезе од градот и со тоа се губи доста време. А Дурмо си е директен за Скопје и плус си држи и популарни термини. Тешко на народот...
А бе види и твоево држи вода. Али стај се на место на мештаните кои се нашле таму у тие моменти, луѓе ранети врескаат и молат за помош. Гарант нема само да гледаат од страна, ќе пробат да помогнат.
Демантирам? Значењето на зборот демант слабо познато ти е изгледа. Престани жено, ја претера. 2 дена веќе само Македонци и Албанци расправаш на форумот.
https://a1on.mk/archives/1015229 Цитирам: Газдата вика дека човечки фактор е во прашање a има сведок кој вика дека почнал да тресе автобусот и дека воланот закочил. Од еден на друг си ја префрлаат топката, овој е крив, оној е крив, ние не сме од тука, ние не сме за тоа, куров ми Ленче. Како еден не се најде човек да превземе морална и правна одговорност во курташаков од држава што го имаме. Еден. Не мора повеќе. Еден. Еј, млади деца од 20тина години се пола од изгинативе, па и за постариве е прежално. Мутилирани се уште повеќе, луѓе чии животи нема никогаш да се исти. Еднаш да си ја оправдаа таа платата смрдена што ја земаат. Еднаш некој да сносеше одговорност за грешка што направил, еднаш ти ебам fyromot ти ебам.
@DAngel Престани жено, ја претера. 2 дена веќе само Македонци и Албанци расправаш на форумот.[/QUOTE] Што се расправаш со сите бе? Кажав јас што мислам и што голем дел од граѓаните од Гостивар мислат (во разговор со пријателки,колеги..од гостивар.) Ќе видиме на крај што ќе кажат.
А ти ги знаеш сите од Гостивар што се? Еве јас на пример не мислам ко тебе. И Дангел не ти искоментира во однос на она што имаше кажано дека ќе го обвинат возачот, туку во однос на тоа што споменуваш националност. Скролни по други коментари и види дали некој друг освен тебе споменува националност. И ќе замолам модераторите да бришат тоа што не му е место во темава, вклучувајќи и мои коментари ако сум офтопик или навредувам.
Не знам дали се сеќавате кога автобус на ЈСП се преврте во Драчево. За среќа немаше загинати и тешко повредени. Снаа ми и други познаници беа во тој бус, возачот уште на тргнување на последна им рекол ако ве однесам до Драчево добро ќе биде, кочниците му биле расипани. Се јавил шоферот во ЈСП тие му наредиле да вози. Се преврте автобусот заташкаа работа шоферот уште некој месец во пензија требал да оди му се заканиле да ќути и да каже што тие му кажале.
Шоферот цел живот ќе си има трауми, без разлика дали ќе го осудат или не. За него животот е завршен. Некој што можеби пробува да си го спаси гзот, не знам само тој како ќе може да спие со нечиста совест. Кога ќе се земат изјави од сите, кога полицијата ќе утврди што се случило тогаш може газдата да си дава изјави, а не од ракав.
Вчера цел ден ги немаше живи да се појават и сега шоферот бил крив, тие да си го очистат газот. Еден од повредените што изјавил дека се закочил воланот сигурно не лаже, па и преска закочила гумата и кој крив ќе биде пак шоферот. Јас мислам и почнувам да бидам сигурна дека шоферот не е крив туку автобусот не бил исправен. Не може тој право да оди во две банкини и притоа ни еднаш да не заврти . Целиот товар ќе го префрлат на шоферот.
Па со оглед на тоа што сум од Гостивар,добро ги познавам и превозниците и шоферот, и што разговарав со повеќе колеги и пријатели од таму,горе-доле сите истото го кажаа. А што реков јас погрешно? Има живи сведоци викаат дека воланот му блокирал двојца го вртеле да свртат , барем има такви изјави од ФБ колку е вистина ќе каже истрагата , нај лесно е вината еден да ја плати ако има правда праведно ќе биде судењето , на шоферот му е нај тешко на душа ги носи сите загинати. Еве линк прочитај. https://puls24.mk/сведоштво-на-патникот-од-седиште-бр-3-в/ Газдата на Дурмо Турс како може да го обвинува возачот кога вештачењата не се завршени? Плус на автопатот после паѓањето на автобусот на асфалтот во должина од 15 - 20 метри имало трага од уље или течност од кочиониот систем - се видело на една снимка на тв.Значи автобусот беше паднад од новиот автопат , на стариот локален пат - а на асфалтот како се движел автобусот по новиот пат имаше трага од уље или течност.
