1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Ова исто како да прашаш за Орце Камчев зошто од бизнис со спортска опрема си отвори и болница, па влезе во бизнисот со градежништво. со земјоделие, банкарство. Едноставно кога имаш пари ги вложуваш за да имаш уште повеќе. Сигурно на газдата на Дурмо не му било целта да отвори технички преглед со единствена цел да си ги мине расипани возилата туку да печали пари од тоа што пола град би доаѓале во тој технички преглед. За мене би испаднал ептен глуп ако му било тоа целта со техничкиот.
    Да почекаме да му се врати сеќавањето на возачот и да си каже што има да каже. Дали бил присилуван да вози неисправно возило или не. Секако истрагата се ќе испита и дали навистина некој контактирал со него после сообраќајката или лаже газдата. Мислам дека возилото ќе го однесат на машински и таму ќе оценат што било навистина причината за такво однесување на возилото.
    Не сум да обвинуваме или окривуваме некој предвреме. Многу возачи на камиони и автобуси се безобразни во возењето. Безброј пати сум бил сведок како на автопат при мое возење од 100km/h ме престигнуваат и шлепери и автобуси иако позади убаво си имаат лепенки колку им е ограничувањето на тој пат а сигурно тоа не е 100km/h.
     
    На Peperutce1115, CameliaMiller и PaLaVa им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа не живееш во државава :^) Си носел возило на регистрација? Дали воопшто некој ти го гледа какво е? Или само сакаат да помине ред и да земат пари? Моето искуство е дека не им е гајле! Возило со неисправна рачна не го приметија!
    Не да е лошо вршење технички преглед на сопствени возила, туку според мене треба да е незаконски и недопустливо. Ама....
     
    На Annath, Harper, Јаневски и 13 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека возачот ќе каже вистинито гадно се лажеш,а особено не она што ти сакаш да го слушнеш, само во Мкд ќе се заташка случајов. За брзо време ќе тапка во фиока и никој нема да се сеќава. Во развиени земји нема да е така.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Па сигурно не зборувам напамет. И поради нефунционирање на рачната не може да дојде до сообраќајна незгода. И да, за тоа сигурно ќе ти прогледаат низ прсти бидејќи таа ти е потребна лично тебе. Или како да речеш дека немал еден штоп и сега е тоа главната причина за сообраќајките што се случуваат.
     
  5. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Гледаш ти си го направила веќе сценариото и кој може сега да те разубеди? Ако возачот си ќути и не каже ништо тогаш и заслужува да си одлежи во затвор па нека штити било кој
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Очигледно не сакаш да ја сфатиш поентава. Тие рачна не приметуваат, а свири цело возило не ги интересира од што е, па за друго да не зборувам. Кочници мислиш гледаат? И за нив ќе ти речат(ако ги приметат) поправи ги. За автомобилските гуми да зборам ли? И не, не смее за ништо да ти прогледуваат низ прсти, не се работи само за твоја безбедност, ами за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
    И не ја занемарувај важноста на штоп светлото, штом го има во автомобилот, важно е и треба да е исправно. Ама од вакви размислувања како твоите, државава ни е ваква :^) И ни гинат луѓе на патишта како муви :(

    Како бе рачната ми е потребна само мене?! Ако си го чувам дома возилото, да, инаку не. Ако паркирам возило со неисправна рачна, а тоа удри друг автомобил, или недај боже пешак?!
     
    На Annath, SV1911, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Јас најмалку можам да направам сценарио, можам да дадам претпоставка мислење, а твое е да ме демантираш.
    Но, возачот нема што да лежи во затвор бидејќи не е негова грешка. Грешката е во неисправното возило, но бидејќи станува збор за иста фирма ист газда нормално ќе се јави сомнеж. Зошто некоја како мене би правела сценарио? Затоа што тоа сценарио е веќе видено.
    Кој има подлабок џеб има повеќе моќ.

    Исто така зошто кога возачот се вратил од долга рута не добил слободен ден туку веднаш другиот ден бил испратен на оваа рута. После секоја долга рута возачите треба да имаат слободни денови за одмор.

    Прочитав тука дека биле доста безобразни вработени и газдата, па безобразието им се виде кога дадоа интервју прво за себе. На нив,им е гајле за 15те невини жртви и другиот ден си возеа најнормално наместо да бидат човечни и да ги укинат сите возни редови, своите возила да ги пратат во друга станица на технички преглед, за да се направи увид и детален распит, преглед на извештаите и слично. Може станува збор за пропуст од вработен во нивната фирма. Ама не тие си продолжија да возат ко ништо да не било,нормален ден на работа и со демант дека возачот е крив, немало траги од кочење тинтири минтири најлесно е така да се изјасни колку да се поткопа малку тоа привремено за следно интервју да има што да кажат.

    Е извини ама народот не е глуп...
     
