Сигурен си? Сега се и сешто се зборува веќе не се знае што е вистина. Имале пријател полицаец? Ако е вистина не мислиш дека ќе седне со нив кафе да пие, а во интервју ќе каже ги тепаме секој ден? Добро де Штип до толку ли е голем да не се најде некој да каже се реално?
Вајлд ,сериозно мислиш дека превземаат нешто? Еве лично јас сведочев на насилство ,каде што гледав од тераса како пијан комшија физички ја напаѓа жена си и веднаш пријавив во полиција ,знаеш што се случи? Го приведоа вечерта околу осум и сабајлето повторно беше пијан во двор и повторно ја малтретираше.
Пријавив, дојде полиција, и двајцата насмеани пред полицијата и гушнати кажаа дека не било точно. Среќа анонимно што пријавив, инаку јас ќе си го "кркав" на крај.
Не би требало да влијае тоа што имаат пријател полицаец. Еве јас да сум им пријателот што ќе кажам? Ќе испаднам будала пред колегите. Можам (ни за ова не сум сигурна ама ај... ) да делувам да не добијат ќотек тука во станицата. Ова е таква шах мат состојба каде што (претпоставувам и треба да) не помага ни Наќе Чулев. Пред вистината и боговите молчат.
Полициски инспектор е тој на сликата а не обичен полицаец така да...тешко дека се чепнати во мвр. Викнати се претпоставувам на испрашување, веќе се сигурно и пуштени потоа во ОЈО ќе се спогодат така што ќе го признаат делото и ќе им дадат условна
И јас од тоа се плашам, знаејќи како функционираат работиве во државава. А и не е точно тоа дека со закон е дозволено на испрашување да употребат сила. Со оглед на сите околности, се сомневам дека се чепнати воопшто. А од дното на срцето, им посакувам тродупло да им се врати... да ги измачува некој нив така и да се мачат, со цевче да се хранат.
Јас имам пријател кој е инспектор и истиот сега не е повеќе напушти, ама има кажувано дека и сопствен братучед има тепано, така да некогаш ќе те заштитат, ама некогаш кога мора и ќе те тепаат. Овие се никој и ништо со познати по мвр, за во ваква ситуација да ризикуваат и да им покријат дело, онака сигурно седнале на кафе.
Видеото е од пред 2, 3 месеци така изјавува девојката. Инаку точно е дека има дете. И точно е дека и пред ова правела проблеми на некој друг наметнувајќи му обид за силување на неа. Накрај ја повлекла тужбата кога видела дека имат докази дека не е точно. Но сепак што и да сторила, не е заслужила ваков ќотек
Не знам што е шупак а злоставувач знам што е и секогаш ќе сум ЗА да им се возвратува стократно, да ги боли и да си платат за сѐ.
Луѓе не ме напаѓајте ако грешам но мислам дека има нешто чудно зад сето ова, девојката изјавува дека нема ништо против Пепи дека тие од деца биле заедно а гадов прв ја напаѓа. Впрочем штом случката е од пред 2 3 месеци зошто дури денес се објави. Штип е мал еден да прдне во јавност одма ќе се расчуе, најмногу па ние младите одма дознаваме се. Незнам нека ми прости господ ако грешам но има нешто чудно. Но сепак пак ќе кажам не ги оправдувам гадовите!
Утре новинарот З.Б. од Куманово ќе објави детали за цела мешаница. Ако го имате на фб ќе ви стане јасно сѐ. Двајцата кретени ништо нема да ги спаси од гневот на народот, дури ни нивниот проклет партиски пријател од СВР Штип.