Сега уште да излезат тројцата и да кажат пранк е и да не му ја мислеме веќе.Вака пепи ,тато ништо не разбирамОна за тато оти пушил цигаре се сеќира и оти не спал, а неа што може пепи да ја убие ништо страшноОни си се разбрале.А што да се очекува во нашта држава ни центри за згрижување има , ни судство, мора кутрата да трае
Пријави го во полиција, имаш електронска форма за пријавување. Пријавувајте, нема ништо да им направат ама ќе ги има во евиденција за ако некогаш направат нешто и нема да им е "прв прекршок"
Абе доста пишите како треба да биде. Реално е дека дур не се тргни на сите нив со вили и мотики тие ќе газат. То шо народов мотика не фаќа (метафорички) и од телефонот потака не сака да фати ги напрај работите олку лоши.... и то е за во друга тема ама не издржав да кажам
https://kukuriku.com.mk/pepi-mi-bes...fuW0FMYs6Frp133e2ZgImyxasOghCv8i2o0C279NEYwhA Овде има видео во кое новинар ја испрашува девојката. Тој Пепи и бил дечко и била тепана пред два месеца, вчера се открило видеото.
Да, криви се. Ама ако гледаме од таа страна тогаш криви се и сите доктори, професори, судии што имаат пари. Оти колку си помоќен толку повеќе врати ти се отворени. Се е корумпирано. Ама мислам дека темава е да се даде црна хроника и да коментираме. Има теми мислам за насилство врз жената. А, и не можам да го сфанам член кој секаде користи политики.
И нишо не си постигнал, непродуктивно е зборењето и повикувањето на вистински вредности. Тие пак ќе немаат совест, а народот пак ќе е лоботомиран.
Сепак правдата победува,случајов иде кон казната за шупачињата.Се надевам на 30 дена притвор,па после осуда на најмалце 3 год Затворска казна. Тепачите од Штип на распит во суд, Обвинителството бара притвор. https://kurir.mk/makedonija/vesti/f...a-raspit-vo-sud-obvinitelstvoto-bara-pritvor/
Ебати правдата за која населението се бори, а жртвата дава отпор. Нејзината изјава на суд ќе биде пресудна во ослободувањето на насилнициве или пак за значителна намалена казна.
И што е добро.....никој адвокат не сака да ги брани. Да имав ќерка и вака да и прават.. Јас лично ќе им пресудев.
Добро е што не ги однеле и пуштиле од Полиција,дека чим за 24 часа стигнале ма Суд,ке бидат осудени и ке лежат затвор.Очекувам 30 дена притвор,и после тоа 3 год осуда најмалце. Јас и без што не ми е ќерка,за 10 мин доволно ми е,одма пресудувам трајни инвалиди,со доживотен карантин.
Не сме свесни ни самите колку вакви жртви постојат, истрауматизирани и незаштитени од никого што немаат поинаков избор. И што, ќе им дадат сеа пола година и кога ќе излезат пак по старо. Каква заштита од државата е тоа? Никаква!
Јас колку што прочитав случкава е од Јануари. Не знам дали родителите на девојчево се запознаени со случајов. Можеби уште тогаш ќе можеле да и помогнат да не дојде до ова.
Не е битно веќе од кога е,најботно е што се сличило.Зашто,што,како,родителите не пријавиле,незнаеме и прашањето џабе се поставува.Да се надеваме на казна.
Најчесто не кажуваат за да не бидат оцрнети од околината. Имам другарка која беше во врска со насилник. Среќа што кажа на нејзините па и помогнаа. Гнидата не смее да и се приближи. Има забрана од полиција.