Za odbrana na licen zivot e edno Ovde stanuva zbor za ubistvo so umisla shto e grozomorno.Okej moze ste imale loso iskustvo no kako ke ziveete posle toj cin? Lesno e da kazes: Bi go ubil odi stori go toa da te vidam. Ustvari vo nashava drzava posledniov period i nevozmoznoto stana vozmozno.Zagreota
Па прашав прво дали бил нападнат, после прочитав дека не бил нападнат и го убил, не ми беше јасно. Во вакви случаи не оправдувам ни јас.
Да, претпоставив дека му е страв ради секирата ама можеа да викнат полиција зошто, ете не само ради кучето, што ако му текнеше да продолжи по луѓето (зошто го снимале)? И ако дојдеше можи после да беше однесено на ветеринар. Како и да е, реков, сфаќам зошто никој не се обиде да реагира и не ги осудувам, само се обидувам да разберам зошто јас би се фатила за телефон прво да пријавам, а не да снимам. А можеби пријавиле, не знам. Како и да е барем се надевам ќе биди осуден поради ова. Еве врапчиња над прозорецот ме разбудија и ги слушам и по негова логика да земам пушката, јбг што се оди по земјава.
Дечки, не е леснo дa гледaш сo секирa кaкo некoј удирa пo глaвaтa нa кучетo и тoa не еднaш, туку двaпaти. Ризик е нa тaкoв чoвек дa му се дoближиш и дa гo сoпреш. Мoжеле дoдекa гo мaвaл сo шипкaтa дa гo спречaт, aмa ете, стрес е и мoрбиднo е дa гледaш тaквo нештo. Ги рaзбирaм. А, зa кучетo не верувaм декa би се спaсилo дури и дa викнaле ветеринaр. Сепaк исеченo е пo врaтoт и искрвaвилo сигурнo дo смрт. Жaл ми е штo се измaчи кучетo пред дa умре. Деген, идиoт. Зa леб дa мoли дa дaде Гoспoд.
Да бил нападнат од кучето па да го убие во самоодбрана да разберам некако. Ама да убиеш животно само затоа што ти сметало тоа што лае или што и да правело, е психопатско. Денеска му сметало куче , утре ќе му смета човек, и него ли со секира ќе го нападне. И во последно време психопативе и болеснициве се охрабрија нешто па мислат дека се над законот и можат да прават што сакаат. За овој монструм се надевам освен кривични , притисок и доживотно облежување за болесник , ќе го начекаат и ќе го скршат од ќотек да наредни 2 месеца од цевче пие супичка. И се разбира , полицијата на одма собрана таму со панцири да го бранат , повеќе ги имаше тука него пред собрание , не дека некогаш народот ќе го бранат , секогаш штитат болесници , криминалци и психопати. Црна дупка Македонија.
Куче НЕ напаѓа освен ако не осети претња и ако не е така тренирано од СВОЈОТ СОПСТВЕНИК .Никогаш ниедно улично куче не ме нападнало, нити ми наштетило, а секогаш сум пазела кај движам да не има на некоја куќа предупредување "пази куче" . Животните осеќаат кој е лош кој е добар, и ДУРИ ДА НАПАДНЕ има установа кај се пријавува тоа куче. Не оправдувам НИКАКОВ ЧИН И НЕМА НИКАКВО ОПРАВДУВАЊЕ за убиство на животно. Тој што посега по живот на куче (или било какво животно) е тој истиот кој без око да му трепне посега и по живот човечки.
Во ред е. Сите не потресе монструозното убиство на кучето. Сигурна сум дека уште поголем шок и траума е да го сведочиш истото во живо. Но вие што така лесно колнете, па уште ги колнете потомците на убиецот, во која категорија да ве пишеме? За да излезеш надвор сред бел ден и ладнокрвно да одземеш нечиј живот, за што год да се работи, човек или животно, треба нешто сериозно да ти фали во црпката. Никако не оправдувам, но мора да се има во предвид дека нормален и психички стабилен човек никогаш не би посегнал по нечиј живот. Мене еднакво одвратно, како свирепото убиство, ми се и примитивните колнења по членови од фамилијата на убиецот кои немаат врска со настанот. При тоа не мислам исклучиво на конкретниов случај, туку генерално. Ме вознемирува фактот што колнењево кај нас во 21-ви век, преминува во патологија.
