Ама зашто мешате работи што не се за споредба? Живот си е живот, пред Господ или пред природата, кој како сака, сите сме исти. Кој на вас ви даде право да тврдите дека човечкиот живот е по вреден од животот на животното? Тоа е индивидуално, нормално дека животот на мајка ми ми вреди повеќе одколку животот на било кое животно или животот на друг човек, НО и животот на моето куче ми вреди повеќе од животот на човек кој не го ни познавам. Ова индивидуално за мене ама генерално живот си е живот и утре природата нема да ве праша дали животот на лавот или на човекот е повреден кога тоа е исто, пред природата нема разлика, сите истиот воздух го дишеме и на иста планета живееме. Ти беше ли на протестите? За што да протестирам, за некој лудак што изгазил девојка? Има полиција, институции, семејство што ќе се погрижи за тоа, а кој ќе се погрижи лудакот кој е опасен да биде казнет ако не интервенираат група на граѓани да покренат пријава и да бараат казна. Искрено апсурдно е да се протестира за сообраќајка. Требаше да протестираме само затоа што беше вмешано возило на политичар? Па секој ден има сообраќајки, ајде за сите да протестираме. Ајде и за другарми со моторот што го удри поливиската кола која вртела как што е забрането... Семејството си го решава тоа, не им требаат дополнителни трауми со протести и слично. Додека во случајов не се работи само затоа што е убиено куче туку затоа што пред се станува збор за човек монструм кој што е опасен и по живот на луѓето во негова околина.
Сем тоа, ако не разбираш зошто некој протестира за правда, зошто тогаш воопшто разговараме? Ете си има власт, институции, тие ќе се погрижат за лудакот, како што се имаат погрижено за се досега Во Мк се функционира како што треба *сарказам*
Во секој случај е добро што има ваков feedback од луѓето. Зошто? Зошто секој треба да се чуствува безбедно. Муабетот е дали е нормално тоа на сред бел ден од чиста мира го решил човекот. И дали таква психа е за да се шета слободно. И со протестите за ова куче ние кажуваме што е прифатливо у нашето средина а што не. Дали ке дозволиме таков терор пред очи да се случува и да се третира како нешто вообичаено. Не е прифатливо и не е нормално. Бидејки животните неможат да кажат за себе но човекот и сам ке покаже без срам каква е ситуацијата. Овој немал срека па го снимале/сликале но што е со тие животни што ги борат за пари итн итн. Трагично.
Никој не спори за постапката на човекот, туку за лицемерието на народот. Да се протестира и за другите убиства кои поминаа не казнети. И Јоци, читам кај нејзе, госпоѓа и коментира дека го свртуваат вниманието во момент кога други работи се побитни, на друго, ова и враќа со Стока!!! А пред два дена што не коментираше за тепањето во Собрание, и за многу други работи. Реков, ги средивме сите криминалци па дојде ред до убицеот на куче. Не споредувајте живот на човек и на животно. Во ред, боли, ама да не одеме во крајности. Ако сите луѓе кои убиваат кучиња се потенцијални убијци, во Мк требаше да има секој ден ново убиство. Кај нас секој втор ден има куче убиено. Ова е проблем. За да нема вакви немили настани со секири и други чуда, државата нека се погрижи за скитниците. Или евентуално здруженијата кои зимаат пари за такви проекти.
Тој некој што не го знаеш може е татко/мајка/син/ќерка/брат/сестра на некого. И некој тебе не те познава па значи да бидеме онака ладнокрвни ако некој измачка гуми со тебе м?
Јас сум,еве,против, ептем против толпа која се собира пред семеен дом и протестира против убиец. Што се тие? Банда за линч? Што бараат од него? Оставка? Да се разоружа? Да се самоуапси? Има институции во оваа држава. Има закони. Ако тие не се спроведуваат, одиш пред инстуцијата протестираш, не пред семеен дом. Оти, кога пред семеен дом се собирате, цела банда да протестирате, за мене сте ништо повеќе од банда за линч. Оти, кога вака се собирате стигматизирате ко прво, цело едно семејство кое нема никаква врска со дејството на еден член од тоа семејство. Вака кога се собирате, држите во заложништво цело едно семејство и го трауматизирате и заплашувате и оставате простор да ситуацијата ескалира. И толку. Имате полициски станици, имате министерство за внатрешни, имате правда, имате општина. Сами правда во свои раце... не.
