За жал повторно почината родилка ,овој пат во Охрид од сепса. Родила девојче пред 7 дена,кое за жал ќе расте без мајка.
Жално жално сигурно не е била убаво исчистена постелката како јас што бев среќа почнав обилно да крварам и што бев во можност одма да отидам на ГАК оти овие во Струмица не ме дочистија како што треба па таму ме дочистија
Не знам што било во конкретниов случај, само знам дека гинекологија во Охрид не функционира и треба да си ја затворат. Бев на друго одделение пред два месеци, го викаа дежурниот доктор оттука, ја цитирам сестрата: "Докторе брзо на гинекологија ја утнале работата". Па пораѓа жени вечерта наместо да се грижи за своето одделение кое и така зависи само од него а другите доктори спијат. Таму нема доктори, не знам што се случува. Прават грешки и меѓусебно се штитат. Или нека најдат доктори или нека ги праќаат родилките во Струга и готово. Само знам дека не би се пораѓала тука. Страшно е.
https://fokus.mk/osumgodishno-devojche-se-udavilo-vo-bazen-vo-semejnata-kuka-vo-bardovtsi/ Базените - опасен луксуз. Пречесто се случува ова.
Мојов деновиве е обземен со да скокне од тераса и од прозор. Не знам зашто воопшто e оставено девојче само околу базенот. Без разлика 8 год. Дете е. Се може да се случи.
За мали деца постојат специјални огради... но за 8 годишно дете, навистина не знам. Освен да е нон стоп под надзор, ограда не би го спречила да влезе.
https://24.mk/details/pronajdena-po...74dkBxhg1qhCJ60siX3W8jmkU1_uXrBIZ7pZ3AC4MtzO0 https://24.mk/details/pronajden-trup-vo-vodite-na-akumulacijata-turija-kaj-strumica Како дошло до ова? Никој ли не ги бараше овие луѓе претходно? Никој ли ги немаше пријавено за исчезнати?
Кaј нaс сите си гледaaт зa себе, тaквo време е ни дoмaшните немa дa те пријaвaт зa изчезнaт, ќе си измислaт сaми сценaриo зoштo тoј ги нaпуштил и тaкa.
Голема е веројатноста да не се работи за македонски државјани. наводно, никој не фалел од нашиве, немале пријавено исчезнати лица. А и којзнае колку мигранти имаат скончано по балканскава рута, опљачкани, убиени и фрлени по дупки.
за првата информација јас сабајлево прочитав дека вработен во комунална хигиена го пронашол трупот на девојката завиткана во кеса. Абе да се чудиш во денешницава што се случува. Страв ми е да го пратам детево до продавница и ко ќе има 18 години
Што не чуди кога секојдневно има убиства. Зарем ќерката не ја задава мајката пред некој ден. Незнам, неможам да се сетам дали пред 15-20 години имаше волку црна хроника или имало ама поради тоа што не биле разширени социјалните мрежи па не доаѓале вестите до секого.
не се од твое маало, гуглај си, цело време ме потпрашуваш, а знаеш дека има точни информации, па после, ти се знаеш ми пишуваш.