Да не беа снимките како ќе дознаеа што прави? Знаеш колку дилери на црно има во Македонија, па никој од нив не лежи затвор? Токму преку јавното експонирање и активизам дозна полицијата за нејзините дејствија. Знам што пишувам. А тоа дали имало претрес и колкава количина и нашле се други прашања. Може и нашиот премиер Заев треба да одговара за идентичното злодело, ама јбг не е он активист, него мафија, па така веројатно и неговите хектари мара се теории на заговор.
Во право си нема да го спречи но се пренесува порака во општествово кое е прифатливо однесување, а кое не, па макар било и лична семејна драма која не е наше да судиме кој прв ја почнал или завршил или јавно се експонирал или не.
Ти можеби нема да добиеш корист во блиска иднина, но со кревање на свеста кај луѓето се повеќе и повеќе верувам дека сите ќе бенефитираме од ова. Сепак, не мислам дека треба да се збори за насилство само доколку на тебе ти се случило. Многу себично. Што има ја да се замарам некој некого што истепал? ТРЕБА да се збори за насилство кога и да се случува. Не треба медиумите ниту пак ние од страна да ќутиме бидејќи тоа не е наша работа. Во прашање е поддршка за жртвите и борење против неправда, без разлика дали сме осетиле на наша кожа. Човечно е да се бориш против неправда се додека не им се пресуди на насилниците. На тој начин помагаме на жртвите да соберат храброст и да преземат некакви мерки против насилството.
Немам сила повеќе за објаснување жими се,тепајте ги децата,родителите.Само повеќе не ми зборете за НАСИЛСТВО.
Не, не е така. Она не им прави ништо лично за да треба они да дадат амин. Ако се слика јавно гола во соба, не значи дека врши дисхармонија на нивниот пресвет конзерва простор, во кој впрочем и таа изразнала и е нејзин, иако не го стекнала по легално правен аспект. Ова не е слобода туку е изговор за дисфункција. Конзервативниот outlook со себе повлекува низа избори кои ја нарушуваат човековата сексуалност и психа кои тежнеат да бидат слободни кај секоја здрава индивидуа. Впрочем, и тие го делат просторот со неа како и таа со нив. Овие муабети со почитување авторитети само затоа што се постари и знаат подобро не ги купувам бидејќи се мисловно евтини. Ова нема допирна точка со муабетот бидејќи не тера никаков активизам од дома. Пушењето во строг Центар може да кажеш дека е негативистички активизам и ругање на Власта, ова другото не. Немам чуено дома да носи момци и оргијаши, едино ако пушела џоинт дома. Јак курац и да пушела па се снимила. Проблемот со нејзините родители е што го следат секој нејзин чекор и негативно го критикуваат. Мајка и на секој пост и коментира со деградирачки коментари иако сексуалниот живот и однесување на ќерка си не треба да ја тангираат ниту по еден основ. Сериозно? Мора да признаам за личност која тврди дека има прогресивни сфаќања имаш многу сомнителни изјави полни контрадикторности. Атеншн хорс би биле за тебе жртвите на насилство, и изразувањето револт на протест ако излезат голи поради тоа или верски побуди? Немам повеќе што да коментирам. Разочарана сум во која насока тргна дискусијата, стварно мислев дека сте подобро од оние кои јавно ругаат по сексуален основ.
Пред да почнам, да нагласам: НЕ требаше да ја истепа. Значи НЕ! @Nigredo Odor ама сега ти кажуваш какви би требало да се нејзините родители. Дека не требало да ги интересира не знам ти што таму. Ама ете ги интересира и им смета. Како тоа треба да ги интересира да и дадат кров над главата на "детето", а не треба да ги интересира ништо друго? Не знам зошто и не е моја работа, ама активизмот и голотијата кај нив дома им смета. И сега?
Да се надоврзам на ова. Фактот што луѓе, неретко и со вистинско име и презиме, се дрзнуваат на вакви коментари говори многу за тоа во какво општество живееме и колку овие појави се нормализирани. Вакви луѓе јас не би толерирала во мојот живот и би отсекла секаква комуникација со нив, бидејќи за мене се потенцијални насилници. Ама повеќето од овие имаат пријатели, семејство, деца, кои очигледно се сосема ок со тоа. За вакви размислувања не само што нема правни, но нема ни социјални последици.
Епа си го барала со боринче што би се рекло,аматер дилер или производиел, што ли е. Иако јасно има многу поголеми дилери од оваа.Ама тоа пак не ги оправдува нејзините дела,нели. Уште деца дома се учат што е прифатливо однесување,па после и општеството и законите учат што е прифатливо. Нема да крадеш или убиваш или тепаш затоа што си така воспитан и знаеш дека е законски неприфатливо,не затоа што Косми ја бранела Моника на фејс или е против насилство. Свест кај човек нема волшебно да се појави ако јас јавно негодувам или сум против насилство тука или на фејс. Ништо корист од тоа. Со спроведување закон се решава, ако тој нема свест како треба да се однесува или некој си е насилник по професија. Со самото објавување,сите се ставаме да судиме,татко и бил пијаница,дисфункционално семејство,и се што беше кажано од неа. А што ако е не е така?