Не, јас стварно не ве разбирам, За какво лицемерие зборите. Па зарем народот не беше револтиран за Фросина и другите. Зарем немаше повик за најголема казна за сторителите, зарем немаше револт и гнев кај граѓаните. Мислам дека нема смисла да се прави било каква споредба кога револтот бил поголем. И да се фаќаме сега за тоа, само да се споредувало, делело, дебатирало. Не ми се верува дека во тој правец почнавте да ги вртите работите. НЕПРИФАТЛИВО е вакво нешто да помине без галама, протести итн. Неприфатливо е во една цивилизирана држава (ако сме уште тоа де) некој психопат да се дрзне да касапи куче сред бел ден, пред кафич полн со луѓе и се тоа да си помине така. Како што беше спомнато, што ќе правиме со нанесената душевна болка на минувачите, на тие што седеле и пиеле кафе за во нереден момент да се сведоци на човек како симнат од планина врши УБИСТВО пред нивни очи. Значи УБИСТВО на најсвиреп начин. И како народот да ја избрише таа слика од главите, на некое детенце може и траума за цел живот да му остане таа слика. Нели сфаќате дека ова не е ништо поразлично од тоа да гледате како човек обезглавуват со секира. . Ај расфрлање отрови по улици, ај да не се крева галама. Ај и сега да не се крева галама и да не се оди до крајности. До каде е границата? Додека не е сосема нормално да се касапат животни по улиците. па може утре и луѓе. Не се потенцијални убијци, туку се веќе убијци. Никој човек при здрава памет нема да расфрла отрови кои можат секаков вид на штета да направат, не само на животните. А овој психопатов веќе јасно дека не е при здрава памет, или абе ај ќе чекаме човек да убие па да го прогласиме за психопат? Гледам се правдал дека тоа куче нападнало некој од неговото семејство пред не знам колку месеци. И да е така (што не верувам, едно што нема никакви поплаки од конкретно тоа куче во тој дел од градот, друго му дојде да се повикува на тоа за да не биде повеќе осудуван) не е начинот со секира да го усмртиш. Само болните умови можат да го имаат тој нагон на убивање. Па и сите убијци почнуваат со мачење и убивање на животни. А овој баш го мачење, значи буквално со голи раце го уби. Верувам дека сите луѓе кои се загрижени и згрозени од овој чин биле подеднкаво згрозени и од човечки животи кога биле одземани. Не може сите криминалци ние да ги решиме, за голема жал, но во моментов овој криминалец што изврши криминално дело треба да биде казнет, Тоа што проблемот со бездомните кучиња треба да го реши државата е друг муабет. Анима мунди и др организации за заштита на животните прават се во нивна моќ, но тоа не е доволно. Туку ај ни сметаат утре сите со секири да излеземе, така се решаваат работите. Едно големо ПУ! Жапче не е линч ако не се применува физичко насилство. Извици и фарбање фасади не ги рачунам во било какво правење на неред затоа што народот си го само изразува револтот. Не ме гајле најискрено дали се вознемирени неговот семејство или не, за се си е самиот крив. И тие во кафичот се тресеа од гледката што им ја приреди овој психопат па никому ништо. Има институции но никој не моќе да го спречи народот да си го изрази гневот на некој начин, се додека не се применува физичко насилство.
На човеков му треба лечење. Треба да си болен во мозкот да станиш од кревет, да ја земиш секирата и да излезеш пред народ, сред бел ден да извршиш убиство. Страшно, што се немат по светов...
Во последно време во државава само вакви работи може да прочиташ. КОлку треба да си болен за со секира пред толку луѓе да убиеш куче? Па тоа се знае, се прави насамо без да те види некој хехе се зезам Шала настрана...И мене ова ме вознемири и ми е грозно да го погледнам видеото. Човекот или во затвор или во лудница под итно да го носат, пошто си има проблем кој не е за занемарување. Денес убил куче, а утре ќе ја земе секирата и ќе му ја надене на некое дете од комшии оти му викало под прозор...Значи си има проблем со нерви. Ама да не должиме...си знаат со него како треба. Запозната е цела јавност и нема туку така да помине. Туку и јас не ги сфаќам тие пред куќа што му протестираат. Што ако му се дерат со саати пред куќа? Што ќе постигнат? Ете пријавија, му пишаа на гаража убиец и продолжете си по патот, не гледам причина зошто толку узбуни и гужви се прават. Па крава во Индија да убиеше полесно ќе поминеше. Секако ќе го казнат, секако ќе лежи во затвор и секако цел живот е обележан ко убиец, ама тие протести пред куќа се тотално непотребни.
Епа тоа е проблемот што секогаш кога некој ке каже дека е нападнат од куче го правите дека е будала и дека лаже , пошто кучињата се свети и крајно мирољубиви и сите они сакаат само да си играат. Нема што да ти докажувам, муабетот е дека да , куче може од нигде никаде да те нападне и не сум само јас сведок за тоа. Имало многу случаи прост пример е последниот со девојчето којшто заврши трагично. Ако тврдам дека ме нападнало не значи дека јас утре со секира ќе му искочам. Сум пријавила во шинтерска не гледам да има некаков ефект тоа.
