Прво реков не го гледам иако милиони пати ми се појави и на крај ме издржав па пуштив Знаете што ќе биде со овие гомна? Како и се останато што се решава во државава така и со ова. Секое чудо 3 дена. Сега ги зеле и утре ќе ги пуштат. Да се смири јавноста и сите ќе заборават. Туку нека отиде некој да ги среди ама онака убаво да не можат да се препознат во огледало. Со боксови и клоци дур не почнат крв да плукаат. Или еден куршум помеѓу очи...зар заслужуваат овие говеда да живеат па на други девојки вака да прават? Ех смртна казна да имавме.... Насилство врз беспомошни луѓе/деца/животни ПРЕМНОГУ ме вознемируваат и да имав сила јас лично ќе ги скршев од ќотек. Па уште се снимаат, абе фати ги и убиј ги на место сељаците. Не заслужуваат воздух да трошат А може и ја силувале се надевам не. Пошто вика бремена била Е ај зошто го гледав?
Мое дете вака да тепа некој, нема да стигне до полиција, колку и да имам совест, нема да го проголтам ова, никогаш. Нека бидам насилна, ама нема да ги жалам воопшто
А што, мислите дека ова е изолиран случај? Мислите дека ова не е секојдневие? Свесни ли сте колку натепани жени пишале на форумов? Свесни ли сте дека темана 'маж ми ме удри' има еден куп вакви случаи? Мислите поинаку изгледаат? Само што не се документирани со видео, иначе се подеднакво олку застрашувачки и громорозни. Свесни сте дека истово се случува при семејно насилство, при силување, при кавги дома? Не знам колку пати сум пишувала за ова на форумов, дека мора да се подига свест, од корен да се менуваат некои работи во воспитување на децата, дека треба машките да се научат како да почитуваат една жена. Свесни сте дека живееме во општество каде да не беше документирано ова со видео и ако искочеше на некој портал дека ќе ги гледавме оние типични коментарчиња 'ахахахахах лаже'...'се ебела курвата па сеа лаже ако и е' и слични. Па ќе требаше да ги скриншотнувам и да ги постирам во ѕид на јавен срам? Свесни сте дека ќе следуваа истите коментари од јавна соба? Епа мили и драги феминки, од нас зависи. Од нас зависи да застанеме зад секоја жена што ќе слушнеме дека е тепана, малтретирана, сексуално злоупотребена или некако повредена. Од нас зависи овие говеда уште еднаш да не пипнат женско. Од нас зависи секојпат да има вакви остри реакции. А да, 100% сум сигурна дека родители на овие гношита од луѓе се оние кои коментираат по фб дека жената сама си го бара, шејмаат жени кога објавуваат приказни и се потсмеваат како малоумни. Ова е нивен офспринг, немојте да мислите дека овие се искочени од паметни и културни родители. Да скапете сами и проклети какви што се, сељачишта грди психопатски.
Не знам за кој е поболно ова. За девојчето кое го претрпело сето ова или за нејзините родители кои ќе го видат ова Мене многу ме потресе случкава. Нека изнајдат сила и начин да му помогнат на девојчево, што побрзо да се соземе од од ова, доколку и може тоа де За гомнариве затвор не вреди. Треба нешто посилно, поболно.. Говеда!!! За жал Не се единствени! Не знам што да речам, не знам!!!
Кога полицијата има веќе превземено мерки против сторителите на ова дело пожелно е видеото да се брише од соц. мрежи, за да не наштетува дополнително на угледот на девојчето.
Овоа е снимано со намера да се покажат јаки. Толку и е IQ шо не разбрале дека ќе заврше до полицијата. Градо врие од вакви сељачишта. Немам јас желудник да го гледам видеото. Девојчето не го знам. Ако го знае некој и ако и треба помош финансиска или психичка поддршка тука сум ќе и помогнам колку можам. Џабе ќе збореме по форуми. Да и помогнеме ако и треба помош. А, за мафијашите немам зборови. Добро се знае по градот кои се овакви опасни мажишта и сите бегат од нив. Но, девојчето не е криво во никој случај. Многу жално...
Тoa штo мислеле декa сo видеoвo ќе бидaт херoи е врвoт нa психoзaтa вo кoјa се нaoѓa oвa општество. Жaлнo е штo сеуште вaкви лудaци ќе се шетaaт пo улици.
Се наежив од неубаво. Како бе вакви суштества чекорат по земјава? Дефинитивно ни се потребни вештини за самоодбрана на сите девојки. Чисто онака да ги изненадиш и исчукаш ти нив, наместо тие тебе. Стока!
Затоа и се случува ова во Северна Македонија ЗАТОА ШТО НЕМА ЗАКОН И ДА ПОСТОИ ПИШАН САКОН СЕ Е СО ВРСКИ БАШ ВАКВИ МАМИНИ И ТАТИНИ ФРАЕРЧИЊА НЕМА ДА ЛЕЖАТ ВО ЗАТВОР КОЈ ЖИВЕЕ ВО ШТИП? НЕКА НЕ ИНФОРМИРА ШТИП Е МАЛ ГРАД ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ КОГА ЌЕ СЕ НА СЛОБОДА НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНАТ НЕКАЗНЕТО!!! КАКО И СЕ ВО ДРЖАВАТА! Не дозволувајте да се заборави ова, ве молам не дозволувајте!!! Секој треба да биде казнет!!! Нема врски во насилството!!! Не се ова фраери!!! Не бидете и вие како нив!!! Родители не ги пуштајте надвор децата откако ќе се стемни!!! Никако до 2 саат ноќе надвор. Нека работат од 13-14 години по малку за да отидат по прав пат. Овие двајца разгалени еве кај стигнаа. Не ги разгалувајте децата. Не ги пуштајте во диско. Нека се затворат диската во Мк. Забава може и цо кафич до 21 најкасно. На младинава треба мн да им се забрани. Само школо и работа.
