Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Сосема се согласувам со тебе,јас не верувам дека на автобусот што се преврте,дека нит правел технички,ни па би поминал на такво нешто,затоа што 1000% не бил исправен кој знае колку време.Ама во Мк со врски,пари,и моќ све можеш да направиш за голема жал.
     
    На gjoker4e, RosettaStone, Shmizla94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Eпа за овој случај мора да биде истрагата до крај и да биде јавно кажана пошто имаше жртви не ме интересира никакви врски и да имал.
     
    На RosettaStone, Animali и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Судот да бара вештаци од производителот на автобусот.
    Не овие наши ташаци да прават анализи.
    Газдата да достави список од редовен сервис на истиот автобус,заменети делови итн...
    Автобус е превезува патници,сигурно дека има сервисна книшка.
    Ако има после нека каже дека шоферот изгубил контрола.
    Имал еиро 3 2001г произведен а делови бе кога се сменети(facepalm)
     
    На gjoker4e, RosettaStone, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Абе ако беше македонска компанија, и ако е врзана со власта, стапот ќе ги затвореа.
    Оној од Зегин, од кај му се парите шо ги донира сега?
    Добротвор е чоекот. |(

    Него, во врска со појасите.
    Меѓуградски сообраќај во Западна Европа, задолжително е со врзани појаси.
    Законот им е таков. Лично сум била присутна, во неколку градови во ЕУ, и пред излегување на автопат, ОБАВЕЗНО шоферот напоменува дека треба СИТЕ да ги врзат појасите.
    Исто како во авион.
     
    На Annath, gjoker4e, Aschenputtel и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.076
    Пол:
    Женски
    После изјавата денес на сопственикот на дурмо турс мислам повеќе од јасно како стојат работите.
    Побрза да го обвини возачот.Логика и психологија јасна.
     
    На Annath, gjoker4e, Ivan4e04 и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Не ги разбирам новинариве, ама добро.

    ----
    Извор: https://www.libertas.mk/video-360-p...-skoro-prazen-mnogu-lubopitni-pogledi-po-pat/
    ----
    (ВИДЕО) 360˚ Патувавме со „Дурмо Турс“ од Скопје до Гостивар во 16:15 часот еден ден по трагедијата – автобусот скоро празен, многу љубопитни погледи по пат
    15.02.19 23:38
    Прочитано : 2,636

    Еден ден по трагичниот настан екипа на „360 Степени“ реши да ја поминеме рутата на кобната линија на Дурмо Турс, која од Скопје кон Гостивар вообичаено стартува во 16 часот и 15 минути од меѓуградската автобуска станица во главниот град.

    Еве како изгледаше патувањето со автобусот, кој обично е полн со патници кои по завршување на работниот ден се враќаат дома.


    ----
     
    На RosettaStone и WildMk им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.827
    Допаѓања:
    182.842
    А изедив трици уште одма и знаев дека ке го накапат шоферот за газдара да спаси газ
    Кажав и во предходните страници шофер 20 годишно искуство видел автобус и цела случка и реце тоа е пукната полуосовина и го закочила воланот
    И нека не јаде трици да не речам гомна а ке речам газдата дека 200 м возел шоферот и не закочул воопшто
    Траги од кочење имаше
    Друго тркалата на автобусот видете како се прави ако возел право како ке скршнел нагло ???? Нешто е нејасно
     
    На Annath, gjoker4e, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ги разбираш?
    Пред се новинарите треба да се љубопитни и да споделуваат точни информации. Тука убаво доловиле дека веќе луѓето немаат доверба во исправноста на автобусите на Дурмо. А и новинарите обелоденија дека утрината на нивни автобус му се закочиле задните гуми, така да со вакви технички неисправни автобуси тешко дека во иднина безбедно би возела било која транспортна компанија. Ама си треба и примена на правилата за безбедност во сообраќајот кои најчесто се строги и прецизни и само такви на хартија.
     
    На gjoker4e, SV1911, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464

    Ќе ја затвореа бидејќи има човечки жртви. Ќе им викнеа невладини,на ТВ пресови, ќе бараа одговорност и расветлување на случајот во најбрз можен рок.....
    Како што разбрав тие не ни иделе на технички,само сообракајната удри печат и терај (колку е точно...?)бидејќи нивен е техничкиот (исти газда)
     
    На gjoker4e, RosettaStone и Јаневски им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    25.611
    Пол:
    Женски
    Јас пак прочитав дека скоро пред 1 година од истава компанија лани се превртел автобус во Косово . Нешто е фиши овде :^) . Вчера утрото пак имало инцидент со автобус од истата фирма .
     
