Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Апсолутно. Психопатки спомнав не толку ради драмски ефект, колку да илустрирам една нелогична реченица која често се употребува.
    Као и она нели- "секој има право на свое мислење.".. што не значи дека не е дебело погрешно нечие мислење, и дека другите немаат право да аргументираат против..
    И депресија на родител, настрана генетска склоност, може да влијае негативно на дете, да биде занемарено и сл. А да не зборуваме ако има во игра и зависност, насилство вербално, емотивно или физичко.
    Не знам, внимавам емпатијата да не ме заслепува , и секако не ме боли лично ако некој некаде непознат е претепан, ама тоа не го прави да е помалку грозно делото, или дека е навреда зборот дисфункционален .
     
    На Bezimenka90 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.669
    Пол:
    Женски
    Одма рипнаа со шпекулации. Јас само ќе пишам дека паричката има две страни. Ги познавам родителите. Комшии ми се. Ама дека е проблематична девојката, е. Можно е да било во самоодбрана. Прво она да го нападнала.
     
    На Feminka22, CameliaMiller, Аргентина * и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Вака Одорке.
    Не знам каква мајка ќе бидам, ама една работа можам да ти ја гарантирам, пошто така сум воспитана од моите родители, и тој аспект на нивното родителство мене ми се допаѓа: на мое дете и те како ќе му сечам крила, ако крилата му подразбираат нелегални амбиции. Од душа и срце може да сака да биде дилер, макро, крадец, ај донт гив а фак. Под мој кров нема да биде.
    Сечење крила во смисла - мамо сакам да студирам уметност - е не може има економски да студираш - секако е сосема друга работа. Но да му е амбиција прво и основно да се тепа со закон, а второ да шири лаги, не, нема да добие поддршка.

    Може сум затуцана јебига, еве јас себе не се гледам така, поддржувам се', ама баш се', ама не може твоето право да го гази моето. Значи кај мене дома не можеш да си дилер, па не крила, грпка да ти никне.

    И те молам, има луѓе со вистински проблеми, јас сега на 30 да кенкам оти дома не ме разбирале, несфатена сум била. Па не си за сфаќање мме. Криминалци нема да чувам и не ме интересира колку е морална нивната кауза. За мењање закони не мора да си криминалец!

    Во заедница за да функционира сите треба да придонесуваат, а не еден да изиграва над сите и да се курчи и да иде по затвори, а другите да испаштаат.

    И ајде доста со тоа егзистенцијални кризи, мислам рили?
    Аха, да не познавав еден куп луѓе кои навечер конобарат за да си платат кирија и храна, а притоа се образовани луѓе, па да речам греота.

    Не бре, полесен начин е да живееш со твоите, не е единствен. Тоа ти го кажувам како некој што живее со родители, оти е полесно, многу полесно него под кирија.

    Ама да беа моиве тирани, сигурно немаше на скоро 30 да седам со нив.

    Не постои оправдување за тоа што ја нападнал татко и', ама те молам, збориме за возрасна жена, не за матурантка која не знае што со животот.

    И многу, многу зборува за нејзиниот став кон патријархатот моментот со мајка и' курва. Мислам, како е она поарна од овие што неа ја нарекуваат курва?

    Сите имате проблем со тоа што очекувате друг да ви реши проблем. Држава, родители, ама сите се криви, вие не, никогаш ништо.

    Малце поеќе одговорност треба, аман, до колку години должен е некој да ни се секира за чувствата нежни?

    И сериозно, еве кажи ми како да го решам проблемот со моите, пошто јас стварно имам желба да соберам цело маало кучиња во двор, но од нивна страна нема шанса да дозволат. Смеам да имам едно куче и една мачка, толку и имам. Другиве само по улица ги ранам, дома не сакаат да прибираат моите.

    Еве како да го надминеме проблемов, а сите да сме задоволни?
     
    Последна измена: 28 мај 2020
    На Ysera, Izaabella, Alisa22 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Јас истото го кажав па ми се фрлија. Поарно ќути си.
     
