Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    871
    Пол:
    Женски
    Епа од тој „каков и да е, родител ти е!“ менталитет патат многу луѓе. Зошто мислите дека ако ве родиле дека треба што сакаат да прават со вас? Не значи дека ако ви се биолошки родители дека ќе ве сакаат и почитуваат. Не сум сигурна дали сте свесни како психичко и физичко малтретирање (или било каков друг вид на токсично детство) влијае на менталното здравје и може буквално да уништи нечиј живот. Доколку мојот родител се решил така да ми го уништи животот, не гледам зошто би го почитувала.
     
    На *Amethyst*, Sejfullai, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.404
    Пол:
    Машки
    А од каде знаеш ти во каква состојба го рекла тоа мајка и за ќерката?
    Можеби била под дејство на наркотици, алкохол, гнев и сл.
    Каков таков, родител е. Треба да се почитува и ако била со здрав ум, ќе ја игнорирала после тоа што и го рекла за абортусот (ако и и го рекла).

    Јас исто ги осудувам тројцата.
     
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Како ја трпат, што тоа она нив им прави за да мора да ја трпат?!

    Дипломирана е, ако се новинарските текстови точни, на факултетот за новинарство има дипломирано со плус уште една дисертација. Затворена е заради тоа што се експонира јавно преку ругање на законикот на Власта, кој го кршат 70% од младата популација денес со пушење ганџа на јавно место, само не дуваат на видеа за социјални медиуми. А не навлегувам во морални дилеми колку е марата океј, тоа се субјективни етички и медицински прашања. Не ја пушам и не знам.

    Објасни ми, како твоето оргијашење надвор од домот треба да ги тангира твоите родители, и зошто кој кур твојот хипотетички сексуален живот треба да им биде предмет на обсервација и контрола? Само затоа што живееш под нивен кров мора нужно да ги прифаќаш сите нивни мисловни ограничувања? Yup, копирање обрасци од традицијата lvl x10000. :D

    Никаде не пишав дека Моника се бори против патријархат. Пишав дека голотијата е револуција кога се користи за друга кауза, не за канабис. На пример, во протест против Црквата која врши опресија пропагирајќи екстремистички ставови за невиност и конзервативна облека, како ќе протестираш? Мирно, со знаменце? Ќе даде ли тоа ефект? Не зборувам за Моника тука, само се обидувам да ти го разберам капацитетот за расудување. :)

    Мојата реплика беше апропо твоето "колку цицки имам видено на инста и превртувам очи на истите".
     
    Последна измена: 28 мај 2020
    На *Amethyst*, Different7 и DojaCat им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Не треба да го почитуваш, не треба да имаш комуникација, треба да бегаш колку што те држат нозе.

    Ај ова јавново што ја нападнал ок, не гледам да е погрешно пошто само така може да привлече маса на народ за да издјествува полицијата и правен систем да се поактивни, ама тотално непотребно е "курва" и ватевр не само за родена мајка, туку за било која жена на светот.
     
    На Ysera и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.404
    Пол:
    Машки
    Да бе јас ко тебе сум...:|
     
  6. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.623
    Пол:
    Женски
    Камелија, се додека цицката е симбол за курва, отворената женска голотија е револуционерна. Се додека цицка на социјалните мрежи привлекува такво (одвратно, гнасно, примитивно) внимание, односно осуда и цензурирање ко што привлекува, цицката, и женското тело ќе се револуционерни. Секоја идеја е модерна (или револуционерна) се дур не е, а цицките на жалост и те како сеуште се.


    Стварно ми се превртуваат цревата од коментарите на социјалните мрежи. Од една страна ми е мило што немам ни една, од друга страна би сакала да можев да пружам поддршка.

