Де Одорке, белким ми го знаеш ставот на темата. Ма нека вади цицка јака муда искрено, во свет во кој цицка им треба за да се пореметат, нека вади. Ама дека е некаков си револуционер, не е. Не е до цицката, до ставот е. И можам да не се согласам со таква револуција Аман, пола инста ми е со поголи од неа, џизс. За да не ми превртуваш мислење, ваљда е јасно дека сум рамнодушна дали некоја е или не е гола, не сум рамнодушна на martyr комплекси кај луѓе кои се доволно возрасни за да знаат подобро.
Што има везе што се сликала гола и е активист за легализација на марихуаната, што се трескаш у глава?
Дефинитивно ќе почнам. Имав еден пост пред некое време каде ми стигнаа слики од еден мизогинист кој страшно ме испровоцира и го споделив тука. Толку многу ме изнервира што ете и името сум му го запамтила. Истиов тој еве го пак. Очигледно си има некои проблеми типот со женскиот пол и апсолутно може да се претпостави дека доколку некоја жена налета на овој нема со лесно да помине. Штета навистина што уште не им се обрнува внимание на ваквите креатури, сами си се експонираат дека се насилници и мизогинисти. Вие што барате уште алтернативи или објаснувања зошто и како, енергијата пренасочете си ја на правото место. Најсериозно, срамно е уште да се оправаме зошто ќотек не чини.
Јас не се трескам за легализацијата ни за цицките, него за презимето пошто ми е смешно. За шо сака нека си биде активист иначе и ме заболе дали ќе си ги слика цицките на фб ама ова со перзимето ми е ... Смешно ми е ете
Не изгледа како да не те заболе. Си пишала дека е ужас и благ очај. Темата беше за семејно насилство. (не ми го бришете и овој коментар, пак ќе напишам(!!!))
Не испревртувам, само не е во ред да се посочуваат нејзините психолошки карактеристики и недоследности во период кога е ранлива. Има многу страни цела приказна, спектрум е. Ако одиме по букварско профилирање, што е гаранција дека не го испровоцирала ради x причини само за да ја нападне? Ама не смееме да размислуваме така, дека глумела жртва за повисока кауза зошто не знаеме за што станува збор. Инаку Ками, голотијата е апсолутна револуција. Но, револуција против патријархатот, конзервативизмот, религијата, не во цели на легализација на канабисот како што прави Мониче.
Искрено сликите и постовите на Инстаграм и според мене не ѝ се на место. Секој има право да постира што сака, да, секој има право да го искаже своето мислење и став ама некогаш е тенка границата меѓу отворен-лабав човек и вулгарност. Нека биде каква сака нејзино си е, ама искрено и мене не ми беше убаво дур ѝ ги гледав сликите. Ми личи дека ѝ фали нешто. (Господ да ми прости ако грешам) искрено. Ама ништо од тоа не го оправдува татко ѝ. Освен ако не фатила прво она да го тепа а?
Па ти селективно читаш. Не прочитав некој да не осуди за чинот - обид за убиство е. Афект ко афект, не е оправдан, но има точка на развој со низа субјективни фактори. Недозволено е да се развие во насилство или убиство. Тоа е страшно. Она кое што беше кажано е дека некогаш родителите прават се, но детето не сака да излезе од ситуацијата. Имам одамна пишувано за луѓето што се лечат во Бигорски, не знаете колку вакви случки има. Но за среќа со време одат таму. Дисфункционална фамилија е секоја онаа која има проблем со порок или некаков друг голем, а генерален проблем. Поентата на Моника и ја разбирам, и јас сум за легализација на истата. Но начинот на кој го прави е прелош. И исто така, кај неа е видливо дека веќе е порок, а не добар животен стил, зошто и ја нарушува свеста и способноста за правилно расудување. Знам луѓе кои користеле производи од тој тип заради канцер - верувајте ми, не изгледаат и не се однесуваат така. Ребелиозно рекреатовно пушење на марихуана и судир со законот и полицијата - јавно, не носи резултат, туку само публика. Тоа што се случило е во најмала рака ужасно... Сите знаеме за случајот каде таткото алкохоличар го малтретира целото семејство, ја тепа мајката. Синот афектно го убива, мајката се јавува за виновна за да не го осудат синот. И тоа е ужасно. Но сите коментираа дека добро му направиле. Имаме случај каде синот наркоман го уби таткото кој го најдоа избоден пред клинички. Ужас над ужасите. Така да... како да кажам, кои сме ние да судиме?! Луѓето и така преживубаат многу. Дали и тој намерно се самоппвредувал, не знаеме. Сигурно татко ми да ме тепа, нема да седам, или ќе се бранам или ќе бегам, инстинктот за преживување ќе проработи, а она ми делува за храбра, не како некоја што мирно би седела.
