На таа Бранкица профилот и е активен .. Оваа е сељанка ( не мислам на дете од село ) покондурена , што мисли дека нејзиното мислење е многу битно , побитно од она на нас обичната раја . Секако , ги нема повеќето постови за кои била пријавена , само оној за НАТО агресијата сеуште стои . Во врска со дечкото кој го уби татко си , погрешен потег . Цел живот ќе му помине во затвор , а можело се да биде многу поинаку . Да се оддалечи од него , да не разговара ако нема можност да се пресели .. и мм има многу несогласувања со татко му , ама ќе се тргне , и по неколку дена не прават муабет . Кога ќе им се излади главата на двајцата , тогаш пијат кафе заедно.
Што и да бил , и луд да е со дијагноза , нема право да убива дури ни човек што не го познава , а не родениот татко .
По две години и шест месеци затвор за двајцата насилници од Штип кои натепаа девојка https://a1on.mk/macedonia/po-dve-go...jcata-nasilnici-od-shtip-koi-natepaa-devojka/
Такво е нашето законодавство Вајлд, за убиство по десетина години пресудуваат не за полесно кривично дело..
Не. Знаеш дека тоа е враќање назад. Баш од таа причина е воспоставен правен систем... за да нема одмазда, крвна одмазда, вичиланте правда и таквимититработи.
Да не ме разбереш лошо ама вакви дела имаат голема шанса да се повторуваат пак. Да, секој заслужува хуман третман али кога ќе прочитам какви монструми постојат преки суд ми е најефикасно решение. Се шалам нормално
Ајде аирлија работа. Честитки сега, може да си седат доживотно тука со досие, плус нема да можат пасоши да извадат и да ја киднат од државава така лесно. Камо и вирусот од јавна соба вака јавно да го покажеа и да го пикнеа во затвор, ќе беше уште подобро. Мило ми е што тука не наидов на погани коментари како што беше тоа во другата тема. Се надевам дека натаму и идеме, секогаш да се застане во одбрана на жртвата, а не да се посочува со прст. Затоа што многу од девојките таму сум сигурна дека трпеле физичко или психичко малтретирање. Видовме сите документирано како изгледа тоа. И пак ќе го пишам истото што го пишав тогаш - вака да се суди за секоја жена што ќе пријави насилство на коњ ќе сме. На гадовиве им посакувам да скапат у затвор, а откако ќе излезат никогаш, ама апсолутно никогаш да не допрат девојче. Од сите групи на луѓе што ми се одвратни, ваквите ми се најодвратни. На здравје затвор.
Охоо ако на сите у наѓата државичка им даваат по 2 ипол години за семејно насилство или насилство секакво врз жена или маж тогаш ке цветаме овие се едни по 10000 што ке лежат затвор благодарение на видеото, да не беше видеото немаше да лежат
Споредено со казните за убиства овие две ипол години и не звучат така лошо. Само проблем е што сега ќе следат жалби и чуда па нема да ме изненади ако драстично им ја намалат. Се надевам само дека ќе им го ,,дотераат'' умот таму во затвор на брзина.
Свесни сте дека можеа ич да не ги осудат така?Најбитно е што ги осудија,за да видат другите вакви насилници кој ги има за жал,дека за вакво дело ке си лежат.
Иако 2 и пол години се малку, барем утешително е тоа што криминалното досие доживотно ќе им попречува шанси за поголем успех.
Не баш толку доживотно. Мислам за казни до 3 години затвор дека се бришат од казнена евиденција после 5 години. Трас-трас...
Какви банана казни, боже. Со жалби и кулулекања ќе им смалат половина, од останатото пак ќе сецнат преку добро поведение у затвор, и ај надвор за некој месец.