    На Snowflake97, SeaMermaid, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Гледаш како ќе се разводни поентата на кажаното. Кажано беше дека неисправни се возилата за да заштедат газдите? Убедена си дека тој после техничкиот нема да се смени сијаличка за штоп? На тоа ќе заштеди? Знаеш дека секој технички имаат камери кои ги покажува мониторите каде покажува колку кочат тркалата и рачната. Колку е отстапувањето на предницата. Знаеш дека со крената рачна на горниште возилото може и да не мрдне а полиција да те казни оти не апаратот на технички покажува одстапување од минимумот? Па уште поради овакви како мене гинеле луѓе по патиштата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Ти го разводени муабетов другар. Со муабетите ова не е важно, ќе ти прогледаат низ прсти итн. Според тебе на што треба да се внимава при технички? За што служи истиот ако сите со помала или поголеманеисправност на возилото ги пуштаат со надеж дека ќе ги поправат некогаш. А многу често не го прават тоа :(
     
  10. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Тоа што газдите во 90% од фирмите се ѓубриња е вистина ама не значи дека секогаш вината е кај нив. Јас го кажувам од личен пример. Неколку години бев раководител во секторот на транспорт во фирма која има товарни возила. Никогаш газдата не рекол да се прогледа низ прсти на технички или да рече дека мора да се вози со возилото а знае дека е неисправно кога знае дека при евентуална сообраќајка прв е тој на удар , па раководителот а потоа и шоферот.
    Еве ти класичен пример на немарност на возач. На технички си мине возилот во ред, по неколку месеци плочките од кочниците се истрошиле а тоа може да го осети само возачот кој ме известува откако успеал и дискот и клипот да ги изеде и чиста среќа што во тој период не направил незгода. И кој е крив тука? Возилото фактички е неисправно.
    Затоа велам предвреме да не судиме никој да видие прво каков ќе биде извештајот
     
  11. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Јас што и да кажам е ирелевантно, стручњаци процениле на што се обрнува внимание на технички и најверојатно е усогласено со европски прописи. И пак ќе кажам дека блокажа на волан или тркало не може да го предвиди ниту еден технички преглед. Ако не знаете точно што се прегледува при технички следниот пат кога ќе регистрирате кола биди покрај техничарите и прашај ги што прегледуваат, која е причината и што може да настане ако тоа не е исправно.
    Инаку констатација дека еве го имал служба за технички и автоматски сите возила му се неисправни и така си ги минува е нереална. За мене е предност поседување на служба каде во секое време може да се прегледаат тие параметри на возилото. Ама ај кој како си го сваќа сето тоа
     
  12. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.109
    Пол:
    Женски
    Дали има листа на преживеаните и во која болница се наоѓаат?
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    275.250
    Одам на технички со мојава кола, влага тој вработен од технички во истата, ја поминува низ гаража (имаат камери) и ми ја враќаат.
    Толку? си прашувам, не ми е јасно.

    Е толку, нова ти е колата!

    Колата не ми е нова инаку. А и да ми е нова, каква врска има тоа?
    Ако вака со мене и останати илјадници како мене прават, кој знае како е со оние "големите".

    И јас сум против тоа приватњаци да прават технички, кај нас приватното знаеме колку е по пропис, во секоја сфера.
     
    На RosettaStone, SV1911, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Извини што ке те цитирам,пред 3 год носам мотор на регистрација,ми се расипа точно пред технички,пукна предна кочница,рикна акумулаторот(немав светла),дојде еден дечко што работи таму му објаснив,вика дечко гурај го внатре во технички,ке го запалиме со кабли,јас се чудев што ми збори овој,зимам го туркам моторот внатре ми го пали со кабли,идам на шалтер све помина како моторот да е потполно исправен,си платив и имав и технички и регистрација,после 5 дена го направив и продадов,до ден денеска не ми е јасно,како можеше да ме пуштат све да поминам.
     
    На RosettaStone, SV1911, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    275.250
    Испаѓа... тешко на нас што мислиме дека возиме исправни возила, ама можеби не возиме.

    Шта речи.

    Секако, јас лично ја носам на "проверка" кога ја носам да менувам масло, ама не сум никаков експерт за возила, па среќа дм се разбира колку толку. Да не се разбираше ни тој...
     
    На RosettaStone, gjoker4e, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.855
    Допаѓања:
    95.363
    Пол:
    Женски
    Мене не ми јасно само како може да постои приватен технички преглед?
    Тоа мора да е одговорност на државата,апсурдно е да си превозник кај сам си прави технички и си става печати.

    Тешко на тие што се зацрнија,а во јавност никогаш нема да излезе точната вистина.Бар не во држава ко нашата.
     
    На RosettaStone, MonMon, SV1911 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Немам апсолутна доверба во никој.
    Ама ние уште помалку знаеме од тие што се директно инволвирани во случајот.
    Плус, Македонија е ова, не сме ни 2 милиони.
    Ако има нешто, ќе се расчуе.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    ----
    Извор: https://puls24.mk/автобус-на-дурмо-турс-и-лани-излета/
    ----
    Автобус на „Дурмо турс“ и лани излетал од патот, го извлекувале со кранови и полиција

    Напишано од Marija на 16.февруари.2019

    Автобус на „Дурмо турс“ и лани на 9-ти март излетал од пат.
    Косовските медиуми тогаш известија за автобус на оваа компанија излизган на пат кон Приштина.
    Косовскиот портал „Дреница прес“ на 9 март 2018 година информираше дека со полиција и кранови се извлекува автобус на „Дурмо турс“.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    ----
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Е ова ме нервира!
    По свадба-тапани!

    Кај биле тогаш нашите новинари, да истражат, да дознаат дека имало македонски автобус, кој излетал од патот?!?!
    Сега само ќе препишат вест од туѓ извор!
    Е*ати новинарите!

    Истражувачко новинарство, кај нас не постои!
    А ако се заангажираат, сами можат, сите далавери во Македонијава да ги откријат!
    Тоа им е работа впрочем!

    Затоа не гледам македонски канали и не читам македонски сајтови.
    Треба да си го заработат лебот!

    journalism-101-if-someone-says-its-raining-another-person-36442457.png
     
    На referentka, MonMon, Waverly Raven и 15 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    275.250
    Уште да испадне дека е истиот...
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.