За жал ми се поделени мислењата тука и во 40ка на темава, не знам дали смеам да се самоцитирам од една во друга тема. Жртвата јавно се пласираше себе, не е ненормално и неа да ја "разгледуваме" пошто е нормална реакција тоа. Да се повторам за да нема заблуди - НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАСИЛСТВО. Татко и' треба да си добие казна, пошто што и' да направила не смее да ја нападне. А како што напишав и во 40ка, "детето" на 30 години апсолутно не мораш да му даваш кров, и ако си "дете" од 30 години треба да знаеш дека ако веќе ти даваат кров, својот активизам нема да го тераш во нивна куќа. Може се конзервативни и прости и глупи и секакви нејзините - не знам, ама знам дека каков и да си, не си должен да трпиш некого затоа што ти е дете. И тоа истото "дете" треба да има малце осет за тоа што не го бркаат на улица. Нејзиниот активизам може да се сфати како психичко насилство над нејзините. За нив е може најкрајно лошо да им дува дома, дали се во право или не е неважно пошто се кај нив дома. Они поставуваат правила. Нормален човек ќе и' ја покаже вратата, ненормален ќе ја претепа. Нема оправдување и ова што го пишувам не е оправдување. Само дискутирам на тема. Во однос на голотија, може и Мелита револуционер да ја мислиме нели Пак ќе кажам, не ми смета што се голи, сеедно ми е мене лично, смешни ми се пошто се понашаат како топла вода да измислиле. Ама им се може, јер ништо не прави популарност како голотија - која патем госпоѓа Конопова читам сама си е свесна и тоа го изјавила - дека голотија и' е средство за добивање внимание со цел промоција на својата кауза Успешно и' е, не викам не, ама далеку дека така се бори со патријархат, активирајќи се од дворот на татко и'.
Се согласувам со тебе зашто има разлика помеѓу твоето и нејзиното искажување на став на ваква тема. Последните две реченици не ги поврзувам во главата и не ми се поклопуваат, не можам да ти одговорам, sorry.
Пак не се согласувам. Во држава каде владее егзистенцијална криза, тешко е млад човек да се осамостали и живее независно без разлика на професионалниот статус. И сулудо е само затоа што живее под нечиј кров да се кратат крилјата на индивидуата, да се бори за своите идеолошки парадигми, (колку год биле тие погрешни), плус ако не повредуваат никого како во случајот. Провоцирала со своите контроверзни 'испади' прочитав некаде...Океј, така е, ама зошто тоа воопшто да се спомнува сега??? Тоа што е јавна личност и активист не ја прави душевно кварна, а родителите конзервативци се оние кои треба да се преиспитаат и увидат својата дисфункција, не Моника. И Камс, ајде едно искрено прашање. Зошто бе братче на инстаграм фолоувнуваш голи жени кои ти предизвикуваат превртување очи? Ако имаш аверзија кон јавно голотинско експонирање дистанцирај се, не гледај и следи, едноставно е.
