Не знам озбилно, затоа прашувам. За да провериме дали се баш точни. Да беа нема зошто да не напишеш нели? Како шо ми е преку глава оф партии и партиски задоени луге и од вакви вести ми е преку глава. Ради сите овие јас немам достоен живот.
Ги знаев, прочитани ми беа, ама имиња не паметам. Еве грешка сум била, петмина убијци се на слобода. Во соопштението стои дека обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се опредуваат мерки за претпазливост, забрана да го напуштаат градот и два пати неделно да се јавуваат во Кривичен суд. - убијците на момчињата од Смилковско се овие, од април се на слобода. Осудени се на по 19 години затвор. Убиецот на Мартин Нешковски е исто така од годинава на слобода. Осуден на 15 години мислам, ама бил болен и го пуштиле, и не се вратил ) Да ти гуглам, или вести имаш гледано за него?
^ свесни сме дека е време да си се спакуваме нели? Разгледував куќи на огласи деновиве. Некое морбидно чуство ми дојде после секој втор оглас 'итно се продава поради заминување во странство'..
И онака сме малце,ке не собере во 5 авиона,па така сите полека,полека,пакувајте се,за рачиња без турканици,оваа вукојебина да ја оставиме на пензионерите,и мафијата,само тоа остана во оваа скапана таканаречена Држава.
Овие ми беа прочитани да, мислев за др кажуваш пти рече осудени на доживотна. Запрепастена за овие се допрепастив оти од твојава првична информација испага дека има уште. Ставајте линкови, ем нема да се шират лажни вести ем од линкот ке знаеме колку се релевантни вестите. Иначе 10 години ако не и повеќе сите на шкрги живееме. Освен оние што за личен интерес моментален, и гз свој ке дадат.
Точно е. Еден од крвниците од Смилковско со свои очи го видов и го препознав пред некој месец, се шеташе со фамилијата низ Сити мол. Си го носеше детето во раце, со истите оние со кои одзеде туѓи детски животи. Се запрепастив, посебно од неговата безгрижност и олабавеност. Ама ако бараш логика во Твин Пикс...
https://emagazin.mk/grozomorni-ubis...ovi-vo-rezervoar-za-gorivo-od-kamion-i-vre-a/ Второ убиство е ова во Турија. На ист начин, а за првото имале уапсено некој.
Тоа значи дека власта и територијата чинат. Супер, ќе ги оставиме сами да си ги плаќаат платите со даноци од свои и само свои џебови. Морничаво е со вестиве со убијства скоро секој ден. И јас не знам дали и порано беше вака или во последно време почнавме и ние да одлеупуваме. И девојката вчера што ја пронашле во ќеса и човекот во резорвоар. Пред тоа ќерка задави мајка..аман.
Се е поизвитоперено тоа е факт. Но порано немаше слобода за известување, наспроти тоа дури се ширеа дезинформации колку е се идеално. Сега истите продолжуваат дополнително со спинови, како дс реалностс ни е малку.
^ Точно. Поведени од разни идеолошки причини и различна партиска припадност, спинерите настојуваат да се разбере и најситниот детал од црните хроники. Пример....нели е доволно што се пиша дека девојка е најдена во црна вреќа, па згора на тоа и слика од црната вреќа и коски и лешеви од стока. Нели беше доволно да се објави дека се запалил стан, ама мораше на интернет да се пуштат снимки како гори и како пиштат луѓе. ... Да не наведувам повеќе, сметам дека е крајно невкусно СИТЕ да ја гледаат нечија несреќа.Доволно е што се чуло за тоа. Ама нели, секогаш треба црна дамка да се фрли на некого (било на директорот на противпожарна станица, било на Градоначалник, или на шеф на некое јавно претпиријатие) не се штеди на зборови и грозни слики. Ете , наместо Црната хроника да ја третираме како поука за секого што нетреба да практикува и од што да се чува, ние ја пласираме како ,,важна,, вест документирана и поткрепена.
Еве ви статистика на убиени годишно во Македонија, по години. 1994 33 1995 28 1996 45 1997 43 1998 45 1999 50 2000 60 2001 131 2002 69 2003 66 2004 56 2005 52 2006 53 2007 48 2008 40 2009 29 2010 44 2011 29 2012 34 2013 18 2014 35 2015 38 2016 18 2017 32 2018 25 Страшното е што ако продолжи вака како месецов, до 100ка ке стасаме годинава.
мене не ми е јасно за женава во црна ќеса фрлена во депонија кај остатоци од животни.. нз кој човек пријавил нз ни дали кажаа на вести, ама како баш во таа ќеса отвори да види што има а одоколу уште 100 ќеси расфрлани со остатоци од мртви животни(гледав на прилог на вести) си одел од нива и нашол во ќесата???? никој не се води за исчезнат? не ми се верува што се се случува во земјава???