Ако заминал од Скопје на друго место тоа е друга работа,не знаев. А знам сигурно дека заминал во СК денес. Може има и закани од сите страни. Греота за него и неговото семејство.
РЕПУБЛИКА Шоферот од „Дурмо Турс“ е во домашен притвор – има закани по живот Објавено одСкопје 1 Објавено на февруари 19, 2019 КОМЕНТАРИ По информациите дека шоферот на „автобусот на смртта“ со својт фамилија го напуштиле домот, се појави статус на социјалните мрежи во кој се наведува дека шоферот е во домшен притвор но во Скопје. Во продолжение статусот во целост: „Шоферот од „Дурмо турс“ е во домашен притвор . Ситуацијата е лоша. Полиција од Автокоманда има редовно кај нив дома. Дичкото е под силе притисок, од заканите дека ќе биде убиен заради жртвите и од другава страна, да не избега. Хаос им е по дома. Сестра му само плаче. дечково вчера прв пат заплакал. Колку треба да си психички јак за да го издржиш се ова? Се бориш со секундите кои ти се врежани во мозокот, за време на несреќата и во исто време, се бориш со реалноста од 15 жртви и повредени. Во куќта во Керамидница, слшаш како тивко се липа,
Се наежив. Прво кога се случи несреќата ме интересираше дали шоферот е жив. Кога прочитав дека преживеал само помислив каков живот ќе има сега. И ете. Страшно.
Па наместо да се занимаваат со исправноста на автобусите на Дурмо,сега прават фама за возачот.Да го свртат вниманието кон шоферот.Цела недела помина,на Дурмо требаше да се забранат линиите на одредено време,одговорност од Дурмо никој ме побара. А зошто закани по живот? Кој му се заканува?Да не ја каже вистината за неисправноста на автобусот? Мане не бега од одговорност,не се крие...Не можеш на "магарато -удри на самарот"? Пак ќе речам:Шоферот е Македонец-затоа! Дурмо-финансиери на ДУИ Се знае каде е грешката,бараат начин да ја извртат вистината само и друг да биде виновен. Ние пак ќе си ги вадиме очите меѓу нас македонците.
Кој..Јас ти и двајца без тројца од фемина и нивни три другарки кои имале блиски жртви/погинати во несреќата? Истото ми падна на памет, ама гледаш, народот како секогаш е пасивен и инфантилен. Убиен е тој храбар бунтовнички партиско - независен дух. Во колективна хипноза сме дека работите магично сами од себе ќе се решат. Автобусите механички ќе зајакнат, а ако не, дека после ова ќе им се отворат очите на работодавачите да почнат посериозно да се бават со техничка контрола. Едит: Не заборавај дека вмро ќе го искористат протестот во сопствена цел. Нереализирана демократска сила сме до срж.
Во право си.. знам Како што #protestiram стана синоним за сдсм-овски војници Секое граѓанско движење, мора да се узурпира од партија. Се нервирам упм.. ни народ имаме асолен, ни лидери.
Дебакл. Хорор. Институционален хаос. Наместо да бегаат сопствениците на фирмата и да се кријат, шоферот се крие. Ќе земат сите оштета за по два стана, сведоците ќе ќутат, шоферот ќе полежи некоја година и така..... да не си му во кожа. Арно викаше тој твитот, нас во Македонија стварно Господ не' чува.
Кој ја сака вината ?! Сите бегаат од неа. Посебно во ваков случај каде пола автобус изгина, не верувам дека виновник сам ке се пријави. За шоферов...тешко на него. И да одлежи ,,некоја,, година, пак трагот останува до крај на живот. Ако е човек со осет и чувства мислам дека ваквиот настан ќе му ја изглода психата, и без некој нешто да му збори или прави притисок. Ако е ,,ѓон,, тогаш и доживотен затвор и налошо казни нема да му влијаат. И доста со осуди...и теории на заговор.
Баш тоа се мислев. Ако е со чувства, ќе се спобудали. Како шоферот на Тоше шо проба да се самоубие... Не можеше да се помири со вината... кутриот...
Обавезно. Како и се` друго што „искористи“ до сега, па уште ова им остана за да ја преземат власта во свои раце. Тешко на нас ако чекаме сами да си ја најдат вината и да се пријават сите убијци, лопужи, криминалци, шверцери итн. Тоа може да помине само кај некоја секташка задруга од затворен тип, сместена во некоја вукојебина од која никој не може да излезе или влезе без дозвола од поглавицата, одметната од сите институции, закони и норми кои го карактеризираат едно функционално општество. А гледам дека веќе сопствената држава така почнувате да ја идентификувате. Кога системот перманентно молчи, не превзема дејствија и санкции и со тоа ги куражи така да си тераат и понатаму, луѓево мора да најдат некоја сатисфакција и да го задоволат чувството за правда (што е најнормална човечка вредност). А како го прават тоа? Очекуваат признание за вина од шоферот. Не е веќе битна истрагата, вештачењето, изјавите на сведоците, историјата за техничките пропусти на компанијата, забраната што и била изречена лани па одма после тоа „институциите“ ја повлекле и сл. И притоа уште „мерите“ дали и колку возачот ќе лежи во затвор и дали бил човек или ѓон?! Епа со овој памет и ваквиот вредносен систем на кој не навикнуваат, индијанцине што живеат по резервати може вода да ни носат за племенско уредување.
Ти благодарам на епитетите кои ги додели А и друго не се очекува од трагачи по вистината по социјални мрежи
Јас навистина не знам зошто полицијата уопште се замара, зошто уопште имаме инспектори.. Кога по социјални мрежи се експертите...
Па да не нема да ја искористат? Двете партии наместо да работат за наш интерес само си ги бројат меѓусебните грешки и повикуваат на оставка. Ако има ,,своеволно организиран народен протест" мислиш нема на нив да има вмровци со политичка агенда? Не се прави наивна. За второто си во право, нема да дојдат на власт, ама со причина - зошто не заслужија. Не ме цитирај со парола ,,а сдсм да не заслужија", зошто еве ти го одговорот - не.
Лилика, со оглед на тоа каква банана држава сме, попрво рендом твитерџија Моџо ќе го расветли случајот во три реченици отколку десет инспектори на должност.
А може да те цитирам со „А народот дали заслужи ваква власт“?, и оп - еве ти го одговорот: повеќето од нив - да! Еве и јас не знам.
Аман од твојов национализам Што има врска дали е македонец или албанец, у нашава земја има едно правило дека немоќниот секогаш го јаде стапот без разлика на вера или нација.
Да али и членката што мисли дека ќе го расчисти случајот зашто татко и кола возел... Јасно кажува се.