Тоа ама кажува све Лилит. Не требало да ја претепа ќерка си ама наркоманка,проблематична, вулгарна, лесна. Не требало да ја силува ама морало ли да излезе баш во таа кратка провокативна сукња надвор. Не требало да ја удри ама зошто ли останала на работа час подоцна со колегата. Тоа ама во примериве служи за да ја ублажи последицата и нуди разбирање за ситуацијата. Не го кажуваат сите на форумов, она што стварно го мислат, сите се трудат да не го нарушат тој некој си имиџ создаден за себе, зад анонимен профил. Реалноста е на социјалните мрежи. Таму се отсликува менталитетот на народот при секој инцидент, а резултатот е поразителен. Не сакам да навлегувам пошто никој не знаеме со сигурност, ама еден таков човек,татко, алкохоличар и насилник, не ми е верно дека пробал баш се за да ја "вразуми " Моника. Под баш се мислам на цивилизирани начини за воспитување и напори да ја врати на "правиот" пат. Краен случај, има полно право да ја избрка од дома и да се откаже од неа у службен весник ако не сака утре да му има дел у наследството. За Бигорски што да кажам. Не гледам никакво решение тука. Системот затајува. Таткото бил пријавуван и претходно и бил и во станица. Епилогот кој е? Усмена опомена. Доаѓа дома, јово на ново. По х пријавувања полицијата не се ни одзива веќе на таа една иста адреса. Пошто им чуе курот. Вистинска приказна, одговор од полицијата, пак ли бе вие, ајде утепајте се меѓусебно веќе, доста веќе. Моника од друга страна, фаќана х пати со нелеглна супстанца, подлежи на блага казна. Бива жртва на семејно насилство, државата и здруженијата за згрижување на бездомни и жртви на семејно насилство пак молчи. Никој не треба да е доведен у ситуација да мора да се згрижува по манастири, пошто од нашите пари,преку даноци, плаќаме за да и овие лица од дисфункционални семејства имаат покрив над глава и соодветен третман за психолошка помош и ресоцијализација. А у пракса тоа го нема. И ова не е ок. Не знаеш како некој реагира при шок ситуација. Некоја навидум мирна ќе пружи надчовечки напор и ќе се одбрани. Друга храбра,силна можно е да се парализира од страв. Можно е и да била зашемутена при силниот удар во глава. Не дека телефонот го извадила и правила селфиња додека татко и ја тепал. Банално е за ова да се збори.
Точно, банално е да се збори. Затоа ги дадов примерите со други слични случаи за да не правиме двојни аршини.
Јас дојдов да кажам само дека на суд се зема "во предвид" кога лицето кое извршило убиство или сл било под дејство на алкохол или наркотици. Сакале ние или не...
Браво. Сакам само да додадам, бидејќи некој погоре спомна ако родителите ја малтретирале, зошто се враќа пак кај нив? Бидејќи можеби нема друг избор? Не значи дека ако има 30 години дека мора да има стабилна работа и нејзин кров над глава. Не секој го има истиот пат како вашиот, исти цели како вашите. Но, мило ми е кога гледам некој како се бори за нешто со цврст став, секако без да ги повредува другите и без разлика на годините. Никогаш не е касно да се избориш и да успееш. Исто така, многу пати жртвите на семејно насилство се враќаат на насилниците бидејќи не знаат за подобро или се во безизлезна ситуација. Не напаѓам никого конкретно во темава, но не е убаво така да судиме. Сметам дека треба во целост да им веруваме на жртвите и да застанеме на нивна страна со сета поддршка, без сомнежи. А насилниците секогаш ќе се бранат себеси и ќе продолжат да манипулираат.
Ќе одговорам само за она што е мое мислење, зошто и како нешто други коментираат, не сакам да навлегувам пошто не знам како размислуваат. Јас не викам да не тера активизам. Ама не можеш дома да им го пикаш со сила на твоите. Просто не можеш, а она нема 18, има 31 година. Со лежење по затвори секако дека ќе имаш егзистенцијална криза, ама пак, никој не е должен да те трпи на 31 година. Крателе крила на "детето" жими мајка. Детето арно да сфати дека не е дете, ами возрасен човек. Може мој стил и желба на живот да ми е да оргијашам, ама моите не се должни НИКАКО да го трпат тоа ако се против. Не можеш во туѓа куќа - и додека се живи е туѓа куќа - да поставуваш правила. Извини, какви црни крила кратење, пафкање до бесвест и пикање у нос ми се може, тоа ли се крила, сериозно? Ако добијам 1000 фолоуерси ќе се сликам гола, револуција на нивоУ, морам да признаам. Немам против активизам и да повторам дека и јас сум за легализација, иако не консумирам, но вакво пубертетлиско понашање од возрасна личност не можам да прифатам. Јас неа не можам сериозно да ја сфатам и ако треба она да ме убеди за исправноста, никогаш убедена нема да останам. Борење против патријархат со користење на збор "курва" жими мајка На делот кого следам на инста, јас до вчера не знаев која е Конопова не па да ја следам, а останатите во мјф ги гледам кога отварам. На инста следам мејк ап артисти и ентузијасти, вакви револуционери немам на листа. Ни наши, ни странски, патем.
Кој е "поболен" во случајов? Дрогирашкава со недоличните коментари што си ја нарекува мајкара курва или татко и што ја тепал? Родена мајка да си ја нарекуваш курва и таткото пијаница...еееј. Па какви и да се, тоа јавно не се прави. Ич не ни треба да и се обрнува внимание на оваа.