Ајде сега сите ќе се правиме ко да не сме биле зачудени и изненадени како тоа некоја не може да примети 9 месеци дали била трудна или не. Во ред се објаснувањата дадени потоа и имаат логика, но првичниот текст беше ми се чини оскудно напишан и нормална е претпоставката дека можеби се работи за припрости луѓе од ист оној тип кои веруваат во магии, басни и чуда, признајте сите тоа го помисливте. Ниту ние знаевме за псевдоциеза и слични термини ама ете сега се разјасни работата и со олеснување можеме да кажеме оти на крај сите паметни излеговме Освен оние кои уште ги држи првичното мислење. Немојте, you should all join the club, како останатите.
За жал на пациенкиве се потсетив на една дискусија овде на форумов. Се чудам не оти ја нема, туку бар во канта да се оставеше да стои. Немаше директни навреди,ни прекршувања на правилата. Простете сега сум офф,признавам ама ете ми поминаа пак истите морници низ телото. Дискутиравме за нашето здравство. Како пациентка која лежеше патолошка бременост во една од државните болници,пишував за случувања за кои бев сведок. Јас бев слепецот и сеуште сум благодарна на лекарот кој ми Вети здраво право дете доколку с придржувам на се што ке рече. Се придржував ама одев и на второ,трето мислење и пак му се вракав на одделение до породување. Лекарот правеше абортуси " на црно", се згрозував и пишував околу тоа и бев малтене обвинете како соучесник на докторот само оти не сум го пријавила. Ма неможев никако да го разубедам другиот во дискусијата дека во моментов приоритер ми е моето неродено дете одколку нерегуларностите во болницата. Оди па разубеди ја дека сама како поединец,плус со критична бременост,неможам да се усудам на таков чекор. И што ке сменев? Немој некој да се усуди и да ми го каже спротивното. Немој! На истиот покасно му почина здрава права пациентка и бебенцето на порогај. Цела јавност е информирана. Јавно. Пак ке нагласам,Јавно!!! Докторот знаете каде е? Во клиника со подобри услови за работа. Тоа му доаѓа како награда? Кој е тука виновен? Пациентката? Јас што анонимно не го пријавив како што притискаше членката дека сигурно лажам,не постојат такви работи во нашето здравство? Анонимно требало барем,штом сум се плашела за своето бебе. Гарант ке го избркале докторов и ке му ја одзеле лиценцата. Само мое било да пријавам. Не,јас сум слепецот што башка не го пријавив и кога ми заборави на порогај со царски рез газа од метро ипол во мене. Што едвај открив дека ми извадија газа а не тумор. Јас сум слепецот во случајов оти при некое бабинско а мое верување си реков вака:фала господе, жива сум,се придржував на инструкциите на докторот во кој и покрај се гледав да не речам светец,ми даде дете во рацете. Или па не, не сум слепец само сум благодарна заради детето и оставив нечии гревови секој сам да си ги носи на грбот. Кујзнае што си мислев,дека ако го оставам на самосвест дека ке проработи Човечкото и во него. Ама не.Верувам дека јас чувствувам поголема грижа на совест од него,мислејки си дека ако го пријавев на време, може па ке се стореше чудо и ке беше сменет и немаше женичката да почине. Чудни се жените поготово кога чекаат дете свое во рацете. Кој го минал патот знае. И дај престанете да ги обвинувате пациентите. Пациентот е пациент и лаик во медицината. Секој со различен коефициент на интелигенција и информираност. Лекарот е човек и човечки е да погреши,ненамерно. Ама вакви случувања??? Имам право да бидам проста,но тој нема право да ме манипулира. И ако не повеќе,разбирливо е дека и тој од своја плата си храни фамулија, па не очекуваме дека сам ке се повлече од работа,ама каде е човечноста во овие луѓе бре? Кој им.дава право да си играат богови кога е во прашање нашето сопствено здравје? Тие јадат леб од нас и треба да се однесуваат така,како што јас се однесувам спрема луѓето од кои јадам леб. Како до луѓе а не со предмети. Ако се пронајде во текстов и членката,ич нека не ми простува. Постојано врши притисоци за исти политички цели. Ако некој можам да наречам слепец,тогаш токму таквите би ги нарекла слепци. Здравството ни е на високо најдобро ниво. Па во која држава живеете вие бре? Кое анонимно пријавување? Кој ефект? Жениве дотуркале да излезе јавно работава а за нас во прв план паѓа она дека со жената не е во ред нешто штом не сменила лекар девет месеци? Не осеќала ли клоцање,требало дури мажот и од сон да се разбуди кога ке клоцнело. Се читате што пишувате? Зарем мислите дека секоја бременост е иста? Изгледа и ние другите треба да се чудиме околу вашата неинформираност. Посилно беше од мене. Оти на своја кожа ја осетив на сред критична бременост необзирноста на луѓето кои слепо и веруваат само на власта и нејзините проекти. Еден да излезеше барем,еден. И да превземеше одговорност.