    На gjoker4e и RosettaStone им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    9.415
    Пол:
    Женски
    Тркалата не се прави има слики каде што се гледа дека се на лево извртени, што според мене укажува дека поради тоа што 'нашите патишта се предобри за возење и без дупки' се има нешто скршено или заглавено кај гумата што предизвикало тркалото да се блокира по што се блокирал и воланот, и еден од повредените имаше дадено изјава дека воланот бил блокиран и тој му помагал на шоферот да свртат на десно заедно.

    Навистина е сега жалосно што цела вина ќе ја крка шоферот и покрај тоа што човекот и вака и така до крајот на животот ќе носи грижа на совест и тешки трауми поради технички неисправен автобус.
     
    На MonMon, gjoker4e, RosettaStone и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.838
    Допаѓања:
    80.798
    Пол:
    Женски
    И што ќе му биде на газдата ако си признае дека сепак станува збор за технички проблем, да ги укине ден, два линиите и да ги проверат колку се исправни автобусите? Вака повеќе лошо прави, се гледа дека сака да заташка и да префрли вина.
    Според самата несреќа може да се процени дека не е човечки фактор. Ако се изгуби контрола, се знае дека веднаш се пробува да се сврти и да се врати во колосек. А ова, пробивање направо три банкини. Само да излезе на виделина вистината.
    Инаку, сега божем луѓето немале доверба во Дурмо Турс па ќе се возеле со други превозници. А има и автобуси од други превозници кои неисправни ги пуштаат на релација. Некако ретко кој сериозно ги сфаќа овие работи. Мислам на компаниите, нивните обврски да им обезбедат безбедност и сигурност на патниците. Не е работата само наполни го автобусот и терај. Се случило да почне да мириса како нешто изгорено во автобусот, а тој претоварен, луѓе на нозе стојат. Му се спомна на возачот, вика Терет е колку патници има. Па ако е терет, нека не качува повеќе од што собира.
    Тоа е. Кај нас само да се молиме да имаме среќа да пристигнеме.
     
    На gjoker4e, RosettaStone, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Уште еден од повредените починал. ;(;(;( 15 жртва...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Дај боже само да се разреши ситуацијава.
    Факт е дека возат со неисправни автобуси. Од Гостивар сум, лично дали еднаш или 2 пати сум се возела со нив, но луѓе кои секогаш се возат со нив кажуваат дека често се случувало на половина пат да се префрлаат во др автобус , бидејќи тој со кој се возеле не бил во ред.
    0:42
     
    На gjoker4e и RosettaStone им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Време е да се протресат сите станици за технички преглед. Оти приблемот не е само со автобусиве и компаниите, проблемот е и со сите кои продаваат коли,пример. Сите се врзани со некоја од техничкиве и колите ги минуваат и без преглед, демек за побрзо...дур не се деси вакво нешто. И,кој тоа дозволил фирма за превоз и свој технички преглед да има? Ај газдава, али...и на повисоко ниво иде ова.
     
    На Annath, Harper, SV1911 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.145
    Допаѓања:
    329.242
    Пол:
    Женски
    се знае ли кој е?Каде прочита?
     
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.329
    Пол:
    Женски
    https://sitel.com.mk/avtobuskata-ne...ta-zhrtva-ushte-petmina-vo-kritichna-sostojba

    Официјално е.

    Извини Joy, грешка те прочитав, мислев си прашала дали е официјално дека е починато и 15 лице, а не дека прашуваш кој е.

    На КАРИЛ е некој, 39 годишен маж кој беше во животнозагрозувачка состојба. Не се знае идентитет уште.
     
    На cresa-jagoda, Doozy и joy1 им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @joy1 не, не пишува кој е. Ќе кажат во текот на денот, прежално. ;(
     
    На cresa-jagoda и joy1 им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.145
    Допаѓања:
    329.242
    Пол:
    Женски
    Од втора братучедка на мм,сопругот е сеуште во критична состојба.Вака кога чекаш...неизвесно и ужасно е.
     
    На CrazyGirl15, WildMk, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @joy1 се надевам не е тој.. :hug:
    Многу жално за сите, тешко на блиските што чекаат таму..;(
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.