    На SummerGirl, Аргентина * и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469

    Камелија не знам дали си свесна, но со плата од конобар која достигнува максимум 20 илјади денари, и услов да работиш за посолиден ресторан не можеш да застанеш на свои нозе и притоа да имаш здрава егзистенција на долг период во Скопје ако се земат предвид кирија, сметки, храна, бидејќи сето тоа кошта. Освен ако не се планира да се живее само на паштета, салами, леб и да се излегува едвај два пати месечно. Тогаш е ок, иако поднесување таков терет на долг рок е дефинитивно одлика на мазохизам.

    За другото, жал ми е што Моника ја гледаш како криминалец, и ти и сите вие со вакви тривијални примери.
    Впрочем интересно е тоа како вешто го заобиколувате посочениот криминал на моменталнава багра од Врхушка која се бави со истото ова како Моника само за шест цифрени броеви повеќе. :D

    Друго немам што да додадам. Очигледно е дека твоите имале средства да те образоваат, и ти се укажала шанса за работа на добра работна позиција. Дали по заслуга, среќа, партиски или не, не навлегувам воопшто во дискусија бидејќи не е предмет на мој интерес, ниту пак барам да одговориш.

    Но, факт е дека претерувате со тоа дека луѓе на одредени полнолетни години треба да бидат финансиски независни и да не бараат изговори во држава во која оргазамска кулминација е работа во маркет, додека за обична позиција како деловен секретар рецимо, ти бараат три факултета и сертификати што се граничи со лудило.

    Исто ми е жал што не сфаќате дека младите да имаа услови за независност и можност за средено стамбено прашање сигурно ќе беа заминати одамна, бидејќи како што пишав никој не му е во интерес да живее со родители и огромен генерациски јаз, проблеми и да трпат насилство.

    Околу другово не знам што да кажам освен дека ова може да го напише само некој кој никогаш не видел сиромаштија во животот и безизлезна ситуација од која објективно не постои решение. А, ако решението мислиш дека лежи во тоа да се биде конобар до крајот на животот - изволте биди повеќе од четири години па, после дојди да разовараме на темава. Ама со услов да немаш грбно искривување и проблеми со стапалата ради 8 часовна работа изминатите 5-10 години колку си работела. Да не си со нарушено здравје од било каква физичка природа и попатно да може да си дозволиш здрава исхрана и теретана кои се есенцијални за горенаведеното а не луксуз.

    Ако целиш на мене, јас немам никаков проблем моментално, а и без тоа не чувствувам потреба да одговарам.

    За милениците сте нашле компромис, и сама кажа дека веќе чуваш две. Не гледам проблем, само банален изговор. Треба ли да се повторувам дека живеењето во заедница треба да се темели на мир, љубов и толеранција наместо на рестрикции и насилство? Мислам дека е јасно.
     
    Последна измена: 28 мај 2020
    На LovelyGirl3, Anarchy и Different7 им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.669
    Пол:
    Женски
    Они треба да си поќутат кога лично не познаваат никој од наведените тројца. Ама од еден пост лесно е да се искоментира. (facepalm)

    И во многу случаи излегло дека сами си ги нанеле повредите за да привлечат внимание.

    Ако навистина ја удрил, не е во ред.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Има милион жртви на семејно насилство. Милион телани жени кои неретко ви се дел од секојдневието. Дел од нив и пишале тука, барале помош. Да бевме олку сплотени и желни да помогнеме на сите нив, светов ќе беше подобро место за живеење.
    Но, се појавува контроверзен лик ко Моника кој објавува крвави слики кои не сме сигурни како настанале, лик со криминално досие наспроти жени чисти ко солза, лик кој му се противи на законот и упорно го крши, лик кој си ги вреѓа родителите но се враќа под нивни покрив ко гладно маче и одма се скока во одбрана.
    Дечки, се залагаме за погрешни само зашто ни се познати на јавноста. Залагајте се вака и за вашите другарки, комшивки, познанички кои “јадат” шамар зашто чинијата ја ставиле 2цм полево и тогаш силете се по фб форуми или било каде. Моника, како што се залага за марихуаната, така може и за себе.
     
    На Ysera, Izaabella, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Како да ти објаснам дека нема иден Заев, Мицковски, Груевски да растам под мој кров? Што имам да заобиколувам, криминалци се криминалци, не сакам да набројувам кој се' е криминалец во државава. Домашни проблеми на истиве не им знам за да коментирам.