Обично сум отпорна, ама ова не можев да го догледам. Се надевам долго ќе останат таму каде што им е местото. За жал, ова е лицето на насилството што сега имавме шанса да го видиме, а тек колку многу има зад затворени врати. Особено па ќотеков што доаѓа од ваква кревка тема...
Џабе рестрикции бе gjoker4e, џабе ако не се седне и не се разговара со децата дури се уште деца. Џабе ти ќе ги ограничиш да идат само на школо, мислиш на школо не се тепаат? Булинг има најмногу во училишта. Џабе ти се сите казни, сите рестрикции да не идат во диско, ако не се седне и не се разговара со нив. Ова ти е огледало на домашно (не)воспитување. И сега ми доаѓа сите оние прашања што ги поставуваат на жените кога се нападнати, да ги поставам јас. Пример кај се нивните родители? Зошто се кудат родители кои не си ги воспитале ќерките, а сега нигде не се прозивани родители на насилници? А да, ваквите дегени си имаат земено за сила како резултат на сите оние невкусни коментари кои ги сликавме и ги стававме во други теми. Затоа што знаат дека има луѓе кои ги бранат, кои прават victim blaming, кои никогаш нема да посочат со прст во насилник, туку во жртва. Зошто била тепана, зошто се довела во таа ситуација, а не зошто има некој што тепа. Видеово допре и згрози многу луѓе, јас сум сигурна дека никој не остана рамнодушен на ова... Ама дека кога не е документирано и излегува по портали не се потсмеваат и не им даваат ветер по грб на вакви дивјаци, тоа мало морген. Затоа секогаш кога ќе се чуе за вакво нешто треба да има најостри критики и апсолутен јавен линч. Се друго создава опшество на вакви тепачи. 100% сум сигурна оти мислеле дека фраеришта ќе испаднат со тоа што ќе претепаат девојче "кое лаже дека е бремена".
Навистина не можев да го догледам, црева ми се превртија. Тешко на девојчето и на нејзините родители. Овој едниот морон тест за бременост држи во рака на почетокот или грешно видов?
Не на 'угледот', туку за да се зачува приватноста на жртвата, па да може без да ја ремети народ да се лекува и суди.
И јас видов тест за бременост. Ваљда му го покажала и би требало да е со две цртки. Инаку зошто би му го покажала. Уште бремена ако ја истепал можеби девојчето го изгубило веќе бебето. Затоа велам да не одат навечер надвор. Посебно женските. Додека ја тепаат родителите се може горе во зграда спијат. И детето во Аеродром ноќе го убија. Силувањата најчесто се ноќе. Ебењето милум или силум најчесто ноќе. Девојчето се гледа дека не е мн контролирано од родители. Треба од мало да разговара со мајката за менструација, секс, голотија, мажи, бременост, за гордоста на една жена. Којзнае какви родители има ова девојче. Одма се запрашуваме што е со родителите? Но!!! Дали знаете дека има родители што може да ја дотепаат кога ќе го видат видеово?! Девојчето може да посака да се самоубие. Може да се самоубие.
Не заклучив. Реков дека може да се такви, не дај боже. А појма немам ни какво е девојчето ни какви се родителите и не можам ни да заклучам. Девојчето не пробува да си отиде или да се одбрани. Девојчето нема самодоверба. Како да е научена да е понижена. Девојчето нема волја. На девојчето и требало и треба помош. Потпора. Подршка. Која се гледа дека не ја добива од родителите. Ние не знаеме ни дали има родители воопшто, можеби со баба живееме. Ние може само да нагаѓаме. Се надевам дека има родители брат сестра другарки фамилија некој вистински да и помогне.
Некои работи кога ќе ги прочитам добивам нагон да повратам. Зошто една жена да се чувствува несигурно да излезе навечер да прошета, да разбистри мисли и да не ја ужива таа слобода како и некој друг само затоа што постојат онакви амеби од луѓе што очигледно не се во надворешниов свет, туку за во соодветна институција? На женските ли им треба само подучување од мали нозе или треба родители навремено да реагираат штом дома имаат вакви говеда? Или па машките се привилегирани оти се посилниот пол? Живееме во држава каде што е срамота да побараш совет/помош/терапија од стручно лице оти не е поважен туѓиот живот на нечие дете од угледот пред мизерните им комшии што ионака ќе оговараат, без разлика дали има материјал за тоа или не. Ми се гади, ама најсериозно. Да не смее жена да се чувствува удобно во сопственото тело и со страв да го живее цел живот само поради тоа што е жена. Ако носи нешто малку поотворено, да се плаши и на улица да излезе оти постојат вакви луѓе како стокиве од видеото. Преку лето нека цркне од жештина ама нека се покрие само за некој ваков да не ја допре. Се' додека е табу да бараш помош од некого тогаш кога треба и кога сопственово дете го оправдуваш од се' велејќи дека е до пубертетот, дека другото дете го испровоцирало и не знам што, уште многу вакви жртви ќе има. Само прашање на време е кога ќе се навртат овие и на сопствените родители, ако тоа веќе и не се случило. Во однос на случајов, секакви коментари прочитав и на социјалните мрежи, некои велат дека се веќе приведени. Знаеме како функционира сето ова во државава, ама најискрено се надевам дека нема да дозволат лесно да се извлечат од ситуацијава.