@Bridget Ами Рефка уште пред 10 страни пиша за псевдоциеза, интервјуто со новинарката и адвокатот беа исто пред неколку страни оставени, ама луѓе ниту читаат, ниту слушаат, па мора да се нагласи Јас искрено ни за момент не помислив дека станува за некоја жена опишана во твојот пост. Брачен пар, во првиот текст пишуваше, креветче купиле, соба спремале, играчки, облека... и пуштал секакви снимки од бебето. Нормално недостасуваше многу за да ја надополниш сликата, ама не е еден човек па да се преправа 9 месеци, цели семејства биле вклучени во ова. Како и да е, јас секогаш велам дека сомнежот е добар, ама некако заморно ми е постојано жртвата да е на тапет, а не обвинетиот. И ние овде еден куп жени треба да искажеме поддршка, затоа што не се знае колку вакви случаи има што не излегуваат на виделина затоа што ете, ќе кажеме глупава била, проста била не знам каква била. Пред некоја година кога бев поактивна на форумов, редовно ги читав темите за бременост и дознав низ какви тешкотии поминуваат жени за да забременат, колку долго го очекуваат тоа, сите маки. Кога го прочитав ова искрено како да ми се скрши срцето. Да се спремаш за принова, да броиш денови кога ќе си го видиш бебчето, а тоа една голема, бесрамна лага. Не знам веќе и што да искоментирам.
Овде веќе има простор за муабет. Не сакале да ризикуваат да добијат женско дете по трет пат? No comment. Звучи ко и за второво да биле разочарани. Па да прогуглале за методот што им го кажувал, нешто. Ама, доверба чуда прави. Го гледаш ко професионалец, на крај памет не може да ти падне дека таков доктор ќе лаже.
Немa штo дa искoментирaш уште, јa дoлoви бoлкaтa дoвoлнo сo пoследните реченици, кo дa ние не сме свесни зa тoa. Никoј не јa нaпaѓa женaтa, кaквa и дa билa се знaе чијa е кривицaтa и немoјте дa гo вртите oвa кo нaпaѓaње дa е. Нo прaшaњaтa штo се пoјaвувaa вo глaвa нa oние штo прoчитaa (oсвен тебе и верoјaтнo уште некoј редoк тaкoв, нели) се нoрмaлнa рaбoтa. Не oсуди, не oпрaвдувaњa зa дoктoрoт, туку сoсем лoгични прaшaњa кoи oд првa ќе ти се јaвaт вo глaвa.
Мене н пример не ме будеше во сон, стапало или рака иато не се познаваа веројатно ради постелка на преден ѕид, нит па во желудник. Е во ребра јако
Во средата на телевизија 24 во емисијата со мишко ја гледав цела беа гости, Менче Точи, адвокатката на паров,Ирена Фрчковска Педијатар Доктор од лекарска комора и Невропсихијатар кој и те како го критикуваше докторот и воопшѕо не застана од страната на докторот туку напротив '' цитираше'' Сите доктори пред да ја добијат лиценцата за работа обавезно да поминат на психијатриски тестови а не само полиција и војска
Многу внимателно го прочитав вашиот пост и морам да признам дека ми се допадна каде што бескрајно му веруваш на докторот и на крај можеш и со живот да платиш но фала му на господ што преживеав можев и сепса да фатам а тој сеуште работи на една од државните гинекологии и мислам дека ова не треба да биде табу тема.Туку треба бре сите до еден да одговаараат и да не вршат дејност доктор
Мене ми е стварно чудна целата приказна. Еве, под претпоставка да ја истерал лагата до крај, нели, за киретажа или цезареа треба анестезија. Тој не е анестезиолог, па ќе има потреба од истиот. Или е и анестезиологот замешан, или е истиот добро обработен оти интервенцијата е вистинита. Во второво не можам да верувам, оти ми е глупост над глупоста да можеш апсолутно сите да ги лажеш. А плус каде се тука сестрите ?! И тие се во сала, за време на било каква интервенција. Има нешто повеќе тука. Не е возможно да ја успие жената, па само да ја легне во сала и да лаже оти направил едно од двете погоре. Нема шанси да го прави тоа сам. На крајот ќе наплати цезареа, а бебе нигде, па ни мртов плод. Можеби грешам, ама мене ова ми личи на организиран криминал. Освен тоа, се зборува дека не е прв случај. Како тоа до сега не му е одземена лиценцата ?! Никој ништо не знае, никој за ништо не одговара. Трагедија. Уште па и препорачувал наводен пораѓај во Прилеп. Зошто ?! Што ако жената прифатела ?! Како тоа таму ќе се појави ни бремена ни ништо. Овој сигурно имал некој таму што ќе и го препорачал. Ова ми личи дека со некој таму соработувал.