    И те молам, дали стварно ќе одбереш тирани родители, или конобарска работа? Не зборам на 16-18-20. На 30 сме изградени личности, не немоќни деца.

    Освен ако не ме убедуваш дека треба возрасното дете да биде удоволено за секој негов каприц и да ми биде ок нелегалното однесување, не знам што ти е уствари поентата.

    И не, не сме нашле компромис. Туку сум прифатила дека овде јас не сум таа што одлучува. Моите секогаш чувале животни, од пред јас да се родам. Ама не чувале 20. Јас би. Не е тоа компромис, туку почитување на нивното време, трпение и пари потрошени на мене, како возрасна личност.

    А пак ќе кажам, ма слободно судете ме, за мене женава не е психички стабила и и' е потребна сериозна стручна помош, која се надевам дека ќе ја добие.

    За татко и' се надевам дека добие казна и ќе научи дека може да ја испрати у три лепе, а не да ја тепа.

    А за сите вас, не одете во крајности.
    Не е ок, нема да бидете разбирани и освен што сами себе ќе се фрустрирате, нема да смените ништо. Милитантен активизам никогаш нема да вроди со плод. Затоа одамна не сум на марш со Анима Мунди. Дента кога почнаа да мислат дека се попаметни од сите, и добија на сила јачи од судбине, тој ден почнав да го терам активизмот без да малтретирам други.

    Едит: за она што јас знам или не знам, имам другарка дипломец што конобари по дискотеки и е самохрана мајка, и не ни бара друга работа пошто смета дека и' е подоходовна него по струка.
    Братучед ми работи во кујна на фаст фуд, почетна 30 000.
    Јас работев како келнерка за 9 000 одамна.

    Не е само црно.
     
    На Ysera, Alisa22, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Постов ама баш ти нема благе везе. Нормално дека ќе се залагаме за нешо шо доспеало у јавност и на очи на сите.

    Како може да се залагаш за нешто што не го знаеш? Еве јас се залагам за секоја жртва на семејно насилство ама не можам дома да им одам и да знам која жена трпи насилство ако тоа не го пријави или евентуално сподели на соц.мрежи, кога тоа ќе излезе на виделина тогаш ќе праиме муабет.
     
    На lovestoneddd, *Amethyst*, tijanana и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Женски
    Тоа што правела Моника во приватен живот не ја прави повредна или помалку вредна за бранење од насилство.
    Мислам дека тоа што многу луѓе инстантно ја осудија нејзе место тој што ја истепал е баш поради тоа субјективно чувство кога некој ни е одбивен и тежнееме повеќе да го осудуваме за било што, и кога треба и кога не треба.Да беше сосема друга личност , за која се знае дека води пристоен и мирен живот, коментарите со осуда кон нејзе ќе беа сведени на минимум и помалку луѓе ќе ја релативизираа случката.

    Јас немам што да кажам за случајов освен дека доколку е вистина дека е претепана од татко ѝ, тој да си ја добие заслужената казна.

    Нема да коментирам за нејзиниот приватен живот и тоа што го промовира и објавува на социјалните мрежи затоа што е небитно.Навистина, и мене не ми е мила како личност и да, одбивна ми е, но моето чувство за нејзе не треба да влијае на објективната вистина, а тоа е дека била жртва на некој кој ѝ нанел повреди и заслужува да добие правда.
    Афекти, нервози, дисфункционално семејство...навистина, од каде знаеме што им се случува позади затворени врати?Освен некоја површна слика која можеме да ја добиеме поради фактот што вели дека татко ѝ е алкохоличар и нејзиното однесување кое е малку надвор од тоа што е општествено прифатливо, нема место за заклучоци и претпоставки за детали што, како било во нивнава драма.
     
    На lovestoneddd, LovelyGirl3, Different7 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Знаеме за многу жртви, но си молчиме јер “не е наша работа”. Не глумете наивни.
    Сама кажа, доколку е вистина.

    Во врска со вториот болд, другото шо го објавува не е битно, а ова е битно? Со нож да се пресечеме при лупење краставица трчаме по фластер, а таа претепана со дрвен стол ко шо пиша беше доволно свесна да се слика и постави на фб?! Ок, нека ве е*е во здрав мозок.
     
