Исто кога и ти ќе ме просветлиш зашто ја оправдуваш пљачката на Атиџе. Чиј живот бре, скршен нос кој е саниран и тоа е тоа. Очигледно не им е прв пат па верувам веќе отрпнати се на последици од стрес и тн. Им прешло у навика .
Со кои зборови ја оправдав? Да се надополнам со мислењето од погоре, најважно е што таа не е повредена. Другото нема да го повторувам.
Носот не и е скршен, него и е здробен. Ај малку реално да гледаме. А и изгледа има потрес на мозок. Здрвена е од ќотек. Мене ми личи баш на обид за убиство. А Атиџе и ова, се две неспоредливи и сосема различни работи. И тоа со Атиџе е за осуда и е важно, зошто на крајот и тука се работи за исход на еден човечки живот. Утре можеби ќе заврши со животот и таа самата зошто егзистенцијално, но чесно ќе се бори. Самата кажуваше во филмот дека помислувала да се самоубие, но опатанувала ради мајка и. Атиџе ќе биде жртва на нефункционален систем. Корто, најблагородна работа, но кога пчеларот е како Атиџе, а таквите се ретки. Ко пчелар поган што има, јас мислам друго попогано нема.
Како бре не е повредена? Само излупан нос ли е болка? Од кај знаеш колку страдала кога видела што и се случило. Читај колку е тажна, разочарана и скршена.
Луѓе ПРИЈАВУВАЈТЕ коментари од фб онлајн на МВР. Посебно такви што си го пишуваат името. Зошто? Оти и да не направат ништо пријавата мора да ја заведат. Утре пак исто, задутре пак. И ќе се трупаат пријави против него за повторено дело. И за ни една од нив ниѓто да не направат, ако утре идиотот направи нешто - ќе излезе дека и милион пати бил пријавувал за булинг, вербално насилтво, повици на насилство на социјалните мрежи. Немам ФБ, инаку по цел ден ќе ги гонев и ќе ги пријавував. Џабе ги постирате на форуми, постирајте им ги на МВР во сандаче.
Само конзервативен и непрагматичен ум може да си дозволи жртва на насилство да нарече 'бештија' и притоа да наметне морален guilt trip у цела прича... Околу пчеларскиот бизнис на Атиџе..Ако истиот бил благовремено осигуран би претрпел соодветна парична отштета (која веројатно и без тоа ќе ја добие или од граѓанството или од државата заради минатогодишната заслуга). Инаку, двете теми добија медиумска покриеност иако станува збор за тотално различни криминални дејствија и се знае што треба да биде у "хајлајт". А тоа што тебе и грото поише ве боли курац за профилот и бејкраундот на жртвата отколку за последиците кои ги сносила, е лично ваш циничен одраз на вредносните приоритети.
Денеска требаше да и прават операција на носот,и да и ја местат вилицата зашто и била изместена.За овие повреди човек да ги добие,треба многу тепање за жал...незнам што повеќе да зборам за случкава,освен што сакам да скапе насилникот во затвор,и никогаш да не искочи.
После серијата грозни и одвратни фото-сесии последниве денови на Конопова на твитер, ова е еден од поблагите изрази што ми текнаа. Да не те навреди и она „пијаница“ за стариот нејзин, па и за него опис да давам? Мораше ли со ваква глупост да ми почне денов? Ама ако, ај иди утре во осигурителна компанија и прашај да видиш што ќе ти речат, па ќе куцаме. Хехехе, да, Атиџе не се селфираше...со дебела краставица. Крадам! А тоа што тебе и грото поише ве боли курац за профилот и бејкраундот на жртвата отколку за последиците кои ги претрпела, е лично ваш циничен одраз на вредносните приоритети.
Мајка и ја нарекла курва леле каков престап. Може и си заслужила. Не е само роди дете и мајка си. Тоа што ја нарекла курва повеќе го осудивте од здробениот нос. Што кажува тоа за цело наше општество за жал...
Ја сфаќам Моника до некаде и се соживувам со нејзе. Убаво кажа @CameliaMiller, сигурно жута минута била во прашање.Така ми личи и мене, пијан човек најлесно можеш да испровоцираш.Поготово ако си ,,хај” и ти е гајле.Дека нели активистка е негде? Се бори за легализација мислам. Уште вчера ги видов сликите и постот.Дарковлогс имаше постирано. Првата реакција ми беше бес и нервоза.Браво што се одлучила да го пријави и што не се плаши, може да биде поттик за другите лица кои трпат семејно насилство само им е страв да пријават. Ама мислам и дека не е океј насекаде да се објавени сликите од Моника.За 24 часа ги видов на 100 места на телефонов. Што ќе му пресудат на тате кузнае, ама нека се извади на жута минута дека се десило, нека му дадат жут картон, и во Бардовци на оправање. Или во затвор малце, да го средат таму. Колку што знам по затвориве никој не почитува насилство врз жените, и таквите обично си го добиваат заслуженото. Маж кој ќе крене рака на жена после тоа не е маж. Крај. Се силиш на еднаков или на посилен од тебе, ако стварно можеш, а не на послаб и тоа роденото дете! Ѓубре старо Мрзам пијани луѓе.
Чинот ко чин треба да се осуди, персоналниот карактер ама ич не е битен у ситуацијава или релативизирање на семејно насилство и споредба со пчели. Сите тие што си играат курташак со скршенава вилица нека им се враќа на најблиските.
Луѓе, Моника е полнолетна, ако сака гола ќе се слика, ако сака ќе стане порно актерка, ако сака ќе се дрогира, ќе биде активистка нејзин проблем. Ако беше од на татко и проблем, татко и да одеше во Идризово наместо неа.
Тресеш од ракав изреволтиран од одговорот. Никој нормален не би ти дал поддршка за небулозите и апсурдната споредба кражба - семејно насилство. Околу осигурителните компании, апсолутно секој еден мал бизнис има право на заштита и отштета доколку работи во контролирани услови според законикот на Македонија, па така и пчеларството. Тоа што овде агрономија, стопанство и сточарство се тераат на 'диво' само затоа што се рачунаат како мали изолирани семејни бизниси е проблем со кој треба да се занимава државата за на ропаци како тебе да не ви е смешно утре кога ќе чуете дека во приградски места во Европа постојат осигурителни компании кои пчеларството го сфаќаат многу сериозно зошто од тоа им се крепи економијата. А и ова со краставицава, се прашувам, оние што ти пушеле исто вака ги слатшејмуваш по прописи? Или упс, они не јаделе краставица јавно.
Не е темава за ова, ама кој и каков законик на Македонија спомнуваш? Што тресеш бе агрономија, стопанство, сточарство... Што влегуваш во дискусија кога основни поими не разбираш? Кај имаш видено ти пчеларство и кај нас и во Европа, па уште и приградски. Ај јас те знам, ама некој ќе ти се скине од смеење.
https://www.fdacs.gov/Agriculture-Industry/Bees-Apiary/Beekeeper-Registration https://americanbeejournal.com/beekeeping-rules-regulations/
Човек, сто години чувам пчели и џабе ти се и 1000 линкови. Ти реков да одиш утре во осигурителна фирма и прави муабет. Ниедна компанија не и ги осигурува пчелите на Атиџе. Ни од кражба ни од ништо друго. А за правилници и закони кои ги опфаќаат пчелите и пчеларското производство утре ќе ти ги пуштам сите до еден ако сакаш.