    Уствари тргнав да пишувам зашто @corto.maltese ми згазна на нерв. Веома врло интересен синдром е тој неговиот, во кој еден пример (во случајов, скроз случајно, насилство врз жена која плус е контроверзна) е релативизиран по цена на друг пример, што на ниеден основ не е поврзан на првиот. И така @corto.maltese наместо да кога дознал што и се случило на Атиџе, не информирал во сите соодветни теми, зашто не верувам дека кражбата ја остави апсолутно било која неизреволтирана, сепак одлучи дека е посоодветно да вината ја бара во случајот на Моника, и тоа со какви избрани зборови.
    Вистински револуционерен правољубец, секоја чест. :bow:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Камо да беше ко мене. Јас не игнорирам насилство врз личности.
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.476
    Допаѓања:
    91.097
    Пол:
    Женски
    Не е затворена поради експонирање.

    Затворана е и осудена поради производство и дилање марихуана,хашиш и смола.
     
    На *Amethyst* и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Од телефон ми е тешко, па вака со бројчиња :)

    1. Трпат начин на живот кој тие не го одобруваат и не мораат да го одобрат. Во своја куќа секој има право како сака да живее, па и родителите, да си бидат конзервативни и да не дозволуваат ни проста работа, како преспивање на дечко пример. Една од слободите е да бидеме слободни и конзервативни погледи да имаме. Да живее таа на Х локација, а дома да и' идат нејзините и да ја влечат за коса назад, ќе речам дека се идиоти 100%.
    АМА таа со својот начин на живот им го нарушува НИВНОТО право на начин на живот и за истото не се должни.

    Не е дете, возрасна жена е. Да се разбереме.

    2. Тоа образование може да си го искористи за финансирање на егзистенцијални потреби, а не за активизам во куќа на родители.
    Со лежење по затвори не се мења ништо, и нејзиното е курчење, не е активизам. Има начини да си активист и да не лежиш во затвор.
    Факт е дека исправно или не, таа крши закони и оди во затвор, никој не е должен измеѓу да ја храни.

    3. Не зборам за оргијашење надвор од домот, туку ВО ДОМОТ. Оти таа активизам во дворот на татко и' тера :)
    Надвор од домот што кур сака нека прави, додека дома не им ремети живот. Пошто тоа понашање е баш пубертетлиско и себично нели. Јас ќе живеам како сакам, вие ќе ме трпите.

    4. Јас зборам за госпоѓа Моника и слични на неа. За нејзиното недвосмислено објаснување. И за други, кои нема да ги спомнам, пошто револуција само на инста тераат. Колку што е Мелита револуционер исто :)

    Револуционери се жените што со цицки на улица протестираат. Овие се атеншн хорс на индивидуално ниво. Има баш разлика.

    5. Не пишав дека превртувам очи, туку дека не ми е скандалозна и револуционерна колку сама што се доживува дека е, во однос на голотија :)
     
    На Ysera, Feminka22, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Кога ќе се случи нешто вакво, со контроверзна личност во средиштето, на интернет испливува целиот талог на општеството, спремни рафално со своите гадости и плунка да ја "натопат" жртвата.
    Каква и да е, жртва е. Можеби има 32 , ама е јасно дека била дете во дисфункционално семејство.
    Плукачите ниту ќе го сфатат тоа, ниту па ќе се замислат дали и сами дома креираат нешто слично.
    А Моника, одлежа колку и да одлежа, додека бившиот пратеник со " полче" спремено, ништо...штурци.
     
    На lovestoneddd, *Amethyst*, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.356
    Допаѓања:
    119.422
    Пол:
    Женски
    АП-СО-ЛУТ-НО!!!
    Тоа што таа го прави, нив им смета. Точка. Толку.
    Зошто им смета нас не треба да не интересира, ама им смета и тоа е тоа.
    Ете толку е едноставно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    И да се нормални ќе и' покажат врата.
    Не се нормални, па татко и' ја претепа.

    Да е нормална таа, нема да живее со нив. Ама не е, па упорно не сфаќа дека одамна нејзината судбина е нејзина одговорност, не на тато и мама.
     
    На *Amethyst*, Feminka22, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Ама стварно не се потребни психолошки анализи Каме, доволно е да се осуди насилството и тоа е тоа. Не е наша работа да судиме кој е нормален кој не, кој со кого живеел пошто ништо ама баш НИШТО не го оправдува ќотекот.
     
