Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека вината на шоферот ќе му ја наметнат :@ Да не се лажеме дека законот ќе важи исто и за оние кои моќта ја црпат од парите :x Само роднините на жртвите, повредените и нивните роднини да бараат правда. Има живи луѓе, ќе кажат како било и што. И после ова, граѓанска иницијатива и носење на закон со ригорозни казни за неисправни возила. И контроли во МВР, да се види кој е корумпиран. Не сакам да мешам политика, ама ако ДУИ стои зад овие, тешки манипулации ќе има. Држава во држава направија тие истите. Ама вреди правдата да се истера до крај, за сите оние 15 кои никогаш не стигнаа на посакуваната дестинација, за шоферот кој на душа си ја носи тежината за сите во автобусот, за повредените со сите физички и психички рани, за 20 годишната девојка која со ампутирана нога е во критична состојба, за солзите на деца, мајки, татковци, сопрузи, девојки и дечковци, за нашата држава, за нас. Да не ги оставиме да не манипулираат, не газат живи, па и мртвите ќе ги газат. Сите ние сме во потенцијален автобус на смртта со неисправни возила. Вчера идев во Скопје со автобус, мајка ми вика, отсега ќе те мислам дури да отидеш и да се вратиш, оти ми е страв после ова да се качиш во автобус. Толку сме ние вредни, колку еден печат за лажен технички преглед?
     
    На CrazyGirl15, gjoker4e, Harper и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Не треба само семејствата на загинатите и повредените да бараат правда. Треба сите ние да се собереме масовно и да бараме правда и за настраданите и за нас за ова повеќе да не се повтори. И се согласувам со @KateKane. Како тоа се под истрага, а овие не се под клуч на одредено време згора на тоа и си возат редовно? Најискрено се надевам дека ќе се санкционира компанијава.

    Жално за девојката што и ја ампутираа ногата. 20 годишна.
    Жално и за човекот што загинал денес.
    Уште колку луѓе останаа во критична состојба? :(
     
    На gjoker4e, Harper, cresa-jagoda и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Браво, многу било лесно. Кај човекот има трауми и повреди, цел живот на душа ќе ги носи, уште наметниму дека е виновен, уште толку дотепај го.
    Ама шо да праи човек, му рекле вози, ќе вози, работа му е тоа за парче леб.
    Него увек кај нас го крка помалиот... газда ко газда, секогаш ќе се штити сам ќе си гледа својот газ да го спаси.
     
    На Annath, gjoker4e, Harper и 21 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Зарем во оваа утепана Држава очекувате правда?кога луѓе имало правда искрено во Државава?НИКОГАШ,тука во Државава све се купува со пари,и тоа е јасно како бел ден,чим имаш пари си моќен,чим си моќен,све можеш да подмитиш,купиш,натераш,а за закани да не правиме муабет.За жал на човекот иако останал жив,животот е завршен,душевна болка на 15 луѓе ке носи до крајот на неговиот живот,плус притисоци,од мафија,по него и неговото семејство,сакал нејќел ке прифати(ради останатите од неговото семејство),да каже дека автобусот бил исправен,дека грешката е негова.Барем за жал сме биле сведоци на многу убиства кој поминувале како ништо да не се случило,се сеќавате на Ален Зекиров лежеше затвор?Не,Дејан Митревски Урко утепа мој другар во К.Вода лежеше затвор?Не,Алачки лежеше затвор?Не,и да не набројувам уште еден куп вакви случаеви,каде што ни еден големец не лежел затвор.Ама затоа кутриот сиромашен народ,за 150 кебапи ке лежи 3 години затвор,за 10 тегли ајвар ке лежи 2 години затвор,убаво има една поговрка,каде има сила,правдина НЕМА.
     
    На kirilovbe, gjoker4e, Harper и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Кај ќе им оди душата на таквите. Зошто бе секогаш најневините страдаат.
    Кој има пари и моќ има се... другите, само господ да ги чува...
    И да, секогаш било така кај нас...
    Го памтам и тој што го утепа човекот на точак со мотор на партизанска, исто на позиција некоја беше( не ми текнува на името). И никому ништо.
    Не е поврзано со темава, ама палат коли, еве пак имало и ги знаеле кои се и пак ништо не се превзема.
    Многу сум револтирана, знам дека е џабе, дека секогаш ќе биде така, макар и жив ѕид да биде народот пак ќе не згазат.
    Животиште....
     
    На gjoker4e, Harper, Shmizla94 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Оти разглабате вина и невиност?
    Појма немаме што е точно од сите муабети кои се шират.

    Полека. Нека заврши истрагата. Се вештачи, се прават интервјуа.
    Ќе има изјава за јавност кога ќе заврши се'.