Не е проблем во тоа, се согласуваме сите дека газдата го обвинува и веројатно проба да го намести, ама верувај, ќе пробал он да го намести без разлика дали бил шоферот Македонец или Албанец, оти на газдата газот му е помил од било чиј друг. А ти подгреваш атмосфера постојано, и не е во ред, ама ич, никако.
Ако ја зборувам вистината тоа е подгревање на атмосфера? Колку и да не сакаме да признаеме тоа е реалноста. Ако беше македонска компанијата до сега сите ке беа затворени. Сега чекаат да добијат на време,и да му накалемат се на шоферот.
Ова кога го видов премногу ме исфрустрира со тоа што со кое право го пишува ова, во државна болница лежев пред две недели од сипаница една вечер ме фатиа јаки болки што и тродон ми дадоа од 23 до сабајле до 4 и 30 не сим мижела да спиам па дури и тродонот неможеше да ме успие од болки бев зашуматена имав проклета вечер сестрата дојде 3 4 пато набрзинка колку да нњ биде дека не доаѓала и потоа ич не дојде. Сабајлето кога се разбудив неможев да мрдам како инвалид бев доаѓа визита им кажувам сегде ме снимаат абдомент бубрези јетра слезница јајници се уредно јас со болки невидени. Но тоа тие болки ми ср длучија одкако ми ја извади инфузијата веднаш немаше 2мин и за да не испадне крива сестрата пренела на главната сестра фека ја сум ја вреѓала дека ја вака ја така , сестрата кога ми влезе во соба ми се дереше не викај ги разбуди сите а ја од болки и викам не разбудив никој сестро ме боли барај чаре. Дури пациентите ми влегуваа во соба да ме прашаат како сум што цела ноќ офкав од болки една жена двапати ми влегувала да ме праша како сум и ја сум и одговорила ,но јас не се сеќавам што сум била изгубена од болки. Има сестри мавистима добро а има и катил и секоја. Нека не го криво мародпт дека се жалиме од нив еве од мое искуство што дпжиевав.... А навистина ова што се случи е голема трагедија и бескрајна болка на семејствата и на Македонија која е во шок како може за две минути да го снема човека Дај боже ова е да е последна несреќа но еве ни се спремаа теротисиве ИСИС уште ова ни фалеше...
Кој ќе беше затворен? Оној што ги има парите? Ти очигледно си слепа на сѐ што се случува во државата. Сега кажував дека по 15 часа возат шофери, дека возат со неисправни автобуси, дека никој не смее да ги чепне. И тоа кај македонски газда. Ама парите и врските си го прават своето. Не е битна националноста на газдата и шоферот колку што е битно кај кого се парите. Ги заболе и политичарите и за Македонци и за Албанци подеднакво.
За првпат ќе се согласам со Ики, не е далеку од вистината. Еве го и Бурето пиша, не дека е за верување, ама ДУРМО биле спонзори на ДУИ, а ДУИ се како заштитени бели мечки. Ми е страв искрено дека ќе заташкаат. Да бидеме реални, ако е така, ќе го јаде шоферот. Остајте вие обичниот народ, ама кога ДУИ е во прашање се е можно.
Ама Јуле и да е така, да се блиски со дуи, шоферот да беше Албанец пак истата приказна ќе беше. Пак тие својот гз ќе сакаат да го спасат.
Жал ми е само оние што се два метра под земја нема да добијат правда. Би предложил и семејствата на жртвите да превземат нешто во случај да се заташка случајов, ама верувам дека не им е до тоа и дека можеби нема да ја истераат правдата до крај.
Не знам, несакам да звучам националистички ама за жал многу други работи укажуваат дека сепак постои поделба на етничка основа, сакале ние да признаеме или не. И тоа ме плаши. Еве ќе бидам изненадена ако случајот се расветли до крај.
Нема шанси иста да беше приказната. Каде е Џафери (од ГВ е) да побара одговорност? Каде се министрите да дадат оставка макар и од морални причини како во секоја нормална држава?Каде се Артан Груби,Бујар Османи.... никаде ги нема ни збор да изустат. Да бараат одговорност. Јас знаев,т.е. ми кажаа гостиварци (не сакав да споменам тука да не испадне пак политика) дека Дурмо се финансиери на ДУИ, и или ќе заташкаат или шоферот ќе го криват. Само не знам што толку сте против кога некој ќе ги спомне Албанците во негативна смисла,а притоа ја кажува вистината.