    На Nausicaa, Different7, DojaCat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Ни па јас го оправдав.
    Мислењево поеќе за мјф ќе да ми е, прав си :)
     
    На *Amethyst*, Feminka22 и John Snow им се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Нормално, не е наша работа да бараме бекграунд за секоја истепана жена. Доволно е да ја осудиме постапката, за сите останати работи си постојат институции.
     
    На Nausicaa, Different7, DojaCat и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Јас не барам бекграунд ни па барам начин да оправдам однесување на татко и, напишав неколку пати дека нема оправдување за него.

    Ете во лоши околности дознав за активисткава, па имам што да кажам за активизмот нејзин. Само ми е погрешна темата, да ја дознаев пред 1 месец пример во мјф, истово ќе го мислев.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.476
    Допаѓања:
    91.097
    Пол:
    Женски
    Јас слушнав друг муабет, дека тепачката ја почнала таа:|
    дека и татко и имал повреди од неа.:|

    Што се случувало не знам,а богами не сакам да знам.
    Нивни проблем.
    Не знам што разглабаме уопште за нивни приватен проблем и насилство.
    Нит оваа е здрава со паметот,а ни нејзините,очигледно голем пропуст во семејните односи и воспитување.
     
    На Feminka22, buba4e89 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Разглабаме затоа што осудуваме секаков облик на насилство, независно кој прв почнал.
     
    На Different7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Не, не е така. Она не им прави ништо лично за да треба они да дадат амин. Ако се слика јавно гола во соба, не значи дека врши дисхармонија на нивниот пресвет конзерва простор, во кој впрочем и таа изразнала и е нејзин, иако не го стекнала по легално правна гледна точка. Колку што знам снимањето гол за јавност у пракса не се третира како криминално дејствие во државава, и не знам како тоа за нив е оправдано да ја бркаат и сл. :D

    Ова не е слобода туку е изговор за насилство и дисфункција. А сите знаеме дека конзерватизмот со себе повлекува психолошко насилство.

    Конзервативниот outlook меѓудругото со себе повлекува низа други избори кои ја нарушуваат човековата сексуалност која треба да е слободна волја кај секоја здрава индивидуа. Впрочем, и тие го делат просторот со неа како и таа со нив. Овие муабети со почитување авторитети само затоа што се постари, се живее под нивен родителски кров, па автоматски знаат подобро не ги купувам бидејќи се мисловно евтини и неиздржани. Со други зборови сешто сервира патријархатот не е по дифолт добро и треба да биде прифатено. А ова е типично такво рамзислување.

    Ова нема допирна точка со муабетот бидејќи не тера никаков активизам од дома. Пушењето во строг Центар може да кажеш дека е негативистички активизам и ругање на Власта, ова другото не. Немам чуено дома да носи момци и оргијаши, едино ако пушела џоинт дома па после да мора да и вршат претрес ради снимката.

    Проблемот со нејзините родители е што го следат секој нејзин чекор и негативно го критикуваат. Мајка и на секој пост и коментира со деградирачки коментари иако сексуалниот живот и однесување на ќерка си не треба да ја тангираат ниту по еден основ!

    Сериозно?
    Камс, мора да признаам дека за личност која тврди дека има прогресивни сфаќања имаш многу сомнителни изјави полни контрадикторности. Атеншн хорс би биле за тебе жртвите на насилство, и изразувањето револт на протест ако излезат голи поради тоа или верски побуди? (Хипотетичка ситуација).

    Немам повеќе што да коментирам. Разочрана сум во која насока тргна дискусијата, а стварно мислев дека сте подобри од оние кои јавно ја плукаат по сексуален основ...

    Еве го тој цитат каде коментираш дека гледаш. Имаш избор - не гледај.
     
    Последна измена: 28 мај 2020
    На DojaCat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.476
    Допаѓања:
    91.097
    Пол:
    Женски
    Што корист јас ако осудувам или врескам против насилство.Тоа нема насилникот да го спречи.
    Не би се мешала во нивни приватни проблеми јавно експонирани .
    Ако е таткото крив нека го реши полиција и обвинителство,ако е керкава исто.