Eве ти погоре пример од @galapce за нејзиниот доктор. Што се и има направено, а она сепак не го пријавила (не навлегувам во причините, ниту дали тоа е оправдано или не) Знаеш колку има вакви случаи? Премногу! Само до сега откако излезе случајов во јавност се појавија 10-тина жртви на истиот “доктор”. А колку ги има што се анономни? А други доктори? Страшно! До какво дереџе ни е дојдено здравствово. А овие од лекарска комора не можеле ништо да сторат?! Со месеци не можеле да формираат тим од експерти?! Да, да!!! Сите треба одговорност да сносат. А зошто побогу постои лекарска комора? За украс?
Според сево ова тука има нешто јас мислам дека докторов што ги прави овие испитувања за брачни парови што неможат да имаат деца зема материјал и ги продава во други држави каде што брачен пар пи платиле голема сума на пари, само за да имаат потомство, и таа сперма и тие фоликули ги праќа во други клиники каде што се оплодуваат други жени. Во случајов ги испратил во бугарија ова луѓе ми личи на организиран криминал
Мнoгу дoктoри требa дa се испитaaт, се' пoчестo жени имaaт прoблеми сo зaчнувaње, дoнoсувaње нa плoдoт, неуспешни инвитрa...пoрaнo вaкви рaбoти мнoгу ретки беa. Пoкрaј рaзни фaктoри кoи имaaт влијaние нa вaквaтa сoстoјбa, ништo чуднo и фaктoрoт -медицински персoнaл дa имa гoлем удел. Just thinking.
И јас го помислив истово. Порано правеа криминали со крадење на здрави бебиња и ги продаваа на страна, а на родителите им кажуваа дека бебето е мртвородено без никаква шанса да го видат или да го погребаат. Е сеа изгледа вака им е полесно во оваа ера на ин витро оплодувања, укради материјал и оплоди жена што не може да има деца. Ќе си го роди како свое и ела после барај која е и докажувај дека не е нивно детето. Језива е самата помисла и треба малку поозбилно да се испитаат сите клиники кои вршат вакви услуги. Инаку не е само докторов, ехее колку има вакви гинеколози низ цела држава кои измислуваат бременост кај жени кои не планираат потомство, па после тоа им договараат абортуси на црно и земаат пари за истите а бременост воопшто не постои.
Сите што ја осудувате пациенткава не сте во право.Пр:Ако отидам на доктор (безразлика за што сум отишла) ,и безразлика колку имам познање од медицина,докторот НЕ СМЕЕ да си дозволи да ме лаже и точка!Друга тема на муабет е тоа што здраството ни е дно.Друг пр :Ако ти рече пиј "аналгин"карикирам сиг нема хелекс да пиеш,поради тоа што ти не си доктор него тој.Сите вие шо викате дека е крива не им верувате ич на докторите ? Им викате не ми е таа дијагноза ? Мислам дека поентата ми ја сфативте.Докторот е крив и никој друг.
Магистрирав на тема лекарска грешка. Со еден тон податоци кои ги поседувам, анализирање на случаи, судска пракса, овде и во светот, само едно ќе ви кажам дека ова се дела кои најтешко се докажуваат. Лекарската фела е една од најлојалните, лекар против лекар не сведочи, а законот наложува најчесто формирање на комисии, вештачење и сл. Во Мк има само еден осуден лекар гинеколог. Само еден!!! Во светот, судска пракса е ваквите случаи да се водат во граѓанска постапка, односно се исплаќа штета. Ова да ви биде појасно зошто многу молчат, зошто не пријавуваат. Како капак на ова кога ќе земеме во предвид во која состојба ни е здравството, сите се молат да спасат жива глава од лекарите и болниците. Па и јас која својата магистратура ја должи токму на оваа тема, верувајте ќе размислам дали би пријавила и тужела. Случајот, ако им разрешница, ќе има поради притисокот од јавноста или евентуално, ради нови избори. Нема да ме изненади и да се заташка.
