https://sitel.com.mk/ubiecot-na-mar...na-i-dobi-9-godini-i-4-meseci-zatvorska-kazna Редно беше. Иако убиениот дечко нема повеќе да се врати. Никаква казна не може да ја намести загубата на своето чедо.
За 3-4 год ке искочи,јаки луѓе се вмешани во ова,и јаки луѓе го држат Кобра.Мачкање очи е ова,се е политика за жал.
И ништо чудно пак да почне да убива. За такви нема лек. Си размислувам дали родителите потфрлаат во такви случаи.
Еднаш убиец за цел живот убиец,ова му е втор пат во затвор,а уште кој знае колку пати ке искочи влезе.Ке видите дека за неколку год,ке избега пак,како што избега и направи убиство.
Скопјанец со голи раце убил жена. Уште еден фемицид во Македонија. Станува збор за 27 годишно говедо кој толку многу ја претепал девојката што и направил крвни подливи сегде и паднала во трауматски шок и починала. Ако мразам нешто најмногу на свет, тоа се ваквите копита. Џабе ќе пишувам овде реферати и ќе исправам криви Дрини, кога посакувам секој удар да му се врати тродупло. Ги мразам, го вадат она гнасно и животниско од мене и посакувам и нив вака да ги тепаат. Сета моја животна политика све да се решава со арно и со муабет па и со казни ми паѓа во вода кога ќе прочитам ваква вест. Ќе те роди мајка ти здрава права, ќе си живееш живот полн со елан, допрва треба да почнеш да уживаш во животот и ќе се најде некој мочко ова да ти го направи. Прежално. Нека почива во мир. @RainBow нека смени наслов.
Под хитно треба да се зајакне соработката на социјалните служби ,психолози,психијатри ,матични лекари мвр ...за рана превенција и сузбивање на ваквите се позачестени случаи... Голем и зајкнат мониторинг на сите случаи на семејно насилство,психолошки растројства уште во рана фаза и третирање .Нема не сака не може едноставно МОРА. Задолжителен психолошки систематски преглед на секој осигуреник од најмала возраст.И тоа не онака ради реда како на систематските по раб. организации туку посветено и сериозно. Зашто страшно е ова што ни се случува и допрва ќе ни се случува во поглед на насилство убиства и самоубиства. А целокупниов социоекономски општествен и политички развој на настаниве изминативе 20 ,30 години е плодно тло за се ова што се случува.А ништо не се презема за жал.
Ви текнува на девојката од Охрид што малтретираше луѓе по ФБ? Ја зборувавме во темава. Добила кривична пријава. https://ohrid1.com/archives/27375
Ми текнува на неа. Само тој еден пост што беше споделен тука го имам прочитано. Ама чим до кривична пријава дошла работава, а кај нас знаеме колку ептен се замараат со ФБ постови, значи не и е прв пат сигурно и нешто ептен претерала.
За мене па најглупи луѓе на светов што постојат се жени кои на други жени жртви на насилство им викаат - епа што го нервираш кога го знаеш каков е. И за ваквите треба казна и на училиште во второ одд да се вратат.
Заслужено. Многу гадни и мизерни статуси, не знам од кај и се тие фрустрации према женскиот пол, ама ти да гледаш девојче кај што го кршат од ќотек и да кажеш дека тоа што ја удриле не е страшно и да ја наречеш со секакви погрдни зборови треба нешто сериозно да не е во ред со тебе. Ништо ново нема за случајов најнов каде овој ја претепал до ќотек девојката. Ниту пак разбравме што се случи со тој што направи двојно убиство во Прилеп, каде ги уби жената и мајката нејзина, а го рани братот на сопругата. Си расте бројот на фемициди во Македонија, ама никако не ни текнува да почнеме да го менуваме менталниот склоп.
Жално жално у пм ТРАГЕДИЈА: Почина таткото на девојката која БЕШЕ ТЕПАНА ОД ДВАЈЦАТА „МАНГУПИ“ ВО ШТИП. https://vecer.mk/node/496787
Во Бугарија пред да склопиш брак те носат на психијатар за да се утврди дали си психички здрав за тој брак. Се сече проблемот во корен. Кај нас не се сеќавам да имам слушнато за такво нешто. Жално за жената, веројатно не му било прв пат да крене рака. Законот ни е многу кревок во поглед на превенција и заштита.
Кај нас законот како воопшто и да не постои ... За жал . Кога ќе размислам подобро , сами сме криви , ние народот . Абе излези им цела држава на протести пред влада . Ако треба и во шатор спиј , додека не дојде правдата на своето место . За што се нема протестирано овој народ , за ова најважното нема ! За име на државава во влада влегоа , тепаа политичари а за правда да тепаат , не им текна ! Македонијо , тужна врбо ! Луѓе , девојкиве на форумов ( сите целокупно , мажени , сингл , возрасни , тинејџерки ) се поинформорани од новинарите ! Јас од тука дознавам дека девојче починало во сообраќајка , затоа што некое копиле возело под дејство на алкохол . Ниту на вести , ниту на интернет портали , ама буквално никаде не видов никаква информација ! Да не беше трач темана МЈФ , немаше ниту да знам ! Од каде би знаела , девојчето и фамилијата не ги познавам , порталите и вестите се замолчени , бидејќи тате и мама на ѓубренцето се " јаки " .. Да ми е државава на една година во раце . Има да покосам се живо ! Прво оние во влада одат во установа за луѓе со ментални нарушувања ! На доживотен одмор ! После од најстаро , до најмало оди на задолжителни сеанси со психолози и психијатри ! Кој не сака да оди , ќе им се придружи на политичарите ! На доживотен одмор ! За насилниците , посебен режим ! За силувачите , прво засекување на " оној што не го држат во гаќи " а потоа , се додека имаат отворена рана истурање сол во големи количини која ќе ја вадат со сок од лимон ! Да патат гнидите ! А за пивнатите татини чеда , најлошото ! Самица , храна слабо и таа што ќе ја добиваат ќе биде многу многу зачинета , вода ич ( урината ќе си ја пијат , и ќе го колнат денот кога пијани зеле волан во рака ) . Да видиме после кој има м*да до колена да прави раздор !
се изненадив. Јас мислев девојче е стварно. Она да ти родила дете. Кога жена ќе стане мајка мислев дека многу се менува. Оваа како да не е. Се понаша како дете несериозно и уште дозволува да доживее инцидент како тој кога ја тепаа.