Ако толку не се трпеле меѓусебно,требале да си се откажат или тие од неа,или таа од нив. Секој на своја страна и ајт.
Може да збориме за бајки, а може и да бидеме реални и да си кажеме дека кај нас дома (не кај мама и тато) можеме да дозволиме или да не дозволиме нешто. Ни ти сама нема да дозволиш активности што се косат со твојот морален компас, а колку е тој компас исправен, не е моја работа. Ти си задржуваш право дома што сакаш да правиш, и другите да се однесуваат во склад со правилата кои ти ги поставуваш. Секако, можеме и да се лажеме, дека утре на тинејџерот ќе оставиш да шири крила и што сака да прави, извини ама, тоа не е воспитување дете. Да поддржиш во нелегални активности не е нормално, колку сака нека се морално исправни според тебе. Постојат легални начини на активизам, главење по затвори и дилање не е активизам. Толку на таа тема. Јас не знам дали сум неписмена или што ми е, ама кај неа најдов, од неа објавени работи, не ми кажа некој трет. Дека одгледува, продава, итн. Тоа го прави од куќата на родителите бе чоек. И да ти кажам право, не детето, татко ми да почне да се занимава со криминал ќе ме интересира. Како што кажав, да беа нормални луѓе, немаше на фејс да си ги решаваат проблемите. Да не испадне дека мислам дека се тие нешто посебно асални, пошто не се очигледно. Атеншн хор не е поради ситуацијава од вчера, туку активизмот и вришти од атеншн хор особини. Зборам за канабисот, не за нејзините семејни проблеми. Реков дека е правилно што вчера ставила слики на фејс, за да се привлече маса и притисне системот да се позанимава. А што се однесува до последното, џизс, смее некој да не ми се допаѓа или не смее? Да прашам. Пошто како што кажав, нејзиниот активизам задира директно во мој здравствен проблем, а женава е очигледно јавна фаца, не е рандом Стојна па сеа ај што ја коментираме. И извини, ама себе се сметам за прогресивна. Тоа не значи дека поддржувам анархија и себичлук кој го гледам се' повеќе. Колку што имам право јас да бидам што сакам, толку има и мајка ми. И не, дома не може дете да поставува правила. Поставува родител. Ако родителот е ужасен и не можеш да живееш по негови правила, си бараш чаре. Ете толку. На едно лично, за мене лично ниво, самата сум активист, конкретно за права на животни. Правам се' што можам со мои пари за да помогнам нели. Тоа не значи дека баш зашто мене ми значат бездомни животни, можам на моите во двор стационар да им направам. Тоа не значи дека треба да одам у Вардариште и рандом шинтер да скршам од ќотек. И ако можеш се' ова што пробувам аргументирано и културно да го срочам, како дискусија, да го споредиш со коментари на фејс дебили курвоглупавасрамзататко дамиеменеќејаубијам сигобаралаороспијатадрогирашка, фала, да знам ич да не влагам во дискусија повеќе со тебе.
Без разлика колку лоши нешта направила,ќотек не заслужува и крај! Законот е она што смее да казнува,не ќотекот од родителот.
Не не ставај сите во ист кош, ако мене ми најдеш мислење каде што јас сум пишала кој бил пијаница и какво било семејството тогаш во ред е да пишеш дека и јас сум како сите. Ама јас во многу наврати само го осудив насилството, независно кој прв почнал и кој се експонирал, а кој не. Јас не сум за насилство ни под разно. Имав објаснувано во друга тема да не се повторувам пак.
Половина од овие што и коментираат вакви работи се истите кои и коментираат „Sexyyy mmmm, supersi, jako gazence ;**“ кај што е сликана по долна облека. Другата половина се 12-13 годишни дечишта. Јас стварно не знам која страна е потажна.
Не,не зборам за тебе. Општо зборам,наведува самиот случај да се суди,повеќе,помалку или ич. Затоа и пишав не треба да дискутираме за нивни семеен проблем и насилство. Системот преку образование,едукација ,закони има механизми да спречува насилство,ние баш и не.
Ама чекајте. Татко и не раскажал , ние го осудивме. Може се самоповредила и се сликала. Може таа го нападнала и во одбрана се направени повредите.. Од каде знаеме каква е работата? Кумановци повеќе ја знаат како човек. И пред некое време имаше нешто со напатствување, пишуваше некоја девојка дека татко и ја силувал па на крај испадна дека е желна за медиумско внимсние, човекот воопшто не ја пипнал и си бил човек на место.
Напротив треба да дискутираме против насилство и да го осудуваме Знаеш колку молчат од х причини за насилство? Вака кога ќе видат јавна осуда, а ако се охрабрат да пријават и ако видат дека функционира правото би биле многу похрабри и порешителни да пријавуваат. Вака се подигнува јавната свест ако затаило семејното воспитување, школскиот систем или друг механизам во тоа.