    Појма немаме никој што точно било. Не бевме таму. А и да бевме, прашање е, дали ќе бевме свесни што се случило.

    Полека сите. Ако може да се воздржите од обвинувања, ќе биде најубаво.
     
    На gjoker4e, Lolipop23, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  7. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    На gjoker4e, KateKane и Animali им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.077
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Си ги поминуваат возилата на жими мајка, станиците за технички преглед треба да се прочешлаат , а нема да се чешлаат бидејќи се поврзани со политички функционири и партии.
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda, SeaMermaid и 9 други им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.272
    Допаѓања:
    50.869
    Пол:
    Женски
    Дали и ќе заврши истрагата, ќе заташкаат се.
    Како што знам ништо до сега не се е средило, па и за ова не се надевам многу.
     
    На Harper, cresa-jagoda, SeaMermaid и 8 други им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Значи ти имаш апсолутна доверба во надлежните и дека вистината ќе биде обелоденета пред јавноста ?
     
    На Harper, dunika, SeaMermaid и 21 други им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Мене стварно не ми е јасно.На толку пари што прават овие компании нели можат да си дозволат еден асален технички преглед.Тоа е ем за нивно добро,ем за сигурност на патниците.
     
    На Harper, cresa-jagoda, SeaMermaid и 5 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.200
    Пол:
    Женски
    А што очекуваш да каже друго? :^)
    Да беа другиве на власт гарант најгласна ќе беше на темава.

    Се аогласувам дека е нешто матно. Ако молчиме и чекаме надлежните да ја завршат работата, толку ќе биде. Никогаш нема да се дознае. Треба да бидеме гласни, многу гласни :!:
     
    На Harper, SeaMermaid, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Јас разбирам сите сме во жалост поради загинатите и повредените од една страна, а од друга разочарани воопшто како ни функционира државата ама дај да им се даде време на надлежните да си ја завршат работата. 99% тука веќе ја прогласија за виновна агенцијата а возачот го ослободија од секаква одговорност .
    Дај нека испаднат прво со соопштение па после да се осудува. Си била на пример ти на технички преглед со возило? Што подразбираш под технички а што под асален технички преглед? Знаеш законски што прегледува техничкиот а што не? Знаеш дека и во текот на годината може да испадне дефект ако на техничкиот поминалосе во најдобар ред? Која е логиката некој да пушти возило во сообраќај ако знае дека има неисправност која може да предизвика несреќа? Според мене не е негативно поседување на сопствен технички преглед бидејќи тогаш во секое време можеш да го поминеш и да видиш дали во меѓувреме има нешто што почнало да откажува?
    Ако не сте имале искуство со такви работи немојте ниту да коментирате. Во Македонија има стотици превозни фирми и најмалку 50тина фирми кој вршат технички преглед со вој твој пост ти фактички сите нив ги обвинуваш без некаков доказ за тоа
     
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    А како тоа и утре дента друг автобус од истата компанија да има дефект?Те молам,нема потреба да се напаѓаме.Темава е за дискусија.Ете јас сум неука или што да е,но не ме обвинувај.Тоа е мое мислење,но и на пола членови од темава.
    Поздрав.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Логиката е пари.
    Се за пари, и неисправно возило ќе пуштат за да заштедат пари.
     
    На cresa-jagoda и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  16. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Иако те цитирав тебе мислев на повеќето кои веќе донесоа пресуда за случката и се што ќе биде поинаку ќе се третира како заташкување.Еве и ти конкретно осудуваш нешто за кое ниту имаш знаење ниту искуство. Ниту еден технички преглед нема да ти открие дали во текот на возењето ќе ти блокира тркалото, или заглави воланот. Кога се постари возилата( а според мене секое возило над 15 години е старо за јавен превоз ) можеш да очекуваш во секој момент да ти откажи нешто посебно околу моторот. Техничкиот не смее да замижи ако има проблеми со кочници, стари гуми, околу предницата и тоа е се што можат да откријат
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали возачот правел редовен систематски преглед!?
     
  18. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Еве и за тебе прашање, то е тоа што би откриле неисправно а газдата не би го поравил туку би заштедил? Едноставно треба да се ограничи староста на возилата кои вршат јавен превоз
     
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Така е и можеби си во право.Но целата работа е сомнителна поради изјавата на газдата.
    П.С.Фала барем сега знам нешто за технички преглед,барем од сега па натаму ќе имам некаква си претстава како тоа функционира. :)
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Ако добро се сеќавам беше ограничена староста на возилата едно време..што се случи со тоа потоа не знам. Веројатно само за автомобили беше.
    Исто така, прашање за тебе зошто ист газда би отварал нов бизнис ако со стариот добро му оди? За субвенции од државата или што?