Ми се згади и мене за кучево, ама да се дига толку фама заради убиство на куче, до степен на протести, линчување. И јас сакам животни, син ми и месо не јаде, ама никогаш човечкиот живот нема да ми биде зад нив. Некни тепаа луѓе во Собрание, им отиде ли некој дома на напаѓачите, а сега истите тие бунтуваат заради кучето. Друго, некој треба да ја среди ситуацијата со скитниците. Абе ми е страв некогаш да поминам низ улица од таквите кучиња. Пред еден месец дете почина. Еден куп оправдувања најдоа. Лицемерие само.
@JuLleE луѓето свесно размислуваат и свесно напаѓале некого, нивните тепачки и дивеења се нивна лична одговорност и се испровоцирани од функционирањето на државата. Кај кого дома да отидеме и за што кога луѓето се толку изреволтирани што не згазија што бесето веќе не може да се собира. А кучето што свесно правело за да му пресуди овој? Не ве разбирам зар вам не ви е страв за децата ако во зграда ви живее еден ваков психопат? Има начини да се спречи напаѓањето и да се пријави напад од куче, може кај нас нема соодветни институции ама колењето со секира пред толку народ никако не е начинот. А ете детето твое не јаде месо и толку сака животни замисли мало е и во моментот го види настанот таму, како ќе му објасниш како таа слика ќе му ја тргнеш од очи? Јас да сум била на лице место мислам дека во моментот да сум имала пиштол ќе го пукав и ич око немаше да ми трепне па ако треба и затвор ќе го лежев, па вие што сакате мислете за мене. И да колнењето, од ткави родители излегуваат такви деца, што мислиш потомството дека ќе му биде китка за мирисање, нема. Нека ги казни Господ ако друг не може им пресуди.
Не оправдувам ни јас ваков чин , одвратно е ,грозно е треба да се казни. Се согласувам. Ама дека куче НЕ напаѓа да ми простиш. 2 пати ме имаат нападнато улични кучиња од кој што првиот пат буквално малце фалеше ногата да ми ја одгриза. И не не беше испровоцирано од мене, впрочем не го ни видов до мене а тоа ми се пушти. Имав среќа што не бев сама. Во ред е да ги браните кучињата, јас лично не ги сакам па сметам дека чинот со секирата е одвратен и не е хуман, но ме вадите од такт со тоа како ги ставате кучињата пред човечки живот. Уличните кучиња ТРЕБА да бидат тргнати од улица, дефинитивно НЕ со секира, но верувам има начини. Бесни се, гладни, здивени и напаѓаат и може до утре да ги сакате ама таа е реалноста.
У сред бел ден,му текнало дека ке го реши на лице место, и сега ке има последици епа ке има. Жално е и за фамилијата негова што ке минува низ ова, ама што му требало такво нешто да направи. Нема да го сфати никој и не треба, тој кренал рака без совест без да размисли, на куче ке дојде ред и во друга ситуација нема да се исконтролира што прави. Каде со тој менталитет...
Имаат и рогови и ако те набодат одма умираш. Реално повеќе сакам животни ете и кучиња од некои луѓе. Животните се единствена категорија што не се убиваат меѓу себе од незнам какви,разумно неподржани причини. Не за џабе е речено кучето е најверен пријател на човекот.
Ама зошто дискутирате за напаѓање од страна на кучиња општо? Темата сега е конкретно за ова што се случи вчера. А од многу извори се потврди дека тоа куче НЕ го нападнало психопатов, ниту некој негов близок, ниту пак во Центар имало немили случаи со уличните кучиња. Едноставно из чиста мира оти му сметало дека лаело, го заклал со секира (со која си шетал на сред бел ден) пред полн кафич со вознемирени луѓе. Зарем и тука има место за поделби на ставови?