Треба, апсолутно треба. Затоа женава исправно постапи што јавно кажа. Читав дека нејзините дале нешто поинаква изјава, но за сега нема јавно да ја кажат. Баш ме интересира и нивната страна, кога веќе решија јавно да зборат сите.
Сите имаме свои мама и тато, и следствено сите ние имаме животни приказни поради кои не(можеме) да се отселиме од дома и бидеме независни поради финансиски причини. Значи живееме бидејќи мора, не затоа што ни е многу убав живот во заедница ма колку год хармоничен бил... Впрочем, врвот на независност во Македонија е да те омажат и живееш со идниот сопруг. Буквално на тоа ни е сведена независноста ние кои живееме во Скопје, бар на повеќето. И токму тоа е turning point-от или тригерот кој не кочи да бидеме независни личности со широки крилја, прагматичен ум и слобода. Да не спомнам дека и нашите родители се учени по истите конзервативни принципи, па така поучени од нив и ние оставаме свет за идните генерации идентичен на стариот - вредносно трул и празен. Не. Животот во заедница треба да почива на толеранција, слога љубов и мир, наместо на правила исполнети со страв од авторитети (во случајот родителите). Сите што сме растени според моделот на Севишниот патријархат и не живееме моментално сами, не сме ниту свесни колку сме уствари damaged бидејќи други свесно или несвесно управуваат со нашите животи, иако немаат право на тоа. Значи, единствено преку вакви judgemental одблесоци и размислувања може да се осети колку сме вистински морално уназадени. Финтата е во тоа што..она публикува јавно фотографија со очигледно насилство, и таквата постапка праќа јасна и недвосмислена порака. Како за млада жена, активист и контраверзен lifesty-лер ваквиот апел утре може некому да послужи како репер или охрабрувач да го направи истото ако биде физички злоуставуван, наместо да го крие насилството. За разлика од моментите кога се прави профилирање кое изискува индиректно осудување на жртвата. Околу одгледување марихуана... само во земји на Балканот може да е формално илегално, и тука пак е проблемот до Власта. Исто како што во претходниот пример е проблемот во родителите наместо во 'зрелиот 30 годишен бунтовник (Моника)'. Башка, на тоа стаи го фактот што истиот вид криминал го фура токму нашиот драг премиер. Криминален бизнис од кој заработува мегаломански шестоцифрен профит. Толку ебено цинично и лицемерно од нивна страна, значи до коска!!! И стварно е објективен муабетот за премиерот, не е теорија на заговор дека одгледуваат не знам колку по број хектарите мара...уствари, ако погледнеш поише му доаѓа како јавна тајна неголи како конспирација. Така да се враќаме на муабетот од погоре, она што е исправно за едно општество и земја за друго не е и обратно. Смееш, ама бар признај дека ваквите размисли ти почиваат на субјективни корени здобиени од претходни туѓи поуки, совети и искуства. Како и на огромен дел од нас во оваа земја што не сме родени со 100 каратно златна лажичка во уста. Околу моралот.. Знаеш, моралот каков што го знаеме денес во нашите демохристијански средини во други воопшто не важи. Секој мисли дека е righteous и progresive додека не се судри со одредени морални дилеми и стигми чиј понор води многу подалеку од црно белата палета right from wrong. Околу твоите ставови, не знам колку се прогресивни, но конкретно за оваа тема не се чинат такви. Исто како што моите не се прогресивни за Исламска религија и 'право' на хиџаб на пример. И тоа е океј. Работиме, се усовршуваме, растеме, дискутираме. Toчно ова болдираното. Затоа младината е полна комплекси и фрустрации. Сите имаме моменти во кои сме биле ограничени и тоа не секогаш било за наше добро. И дури кога ќе се свртиш наназад и погледнеш колку работи не си направил само затоа што тие норми се коселе со домашното воспитување ќе сфатиш колку си пропуштил но, ќе биде доцна бидејќи истите психолошки проекции за 5-10 години несвесно ќе ги пренесеш на своите деца. И така во круг, класичен vicious cycle.
Судење на суд. Ако тоа што реков дека се дисфункционално семејство е судење според РАсудувањето овде, тогаш зошто уопште постои темата? Ако ја убиеше, ќе имавме право да кажеме дека се дисфункционални?? Ова ми звучи како онаа реченица-" секоја мајка најдобро мисли за своето дете." Како па да не, постојат и психопатки , ако не нивлегуваат во светоглед не значи дека не постојат.. Нивни лични проблеми, јес, ама се болен пример за многу ствари што не функционираат во мк.
Дентина, само да те надополнам, иако се согласувам со твојата поента. Еве, не мора да се психопати. Психичките растројства се доста комплексни без оглед дали се од невротска или психотична природна. Има родители нарциси, социопати, бордерлајновци, сексуални предатори... Долга е листата на DCIM, да не навлегуваме беспотребно. Битно, се тоа остава тешки последици на децата. Па, после детето ја наследила болеста од таткото. Не брат, не ја наследи болеста генетски, туку ја доби по насилен пат.