Ептен греота за кучето и јас сум згрозена, несомнено човекот има психички проблем и е опасен за околината и треба да си ја плати казната за стореното, немам ништо против протестот, ама луѓево си ги преминуваат границите со плакативе.
Епа тоа е, кога се нема мозок. Наместо да се протестира пред институции, конечно да го решаваат проблемот со кучињата скитници, тие се фатиле за психото.
И таму не бев да видам и никој освен тие таму не знаат како било. Башка за таа ситуација се криви родителите и сопственикот на кучето! Како бе така мене не ме нападнало ниедно животно никогаш? Ете и имам вдомено мачка преку Анима, а да не зборам колку сум спасила и гледала од мала. Реков јас, осеќаат кој ги сака. Самиот твој сарказам може укажува зашто си нападната? И не знам кои сме НИЕ, мислев збориме за ситуацијата со кучето во Дебар Маало. Ти очигледно си кажуваш и други случки. А за шинтерска јас лично видов сега пред месец дена на две различни локации како ги земаа и ги вакцинираа. И ако толку викаш те нападнало, не мислиш требало и на Анима да кажеш и драми со шер на фб да удриш да укажеш и на други? Ете не знам.
Згрозена сум од ова што се случи со кучето. Од чиста мира со секира да се убие Но да кажам друго нешто, дека мене ме има нападнато куче. Возев точак и ми се пушти од чиста мира и јас паднав од страв. Можев глава да искршам. Е во тој момент да ми се најдеше камен близу, ќе го лупнев па ич. Да не треба во тој момент да го жалам.
Не оправдувам тоа што направил, но не можев да останам имуна кога го видов плакатот. Сериски убиец? Океј човекот згрешил, ќе одговара за стореното, но тие што го поставиле плакатот зар не размислуваат дека има семејство, деца можеби и внуци. Како тие ќе се чувствуваат кога ќе поминат и видат слика на која пишува Сериски убиец?
Еј добро што пиша дека е сарказам иначе немаше да сфатам. Ти сериозно мислиш дека ако не дигнаа галама луѓето со пријава и протест дека ќе се замараше полицијата да го приведе психопатот што се шета со ладно оружје сред бел ден и убива животни??? За болдираното да ти појаснам пошто ти е многу чудно: секој ден некој гине, треба да седнам сеа и сите да ги плачам и жалам, фамилиите ќе си жалат, исто ко за мене мајка ми шо ќе ме жали, а не некој што за мене првпат чул на тв, што се чудиш ја незнам. Да ми умре миленичето поише жал ќе ми биде одколку за некој што не го ни познавам, непознатиот за мене ќе си го жали фамилијата што треба ја да правам... Ти па демек прво сите луѓе ги жалиш па после папагалот твој дома... ај не глумете лудило о глејте си по дома тие што ви се мили. Да не плачевте по девојчено Фросина што не сте ни чуле за неа претходно? А па да не ќе ме плачеш случајно ако ме видиш на вести смачкана? Ќе плачат мојте, ти ќе си речеш "леле греота" ќе смениш канал и пак ќе спиеш мирно вечерта. Што се праите св. Петки не ми е јасно, демек толку многу се ве погодува. Па нормално дека поише ќе плачам ако некој идиот ми го убие кучето одколку ако чујам на вести дека некој будала изгазил човек на пешачки што не го ни познавам. Не се потресувајте толку, не чини...
Чекајте, сериски убиец, во затвор да лежи зарди куче? Секој ден се колат прасиња со секири. За овие не важи? Во ред, човекот е за лечење, си има некој психички проблем штом шетал со секира, мада јас сум со резерва оти работата знае да се напумпа. Нека одговара, може парично, може да му изречат мерка задолжително психијатриско лечење, ама затвор не. Не оди тоа така. Што ќе одигра улога затворот? Да го направи уште поголем криминалец? Знаете дека казната треба да биде репресивна, ама и рехабилициона. Во ова дело, затворот како казна не е решение. Затвор, сериски убиец и што ли уште не. На куче.
JuLleE далеку од правник сум, но мислам дека баш затворот ке им биде како лекција и на другите. Се согласувам со сите твои мислења на темава но мислам дека човекот треба да помине и низ тоа а притоа да се понуди и психијатриска помош, без тоа не би го ни пуштила од затвор. Како санкција ми е во ред да оди во затвор ама не и да добие поголема казна од некој силувач или убиец на човек.
На повеќето ви е нормално што никој не му се спротиставил.Мене ни малку не ми е нормално, да имал пиштол ај ќе речиш ќе пука може да ме погоди,ама вака можел некој да го турне од позади, да го удри ако треба, а не да снимаат.Место да го спасат кучето,сега по свадба тапани.Секако дека треба да одговара, ама повеќе би значело кучето да не се мачело.