Се слагам со сето ова што го кажа но кога може да одговара човек што ја покрала банката и што ги земал парите на луѓето и ги однел незнам каде, а при тоа не е загрозен ѓивотот на луѓето,и ќе одговара за тие дела. Зошто да не одговара доктор и за вакво нешто а каде се други пациентки на кои што им се умрени бебињата во деветиот месец, нели е тоа убиство,нели е загрозен нечии живот,дали на мајката дали на бебето,и што тие доктори вешто ќе се прикријат и нема да одговараат за тие дела.Па побогу до каде ни стигна здравството, еј оваа моја чудесна македонија па ги раѓале децата на нива, во никакви услови а сега во болница, акушер тука доктор тука, сестра па трт,прт анестезии,па бокс, кревет, апартмани со телевизори, клими и пак смртноста е на висико ниво.ЕЈ Луѓе 21 век сме и немој некој да ми каже дека и овој гинекологов не е за осуда и дека ќе биде заштитен како мечка
^ Јас никаде не спомнав дека не треба да одговара, туку зборувам од правен аспект врз основа на еден куп податоци кои ги поседувам. Таква е состојбата кај нас. Еден осуден гинеголог, другите заташкани. Лекар против лекар не сведочи. Живееме во држава каде што здравтството ни се распаѓа, а судството е корумпирано. Правда? Нема!
Кој не одел подолго време по лекари, значи овде зборувам за континуиран период од месеци, па и години, не може да знае какви гадови се движат по болниците. Ако почнам да ви кажувам што се' се изнаслушав во последнава година, ќе се фатите за глава. Мене ни најмалку не ме чуди приказнава, впрочем, веќе ништо овде не може да ме зачуди. Платени за да ја работат најхуманата, најчовечната професија, а во нив нема ни Ч од човечност, а камоли од човек. Друга работа, за која повторно, треба да имаш некое какво-такво познавање (а не дај Боже и лично искуство), се хормонската терапија и психата. Многу опасни работи за човек да си игра со нив, а така тесно поврзани една со друга, леле мори мајко. Докторот не само што одел по црвената линија 9 месеци со женава, во ДВЕТЕ области, туку сигурно и доста „убаво“ и' ги изреметил и двете и тоа за навек. Не сакам ни да помислам што се' и' било давано на жената во форма на лекарства и вештачки хормони и како тоа и' влијаело. Јас искрено сум загрижена КАКО таа ќе успее да се опорави психички подоцна, заради тоа што НЕ САКАТЕ да знаете што се случува не само физички, туку и психички кога хормоните ти се во дисбаланс. Трето и последно, не ќе е лошо некогаш само да се сочувствува со некого... И да молиш Бога да не дојде до тоа да треба да одиш овде по лекари и да треба да се лечиш... оти, нема да се излечиш, може само да се доразболиш. Во потпис, некој што со години пиеше грешна терапија, блиску поврзана со двете теми што ги наведов погоре. Кој е крив? Јас? Затоа што порано не си ги земав работите во свои раце? Жената? Што под влијание на којзнае какви синтетички хормони добила стомак? Можеби, не викам не. Ами нели затоа одиш на лекар, а не на бајач? Ами нели се нервираат кога пребаруваме по Интернет? Ами нели тие се тие што знаат се'?! Епа, њуз флеш, бичес, без тој Интернет јас немаше да си го најдам чарето. Па сега... кој како си сака. А можеби сум многу работи, ама неука - не сум. Оувер енд аут.
Може не е за овде ова ама морам негде да го споделам. Ќе извините на должината. Ја следам темава на Фемина откако се слушна за скандалот со гинекологов...За случајов слушам и читам се на што ќе налетам. И ми личи на мојот случај. Гинеколог желен да си прави бизнис од професијата. И јас како и овие жени отидов на гинеколог. Односно...На мојот гинеколог и најавив дека сакам дете. Ми даде веднаш фолна и почна да ми закажува секоја недела фоликометрија, да ме праќа да испитувам по двапати тироксин и пролактин. Прво заедно, па следниот месец одвоено. Резултатите беа одлични. Не ми зема ни за ПАП, ни за микробиолошки тестови. И по првиот месец почна да ме клука со хормонална терапија. Подоцна од тие апчиња циклусите ми беа де 37 дена, де 25...Кога ми кажуваше на кој ден да направам тест за потоа да ми каже знаев дека ќе биде негативен. Така беше се додека не ми пукна филм и кога после 3 месеци незаштитени односи побара спермограм од мм. Не сме затуцани за да тој не го направи тоа испитување ама од други гинеколози сум чула дека тоа се прави по година дена незаштитени односи. Гинекологот е една од најпознатите и очигледно сфати дека сакаме дете па си најде добра прилика да заработи. Мојата поента е секоја да си бара и второ и десето мислење и да внимава кому му го доверува своето здравје.