    На SummerGirl, Feminka22 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Јас пак го отворив профилот и видов слики каде она е насмеана и без фластер. Вчера кажуваше дека ќе прави операција на нос денес. Еве на форумов имаме стручни доктори нека кажат дали по операција на нос пациентот може веднаш да го извади фластерот и да се смее?
     
    На Maro87 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Искрено со скршен нос алал да ѝ е како се насмеала за сликите.
    Мене во градинка (ок одамна беше да ) ми ја мавна еден главата од столче и 2 недели попара јадев.
    Кое црно смеење, ништо не можев да правам од што ме болеше.
    Инаку..
    Кај типкава ме нервира што јавно изразува непоштовање према нејзините.
    И јас сум имала проблеми дома, и ја сум јадела шамар ако го навредам татко ми, и мајка ми не секогаш ме бранела, и јас дома ги мачев заради тоа ама НИКОГАШ никогаш јавно не сум ги понижила моите нити пак сум им се обратила со погрден збор.
    А ако нешто ми падна највеќе во очи, ова е тоа
    914E0A27-5E51-46D8-A85B-F336FA604CEB.jpeg
    на шо личи ова? Каква год да е мајка ѝ каков год да е татко ѝ, еве дали еден од вас мисли дека е коректно и нормално ова?
    Ок објави слика, не се срамеше и не се криеше.Но 3-4 поста за ред ги прави нејзините од гомно подоле со речник на 16-17 годишен тинејџер, а не како 32 годишна жена.
    Колку и да е жално што изела ќутек, колку и да е страшно.Со ваквото понашање мислам нема уште долго да биде јагне.
    Јас дома на моите да им кажам било каков погрден збор ќе ми ја залепат една, не па на Фб да ги ругам и цела Македонија да знае што нѝ се случува по дома и да нѐ збори.
    Не е се за во јавност и за пред народ.
    Ако грешам, де кажете
     
    На SummerGirl и Bojana890 им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Женски
    Па искрено не те сфаќам што сакаш да кажеш, дека можеби го излажирала ова или?
    Инаку не е битно претходното во контекст на тоа што не може да се земе како никакво оправдување за тоа што била истепана.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.356
    Допаѓања:
    119.409
    Пол:
    Женски
    Ич стручен немора да си за да знаеш дека одговорот е не :|
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Знам дека е не, ама чисто сакав да посочам дека се пропуштаат многу работи а се вперува прст само кон едно нешто.
     
    На candy.cane, SummerGirl и fana им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Ајде беее... И сега треба да и поверуваме во секоја нејзина приказна. Може татко и се убил за да испадне дека она го убила па после ја измавал.
    А веќе кога има бујна фантазија, може она се лупала во ѕид и си го скршила носот и вилицата. Значи има и друга варијанта, зошто тоа не би било вистина. Го направивте таткото монструм. Којзнае што има проживеано и тој, ништо чудно ова да е нејзино сценарио. Наместо на лекар, таа ќе се слика со раскрварено лице, да сподели со фановите, може ги тагнала и мвр. Наместо да остави надлежните да го решат случајот, таа ќе измислува сценарија дека татко и се мавал во ѕид. Зошто би имала потреба од такво обвинување освен ако нејзината приказна има пропусти.
    Сите запнавте одма со семејно насилство а никој не знаете што се случило. Дури и изјавила дека и мајка и е претепана, што немало врска.
    Има полиција, обвинители, судови, ќе ја решат ситуацијата и дали навистина се работи за "семејно насилство".
     
    На SummerGirl, Sejfullai и СуперДевојка им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.937
    Допаѓања:
    164.008
    После инста профилот и една "прекрасна" слика од интимен однос со дечкото, да оставиме мвр да си завршат работа.
     
    На *Amethyst*, Alisa22, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.669
    Пол:
    Женски
    Ама мора да се искоментира само од нешто што е прочитано. Ако девојка е истепана одма го обвинуваат насилникот. А што ако девојката лаже? Се е можно. А дека мајка и е истепана, не е. Таткото многу не го познавам каков е (од други сум слушнала само пофални зборови за него), а мајка и е прекрасна жена.

    Толку од мене на темава.
     
    На buba4e89 и Abeja им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Дефиниција за шпекулации слабо некако.
     
    На Ketchup и Different7 им се допаѓа ова.